Како да аплицирате и станете Мајкрософт Иновативен Експерт Едукатор?

Јули 14, 2016 во 00:53 ч. | Posted in Uncategorized | Напишете коментар

2

Неверојатна можност за сите наставници како да станат дел од светската мрежа на иновативни наставници на Мајкрософт.

Во Microsoft, ние веруваме во моќта на учителот и раководителот на училиштето, и влијанието што може да го имаат кога се соединети и се почитувани според нивните достигнувања.

Microsoft Innovative Educator  (MIE) Expert programme е ексклузивна програма создадена да ги препознае наставниците како глобални визионери кои користат технологија за да го отворат патот на своите врсници во ефикасно користење на технологија за подобро учење и ученички резултати. Успешниот проект што придонесува образованието во Македонија да се развива во една висока технолошка и образовна сфера e всушност Мicrosoft Showcase Schools што спаѓа во рамките на заедничкиот стратешки проект на Владата на Република Македонија, Министерството за информатичко општество и администрација, Министерството за образование и наука во соработка со Microsoft Македонија и TDK компјутери и е познат како Microsoft Showcase Classroom.

MIE Експертите имаат тесна соработка со Microsoft со цел воведување на иновации во образованието. Тие се залагаат и ги споделуваат своите мисли за ефикасно користење на технологијата во образованието со врсниците и креаторите на политиката. Тие обезбедуваат увид за Microsoft за нови производи и средства за едукација, и вршат размена на најдобрите практики со нивната заедничка работа со цел промовирање на иновациите во наставата и учењето.

Прочитајте повеќе за Microsoft Innovative Educator  (MIE) Expert programme.

Номинациите за 2016-2017 сега се отворени!

Пред да го пополните и поднесете формуларот самостојна номинација, ќе треба да извршите две задачи:

Приклучете се на Microsoft Educator community и комплетирајте го вашиот профил. Ќе треба да доставите URL на вашиот јавен профил како дел од процесот на номинација. Можете да го најдете вашиот URL со одење во Уредување на Профилот и посетување на “основни информации”.

Креирај 2 минутен Office Mix, видео или Sway што ќе ги одговори следниве прашања на начин кој креативно го изразува она што Microsoft Innovative Educator Expert всушност го прави. За да споделите Office Mix/Видео/Sway во вашата номинација, ќе треба да објавите некаде, што ќе ви овозможи да создадете URL за да го споделите истото.

  • Зошто се сметате себе си зa Microsoft Innovative Educator Expert?
  • Опишете како сте ги вметнале технологиите на Microsoft на иновативни начини во својата училница. Вклучи факти кои ја покажат вашата иновација.
  • Доколку станете MIE Expert, што мислите какво влијание ќе има на вашата актуелна улога?

Откако ќе ги извршите овие две задачи, пополнете го формуларот за самостојна номинација. Овој формулар за самостојна аплицирање ќе биде отворен до 15-ти јули, 2016 година или пак можете да аплицирате ако го пратите вашиот URL линк на Office Mix, или Sway до Влора Адеми a-vademi@microsoft.com, најкасно до 29 Јули 2016.

Со нетрпение очекуваме да се приклучите на оваа неверојатна програма!

За повеќе информации Ве молиме контактирајте ја Влора Адеми, Менаџер за академските програми на Мајкрософт во Македонија на a-vademi@microsoft.com.  

Innovative Educator Expert program participation

Јули 14, 2016 во 00:43 ч. | Posted in Uncategorized | Напишете коментар

1

Dear Educator,edu

I am emailing you to personally invite you to nominate yourself to join the Microsoft Innovative Educator Expert program for 2016-17.

The MIE Expert program is an exclusive program created to recognize global educator visionaries who are using technology to pave the way for their peers in the effective use of technology for better learning and student outcomes.

MIE Experts work closely with Microsoft to lead innovation in education. They advocate and share their thoughts on effective use of technology in education with peers and policy makers. They provide insight for Microsoft on new products and tools for education, and they exchange best practices as they work together to promote innovation in teaching and learning.  Learn more about the program and apply here: http://aka.ms/mieexpert

Before you fill out and submit the self-nomination form, you will need to complete two tasks:

  1. Join the Microsoft Educator community and completed your profile. You will need to submit the URL to your public profile as a part of the nomination process. You can find your URL by going into Edit Profile and looking under “basic information”.
  2. Create a 2-minute Office Mix, video or Sway that answers the following questions in a manner that creatively expresses what makes you a Microsoft Innovative Educator Expert. To share the Mix/video/Sway in your nomination, you will need to post it somewhere that allows you to create a URL to share it.
    • Why do you consider yourself to be a Microsoft Innovative Educator Expert?
    • Describe how you have incorporated Microsoft technologies in innovative ways in your classroom. Include artifacts that demonstrate your innovation.
    • If you become a MIE-Expert, how do you hope it will impact your current role?

Once you have completed those two tasks, complete the self-nomination form. This form will be open from May 16, 2016 to July 15, 2016 OR send the URL link of your Office Mix or Sway via email to Vlora Ademi (a-vademi@microsoft.com) no later than 29th of July, 2016.

We look forward to having you join this amazing program!

For more information please contact Vlora Ademi at a-vademi@microsoft.com

Мajкрософт на Едуконференцијата во Струга ќе додели ваучери за наставници

Март 25, 2016 во 21:51 ч. | Posted in Uncategorized | 6 Коментари

Ве известуваме дека сите  пријавени учесници на Втората Едуконференција за наставници и информатичари во Струга во периодот од 1-3 Април 2016 год. имаат можност да добијат бесплатен ваучер за да се сертифицираат за MOS-Microsoft Office Specialist  или  MCE Microsoft Certified Educator.

За   да   се  квалификувате   за   добивање на ваучер потребно e да се најавите на новата Мајкрософт мрежа за едукатори  https://education.microsoft.com/   со вашата микрософт, гугл, твитер, скајп или фејсбук сметка  и на брз и едноставен начин да ги пополните основните податоци за вас. Со ова ќе имате директен пристап не само до наставните проекти и стандардни курсеви  кои до сега се нудеа, туку и до огромната база на наставни планови креирани од едукатори од целиот свет со филтер за пребарување според  предмет, возраст, вештини или јазик; ќе можете да учествувате во дискусии со колеги, да се поврзете со гости спикери во училницата, да организирате виртуелни патувања за вашите ученици, да следите курсеви и да заработите значки за сопствениот професионален развој.

Токму оваа можност на едукативната мрежа сакаме да ја искористиме за добивање на ваучерите, за што ќе биде потребно да проследите барем два од понудените курсеви на мрежата (кои носат вкупно 3500 поени). За дополнителна помош можете да го користите следното детално Упатство за зачленување и следење на курсеви.  Вашиот напредок ќе можеме да го идентификуваме според добиените поени, % на проследен дел од курсот или соодветно добиените значки. Потребно е само пред да почнете со следење да се пријавите овде и ќе добиете посебна помош од нас.

Едукаторите кои ќе успеат да го исполнат условот ќе бидат повикани на пленарното излагање на  г-а Влора Адеми, Senior Business Development Manager, Education and Citizenship при Микрософт Македонија, во Конгресната сала во 12:10 часот на 2 Април 2016 год, за да им бидат свечено врачени стекнатите ваучери. Тие потоа ќе можат да одберат да се сертифицираат за:

  • Стекнувањето на официјален MOSсертификат кој се однесува на зголемување на вашите знаења, вештини и способности за продуктивно користење на Microsoft Office програмите Microsoft Word, Excel, PowerPoint,  максимизирање на продуктивноста и ефикасноста во работата и подготовка на учениците за вештините кои ќе им бидат потребни на идното работно место;  или
  • MCE сертификаткој им овозможува на наставниците да ги одберат најдобрите  алатки за интеграција на информатичката и комуникациска технологија (ИКТ) во настава во училница, како дел од рамката на УНЕСКО за ИКТкомпетенции за едукатори.

На овој начин освен што ќе се стекнете со погоре спомeнатите компетенции можете да станете и сертифицирани обучувачи и да бидете ангажирани од тренинг провајдери кои обезбедуваат обуки за  едукатори или образовни лидери за користење на технологија во наставата во државата и странство.

Се надеваме дека што поголем број од вас ќе ја искористат оваа несекојдневна можност која ви се нуди како учесници на Едуконференцијата, преку која можете бесплатно да го надградите вашиот професионален развој и во континуитет да користите неограничени наставни ресурси. За сите потребни информации слободно обратете се на pilmacedonia@live.com.

Ве очекувамe

 

 

Придружете ни се и проследете го E2 настанот во живо!

Март 8, 2016 во 09:41 ч. | Posted in Uncategorized | Напишете коментар

e2

Почитувани МИЕ Експерти,

Ни претставува огромна чест и задоволство да го најавиме престојниот настан E2-Размена на Едукатори во Будимпешта, Унгарија, каде ќе се одбележи една исклучително успешна година на иновации и соработка во нашата МИЕ Заедница.

За прв пат досега им отвараме врати и воедно ги покануваме сите едукатори да ни се придружат на настанот во живо Ден 2. Останете инспирирани за годината што претстои пред вас со говорот на Anthony Salcito и Stephen Reid, и научете практични “хакови од училница”. Бидете во тек и за објавувањето на Поучувачка активност за кое може секој виртуелно да учествува.

Поканети се сите МИЕ Експерти и Ве охрабруваме да ја споделете оваа вест со сите блиски едукатори. Во прилог ќе имате можност да се поврзете со други едукатори за време на настанот со помош на нашата алатка за разговор.

Регистрирајте се овде, за да го проследете настанот!

Со почит,

Влора Адеми

Програмски менаџер за образование, Мајкрософт Македонија

Декември 25, 2015 во 12:33 ч. | Posted in Uncategorized | Напишете коментар

Happy_Holidays.jpg

Покана за подготовка и организација на Hour of Code

Ноември 25, 2015 во 07:44 ч. | Posted in Uncategorized | Напишете коментар

HoC 1

Почитувани наставници,

Со задоволство Ви најавуваме дека Мајкрософт во соработка со Code.org го вклучи Minecraft во Hour of Code!

Minecraft Hour of Code туторијалот има за цел да поттикне милиони млади луѓе да се вклучат на час со кодирање како дел од Неделата на програмирањето (Computer Science Education Week) од 7 до 13 декември. Новиот туторијал кој сега е достапен на code.org/mc ги воведува учесниците во основите на програмирањето преку забавни и веќе познати активности. Креиран од страна на дизајнерите на играта Minecraft и Code.org, туторијалот ги вклучува карактерите и предизвиците инспирирани од играта Minecraft позната на повеќе од 100 милиони играчи од цел свет.

Еден од начините на кои можеме да придонесеме за образованието, е поддршка на секој ученик на планетата во развивање на вештините од 21 век. Технологијата стана интегрален дел од секојдневието на луѓето, при што се зголемува интересот на учениците, родителите, наставниците, владините и невладините организации, младите да не учат само како да користат технологија, туку креирајќи со помош на технологијата да станат иноватори и движечка сила на развојот и можностите во своите средини. Изучувањето на програмирањето и кодирањето помага при развивање на вештините за критичко мислење и решавање проблемски ситуации со што се зајакнуваат способностите за вклучување на пазарот на трудот.

Мајкрософт Македонија се придружува на оваа кампања преку организација на Hour of Code активности во училиштата!

Ги каниме сите иновативни наставници од основните и средните училишта да се вклучат во овогодинешната кампања и да организираат Hour of Code во својата училница, во своето училиште или на било кое друго место во заедницата. 

Активностите треба да бидат поврзани со концептите на кодирање и програмирање за што подетално може да се информирате на следниот линк.

Наставниците кои сакаат да учествуваат мора да го пријават својот настан најдоцна до 6 декември.

Подготвени се три Power Point презентации (според возраста на учениците, одделенска, предметна и средно образование) кои ќе Ви послужат како насоки за организирање и спроведување на Hour of Code.

Ги охрабруваме наставниците кои ќе пријават организација на Hour of Code, да ја покажат својата креативност преку организирање оригинални активности за усвојување на концептот на кодирање и програмирање, да ја поттикнат тимската работа на учениците и да покажат дека преку активностите за кодирање на интересен начин може да се постигнат цели од различни наставни предмети.

По организирање на Hour of Code споделете го искуството и активностите од настанот со нас со пополнување на следниот формулар и испраќање на следната меил адреса: pilmacedonia@live.com .

За наставниците кои ќе подготват и организираат најкреативни активности за Hour of Code, Мајкрософт Македонија подготви вредни награди!

Hoc 2

Следна страница »

Blog at WordPress.com. | The Pool Theme.
Entries and коментари feeds.

Следи

Get every new post delivered to your Inbox.

Join 694 other followers