Реализирани МОС испити за наставници

Ноември 21, 2016 во 09:06 ч. | Posted in Uncategorized | Напишете коментар

Сите наставници кои го исполнија условот за следење на курсеви на  Microsoft Educator Network мрежата во предвидениот рок, имаа можност да го полагаат МОС испитот за време на меѓународната конференција Мајкрософт Визија  на 16 и 17 ти Ноември.
Наставниците кои го положија МОС испитот се стекнаа со квалификација Microsoft Office Specialist, која се однесува на зголемување на знаењата, вештините и способностите на наставниците за продуктивно користење на програмите од Microsoft Office пакетот, а со тоа и максимизирање на продуктивноста и ефикасноста во работата и подготовка на учениците за вештините кои ќе им бидат потребни на идното работно место.
Во исто време наставник кој е сертифициран обучувач може да биде ангажиран од тренинг провајдери кои обезбедуваат обуки за  едукатори или образовни лидери за користење на технологија во наставата во државата и странство.

Create a free website or blog at WordPress.com.
Entries и коментари feeds.