Покана за Втор Microsoft Иновативен форум за наставници

Февруари 22, 2011 во 08:29 ч. | Posted in Uncategorized | Напишете коментар

Почитувани наставници,

Ни претставува чест и задоволство да Ве поканиме на вториот Microsoft Innovative Forum за наставници кој ќе се одржи на 3 март 2011 со почеток во 10 часот во хотелот Holiday Inn во Скопје.

Поради ограниченоста на просторот Ве молиме да присуствуваат само наставникот – носител на проектот и еден наставник без присуство на ученици.

Настанот ќе биде организиран во форма на изложба – секј наставник  носител на проектот ќе добие маса на која што ќе може да изложи свои изработки од проектот (може да земат лаптоп, ЛЦД, најразлични постери, слики, беџови и друг пропратен материјал кои што ќе ви помогнат подобро да го претставите вашиот проект).

За да може да се подготвите на време за изложбата Ве нолиме сите да бидете присутни во Holiday Inn во 9 часот.

Со почит,
Тимот на УСАИД/ПЕП и Мicrosoft

Официјалната покана и агенда можете да ја преземете тука.

Втор форум на иновативни наставници – ВАЖНО СООПШТЕНИЕ

Февруари 14, 2011 во 10:40 ч. | Posted in Uncategorized | Напишете коментар

Почитувани наставници и учесници во Вториот  Microsoft форум на иновативни наставници, дозволете ни најпрвин да го изразиме нашето задоволство од бројот и квалитетот на пристигнатите задачи за овогодинешниот натпревар. Со ова соопштение сакаме да ве известиме дека сите задачи  се примени и веќе се врши нивно оценување.

 

Во врска со самиот настан, ве информираме дека истиот ќе се одржи на 3 ти март 2011 година во хотелот „Холидеј Ин“ во Скопје. Во овој период работиме на додефинирање на агендата на самиот настан и истата ќе ви биде испратена веднаш откако ќе биде дефинитивна.

 

Исто така Ве известуваме дека за да може да учествувате во овој, како и во следните настани организирани од Microsoft во Македонија, задолжително е да се зачлените во мрежата на Иновативни наставници. Тоа може да го направите со посета на https://pilmacedonia.wordpress.com/ и оставање на својата е-маил адреса во полето „Преијавете е-маил“. Доколку ова веќе еднаш сте го направиле, Ви благодариме и нема потреба да преземате ништо во врска со тоа.

Уште еднаш честитки до сите учесници и нека победи најдобриот.

 

Важно соопштение!

Февруари 5, 2011 во 00:59 ч. | Posted in Uncategorized | Напишете коментар

Почитувани,
Ја користиме оваа прилика и простор да објавиме едно важно соопштение поврзано со „Втората кампања за безбедност на децата на интернет“ организирана од Microsoft во Македонија, во соработка со УНИЦЕФ и Британски совет. Имено, целна група на овој форум и поканети слушатели се исклучително наставници и луѓе вклучени во образовниот процес.
Со најдобра намера оваа покана да стигне до колку што е можно повеќе претставници на таа професија, дел од поканите завршија и кај ученици и студенти кои за жал не се таргет група на ова  случување и на истите им се извинуваме за тоа. Секако ги охрабруваме да продолжат да го посетуваат официјалниот блог на „Партнери во учењето“ каде што во иднина ќе бидат објавени информации за настани и случувања кои ќе се однесуваат токму на нив.

Со почит,
Програма „Партнери во учењето“

Втора кампања за безбедност на децата на интернет

Февруари 1, 2011 во 21:14 ч. | Posted in Uncategorized | Напишете коментар

Почитувани,

Ни претставува чест и задоволство да Ве поканиме да присуствувате на Втората кампања за безбедност на децата на интернет, организирана од Microsoft во Македонија, во соработка со Британски совет и УНИЦЕФ.

И оваа година, главниот фокус на овој настан ќе биде организирање на образовен форум, кој е во контекст со Европскиот ден за побезбеден интернет. Со ова сакаме да го привлечеме вниманието на пошироката јавност и да истакнеме колку е важна безбедноста на децата на интернет, а истовремено и да ја зголемиме свесноста за улогата на наставниците, родителите и околината воопшто кога станува збор за оваа тема.

За подетални информации Ве молиме Преземете ја и разгледајте ја официјалната Покана и агенда.

Доколку сакате да присуствувате, или пак да назначите некој кој би присуствувал на овој настан, Ве молиме контактирајте го претставникот на официјалната канцеларија на Microsoft, Влора Адеми, преку е-маил порака на pilmacedonia@live.com или на телефон 02 3067 989. Ве молиме вашето присуство да го потврдите до 4 февруари 2011 година бидејќи бројот на метата е ограничен.

Blog at WordPress.com.
Entries и коментари feeds.