МАКЕДОНСКИТЕ НАСТАВНИЦИ ПРЕДАВАЧИ ВО СЛОВЕНИЈА!

Април 16, 2014 во 00:16 ч. | Posted in Uncategorized | Напишете коментар

IMG_0293IMG_0276_edited_editedIMG_0279

На 09-ти Април, во градот Блед во Словенија тројца Македонски најиновативни наставници експерти беа предавачи на најголемата Образовна Мicrosoft Конференција. Добри Јовевски, Дарко Талески и Сатки Исмаили се наставниците кои украдоа воздишки, честитки и многу бројни комплименти од Словенските наставници кои беа слушатели на презентациите на македонските наставници. На оваа конференција презентираа и Влора Адеми Менаџер на Академските програми на Microsoft Македонија и Косово и Адријана Селмани Асистент на Програмата Партнери во Учењето во Microsoft Македонија и Косово.

Овој настан е еден од најголемите настани кои се оддржуваат во Словенија, NT Конференција (http://www.ntk.si/) , над 120 клучни носители на одлуки беа присутни на оваа конференција. Целта на овој настан беше да се поттикне иновацијата, да се презентираат образовни програми на Мicrosoft и да се промовираат Наставниците Експерти како и да се промовира програмата Наставник Експерт. Македонските наставници беа поканети на оваа конференција затоа што се претставници на најврвните наставници екперти во целиот свет, за да им покажат на сите наставници и сите вклучени во образовниот процес како преку технологијата и Мicrosoft aлатките го променија начинот на учењетo и придонесоа во подобрувањето на образовниот процес.

Во Словенија наставниците покажаа интерес и за понатамошна соработка а исто така нашиот тим креираше и група за дискусии на мрежата на Партнери во Учењето http://www.pil-network.com/Discussion/6eb82a07-b727-4994-b9af-f861e53f671c каде што ќе се поврземе споделуваме идеи, соработуваме како и да разменуваме искуства со наставниците од Словенија.

Еве што нашите наставници експерти кажаа за овој настан:

Добри Јовевски

“Да се биде дел од една ваква конференција за мене претставуваше задоволство и предизвик. На конференцијата имав можност да презентирам добри образовни практики од Македонија, наставни активности кои ние, наставниците ги практикуваме во секојдневната училишна работа. За учесниците на конференцијата беше интересен едукативниот софтвер Jumpido со интересни едукативни содржини по математика за основно образование. Во делот за паузите секој наставник имаше можност да проба во Kinect аголот како со помош на Kinect работи овој образовен софтвер. Искуствата во организирањето на Вебинарите за наставниците од Македонија исто така беа дел од мојата презентација. Колегите од Словенија ги запознав за придобивките од он-лајн обуките што ги реализиравме кај нас. Овој настан го искористивме и да направиме план за понатамошна соработка преку проектни активности со наставниците од Словенија. Голема благодарност до Microsoft in Education, Г-ѓа. Влора Адеми која ме покани да бидам дел од конференцијата и Адријана Селмани за целокупната поддршка која ни ја пружи во текот на Конференцијата како и во другите активности.”

Дарко Талески

“Претставуваше вистинско задоволство што неколку наствници од Македонија бевме дел од најголемата ИТ конференција на Мајкрософт во Словенија. Особено што ја имавме можноста да ги пренесиме нашите практични искуства, одличната соработка со Мајкрософт Македонија како и нашите достигнувања во светски рамки. Имав можност да ја презентирам мојата неколкугодишна соработка со Мајкрософт која беше навистина плодна и успешна. Заеднички постигнатиот успех преку училишните проекти кои беа наградени на последните Глобални Форуми на мајкрософт “Fun, education, stop motion animation” и “This is my voice” им беа презентирани како примери за добра практика и како модели на активно учење на учениците. Целта беше да се прикажат различните начини на примена на Мајкрософт алатките во процесот на учење и како на добар начин да се направи спој меѓу наставните програми од различни наставни предмети и технологијата. Позитивниот впечаток кој го оставивме ни ги отвори вратите за идна соработка на заеднички проекти со наставници од Словенија преку заедничко поврзување на мрежата на Мајкрософт партнери во учењето.”

Сатки Исмаили

“Конференцијата беше исклучителна, ги надмина моите очекувања и навистина сум пријатно изненаден. Воодушевен сум од гостопримството на домаќинката, менаџерката на канцеларијата на Microsoft во Словенија Марина Дражетиќ, која придонесе организацијата и текот на конференијата да бидат во највисоко ниво, како и на реализација на сите детали во целост. Чувството да си наставник- учесник од Република Македонија во Microsoft NT Konferenca беше навистина многу голема. Благодарение на целата заложба на менаџерот на Microsoft во Македонија г-ѓа Влора Адеми, која навистина е промотор на сите активности кои се поврзани со употребата на технологијата во настава со посебен акцент вклучување на наставниците на регионот и пошироко во Глобалната Мрежа на Партнери во Учењето. Домаќините се воодушевија од постигањата и успесите на наставниците од Македонија во Европски и Светски рамки. Покажавме дека многу земји можаат да ни завидат на начинот како ги применуваме разните програми, платформи и апликации на Microsoft во наставата, покажувајќи ги компјутерско-комуникацијските вештини како неопходни за наставата на 21 век.”

Горди сме што во Македонија навремено се препознаени квалитетите на сите наставници, но уште поголемо е задоволството што од година до година се раѓаат се повеќе квалитетни и иновативни наставници. Тимот на Мicrosoft in Education во Македонија им се заблагодарува уште еднаш на наставниците за прекрасните презентации и за учеството во оваа Конференција, а истовремено сакаме да и се заблагодариме на Г-ѓа Влора Адеми која дено-ноќно работи за да го подобри образовниот процес во Македонија преку Microsoft технологиите.

Со почит,

Мicrosoft in Education

IMG_0305

Microsoft NGO Connection Day – Ftesë për pjesëmarrje

Април 15, 2014 во 15:37 ч. | Posted in Uncategorized | Напишете коментар

ms ngo

Të nderuar,

Zyra lokale e Microsoft për Kosovë dhe Maqedoni së bashku me OJQ LENS dhe Fondacionin Metamorfozis, organizojnë ditën e kushtuar sektorit të OJQ-ve “Bëhu nismëtar i ndryshimeve”. Takimi do të mbahet më 17 Prill në hapësirat e qendrës së konferencave ORION (ish Lesna, përballë kinos ABC), me fillim në orën 10.

Microsoft NGO Connection Day ju kushtohet organizatave të shoqërisë civile dhe do t’u mundësojë atyre që t’i përmirësojnë shkathtësitë e tyre të TIK-ut nëpërmjet programeve interaktive, por edhe të mësojnë më shumë për shfrytëzimin e mundësive që i ofron Microsoft nëpërmjet programit Youth Spark dhe aplikacioneve për sajber-grante (grante për softuer të licencuar falas).

Pjesëmarrësit do të kenë mundësi të diskutojnë rreth përdorimit të teknologjisë dhe rrjeteve sociale për arritjen e prezencës më të mire në internet dhe që të ju shërbejnë më mirë qytetarëve.

Për të marr pjesë në këtë takim, ju lutemi dërgoni një e-mail me emrin dhe organizatën tuaj në: info@ngolens.org

Në vazhdim gjendet agjenda e ngjarjes:

  • 10.00-10.15 Hapja e ngjarjes [Stefan Pllavjanski, menaxher gjenerali Microsoft për Maqedoni dhe Kosovë, Driton Zhubi nga OJQ Lens, Bardhyl Jashari, drejtor i fondacionit Metamorfozis]
  • 10.15-10.45 Fjalim hyrës: Si mund të kenë dobi organizatat jo qeveritare nga teknologjitë e reja [Merxhan Emini, programmer/web developer në fondacionin Metamorfozis]
  • 10.45-11.15 Krijojmë ndikime të vërteta për të nesërme më të mirë: Microsoft Youth Spark. Prezantimi i Programit të Microsoft-it për dhurim të softuerit [Vlora Ademi, menaxhere programore për arsim në Microsoft për Maqedoni dhe Kosovë]
  • 11.15-11.30 Pauzë për kafe
  • 11.45-12.30 Mediat sociale në dobi të shoqërisë [Gjergj Filipaj, gazetar dhe blogger ]
  • 12.30-13.15  Komente përmbyllëse
  • 13.15-13.45 Koktej-drekë

Për organizatat jashtë Prishtinës harxhimet e rrugës do të kompensohen për një përfaqësues.

Ju qëndrojmë në dispozicion për pyetje dhe informata shtesë.

Me respekt,

OJQ Lens

Tel.: +381 38 748 150

http://www.ngolens.org/ twitter: @ngolens   facebook: https://www.facebook.com/ngolens

Работилница за правата од интелектуална сопственост!

Април 4, 2014 во 12:52 ч. | Posted in Uncategorized | 2 Коментари

amcham foto

Почитувани,

Американската стопанска комора во Македонија (АмЧам Македонија) во текот на 2013 година со финансиски средства од Амбасадата на САД во Република Македонија преведе две публикации „Пронајдоци и патенти“ и „Уметноста и авторското право“ на македонски и албански јазик, од Светската организација за интелектуална сопственост (World Intellectual Property Organization – WIPO). Публикациите се наменети за деца на возраст од 11-14 години. По препорака на Бирото за развој на образованието, а со одобрениe од Министерството за образование и наука двете публикации можат да се користат како дополнителна литература во текот на наставата во основните училишта.
Поради ова, АмЧам Македонија планира да организира еднодневна работилница за подетално да ги запознае наставниците со поимите од интелектуална сопственост и со содржината на преведените публикации. За време на работилницата ќе бидат ангажирани стручни лица од компаниите членки на АмЧам Македонија кои имаат одлично познавање на поимите од оваа област, а кои ќе учествуваат во работните групи и ќе им помагаат на учесниците.

Настанот ќе се одржи на 25 април 2014 година од 09:30 до 14:30 часот, во М6 Едукативниот Центар (во н. Автокоманда). Крајниот рок за пријавување е 17 април 2014 година на телефонскиот број 3216 714 или на емаил: communication@amcham.com.mk.
Само претходно регистрирани учесници имаат право да присуствуваат на настанот.
На настанот ги покануваме предметните наставници кои покажале интерес за примена на темите од интелектуална сопственост во своите предавања особено наставниците по следниве предмети: информатика, музичко, ликовно, етика како и наставниците кои се одговорни за наставните активности по предметите бизнис и претприемништво. При номинирањето на наставници Ве молиме имајте предвид да бидат опфатени повеќе различни предмети.

Бројот на учесници е ограничен, поради ова при регистрирањето на учесници ќе го примениме правилото „Прв пријавен, прв регистриран“.

Во прилог Ви ја доставуваме и Агендата за настанот.

Срдечен поздрав,
Мишел Османли
Извршен директор

Кликнете на Агенда за да ја превземете Агендата.

Македонски наставници освоија прво место на Светскиот образовен натпревар на Мајкрософт во Барселона!!!

Април 2, 2014 во 00:09 ч. | Posted in Uncategorized | 1 Коментар

IMG_9413

Инвестирањето во технологијата е еден од најдобрите начини да се подобри и унапреди образовниот процес.

Во конкуренција од над 1100 учесници од 97 земји, двајца македонски наставници го освоија првото место на глобалниот едукативен натпревар на Мајкрософт, кој се одржа од 11-14 март во Барселона. Дарко Талески и Софија Грабулоска се наставниците од Македонија кои ги споделија своите иновативни идеи за тоа како технологијата да помогне во образовниот процес и беа прогласени за најуспешни во категоријата „Collaboration“. Покрај нив, на овогодинешниот 9-ти Глобален едукативен натпревар во организација на Мајкросфт, учество зема и Весела Богдановиќ – овогодишен победник на македонскиот државен натпревар од вкупно 186 проекти кои конкурираа на програмата Microsoft Educator Expert

Горди сме на наградата со која се закитија нашите професори. Нивната креативност и упорност, дополнително не охрабрува и понатаму да ги поддржуваме сите идеи со помош на кои технологијата ќе го помогне и подобри процесот на едукација. Мајкрософт на глобално ниво во полето на образованието инвестираше над 750 милиони долари во изминатите 10 години, а ние како локална канцеларија веќе 4 години сме посветени на нашата стратегија за инвестирање во Мајкрософт програми во образованието и склучување на други форми на државни и јавни партнерства, за што досега вложивме над половина милион долари.

Во таа насока, Мајкрософт во Македонија бесплатно ја нуди и својата Office 365 cloud базирана платформа за колаборација и зголемување на продуктивноста во работењето на сите образовни институции. Уште пред две години, обезбедивме бесплатни e-mail и календар (Live@Edu) за средношколците и студентите, а сега е планирано проширување на оваа програма со тоа што на сите нив ќе им се овозможи бесплатно користење на сите алатки за продуктивност, колаборација и комуникација од пакетот Office 365. За реализација на овој потфат веќе доставен и формален предлог до Министерството за Образование и Наука на Република Македонија и очекуваме дека со Министерството наскоро ќе го потпишеме Договорот за соработка за реализација на овој проект “, изјави Стефан Плавјански,генералниот директор на Мајкрософт за Македонија.

„ Со години Microsoft преку своите програми за образование, блиску е поврзан со сите учесници во образовниот процес  пружаjќи константна помош во процесот  на прифаќање и користење на нови пристапи во образованието, пред се преку користење на технологијата со чија помош кај учениците поефективно се развиваат т.н. вештини од 21-от век. Напорот се исплатеше. Победата која ја постигнавме на глобалниот форум, кој на едно место ги собра глобалните лидери во оваа област, ја покажа агилноста и посветеноста на нашите наставници кои направија навистина многу во процесот на внесување иновации во предавањата, како и  ефективна примена на технологијата во процесот на учење. Да бидам искрена, јас лично сум многу горда што ја имав таа прилика да ги идентификувам овие наставници-херои, да ги поддржувам и заедно со нив да ги претставиме нашите најдобри наставни техники и практики на глобално ниво. Сега е од исклучителна важност ова знаење и искуство да го примениме на национално ниво, да го подигнеме нивото на работа на наставниците и целата образовна заедница и со помош на владините институции да ја започнеме оваа промена со која ќе бидеме препознаени како земја лидер во пошироки рамки “, изјави Влора Адеми,менаџер на академските прогрaми на Мајкрософт за Македонија

Овој светски настан беше исклучителна можност за споделување на мноштво иновациии и знаења од областа на образованието, а беа презентирани 260 проекти од 90 земји ширум светот. Проектот со кој ние ја претставивме нашата земја носи наслов „Ова е мој глас“ и беше причина името на нашата држава да биде испишано на гала вечерта на доделувањето на престижните награди,во конкуренција на најголем број проекти досега презентирани на овој форум. Долготрајната работа, љубовта и посветеноста кон професијата, слободата и мотивираноста за сопствено креативно изразување на нашите ученици беа главниот носител на оваа заедничка победа за нас како наставници и ученици од Македонија. Радосен сум што овие наши заложби беа потврдени и наградени на единствениот настан за иновации во образованието во светски рамки” – изјави Дарко Талески, еден од двајцата наградени наставници.

Целта на овој форум е споделување на најдобрите образовни пракси, размена на искуства и оддавање признание на најинвентивните училишни лидери и наставници, кои на најдобар начин преку технологијата им помагаат на учениците да го остварат својот потенцијал.

За мала земја како Македонија, која заостанува со економскиот развиток, образованието е една од клучните алки во развојот и подобрувањето на општествениот статус. Токму професорите со својата особено важна улога во процесот на правилно насочување и образување на децата можат многу да помогнат, и токму поради тоа Мајкросфт и понатаму ќе остане доследен на својата определба да биде поттикнувач на позитивни процеси во општеството.

Македонија досега учествуваше на Светскиот натпревар со проектите„Бабини игри“ и „Stop Motion Animation“ – кои беа наградени на европските и светските натпревари на Мicrosoft во 2010, 2011 и 2012 год, што е показател за тоа дека и Македонија поседува високо квалитетни наставници со големи амбиции, креативност и знаења.

Еве како Медиумите ја споделија оваа прекрасна вест: http://www.time.mk/c/3a8501204d/prvo-mesto-osvoija-makedonski-nastavnici-na-svetskiot-natprevar-na-majkrosoft.html

Ви благодариме што сте дел на Microsoft in Education. Останете и понатаму со нас и следете ги сите настани и објави.

Со почит,

Мicrosoft in Education

ПОКАНА: Ден на Мајкрософт посветен на НВО секторот „Бидете иницијатор на промени”

Март 18, 2014 во 14:17 ч. | Posted in Uncategorized | 2 Коментари

ngo connection day

Почитувани,

Локалната канцеларија на Мајкрософт Македонија заедно со Фондацијата Метаморфозис го организираат  денот на Мајкрософт посветен на НВО секторот „Бидете иницијатор на промени“. Настанот ќе се одржи на 20 март во просториите на Скопски саем, Дипломатик сала со почеток од 10 часот.

Денот на Мајкрософт посветен на НВО секторот ќе им овозможи на претставниците на граѓанскиот сектор преку интерактивна програма да ги подобрат своите ИКТ вештини, но и да дознаат повеќе за употребата и можностите кои ги нуди Мајкрософт преку програмата Youthspark и апликациите за Сајбер грантови. Присутните претставници на граѓанскиот сектор ќе имаат можност и да дискутираат околу употребата на технологијата и социјалните мрежи за постигнување на подобро онлајн присуство и достапност до граѓаните.

За учество Ве молиме пополнете го следниот формулар.

Во продолжение следува агенда на настанот:

10.00-10.15 Отворање на настанот [Стефан Плавјански, генерален менаџер на Мајкрософт Македонија и Косово, и Бардил Јашари, директор на Фондацијата Метаморфозис]
10.15-10.45 Воведно обраќање: Како невладините организации можат да имаат корист од новите технологии [Елена Игнатова, проектен координатор во фондацијата Метаморфозис]
10.45-11.15 Создаваме вистински влијанија за подобро утре: Microsoft YouthSpark. Презентација на Програмата на Microsoft за донирање софтвер  [Влора Адеми,  програмски менаџер за образование во Мајкрософт Македонија и Косово]
11.15-11.45 Кафе пауза
11.45-12.30 Друштвени медиуми за општествена полза [Тамара Ресавска, проектен координатор во фондацијата Метаморфозис]
12.30-13.15 Технологија за НВОи: Соработка преку интернет [Јовче Пластиновски, косултант, Microsoft Consulting Services]
13.15-13.30 Завршни коментари
13.30-14.30 Ручек

Патните трошоци ќе бидат надоместени за еден претставник по организација, а во висина на повратна автобуска карта.

За дополнителни прашања и информации контакт лице:

Елена Игнатова
Проектен координатор во фондацијата Метаморфозис

Телефон: +389 2 3109 325
Мобилен: +389 75 495 307
skype: elena_ignatova
twitter: @ieli

Maqedonia dhe Kosova marrin pjesë në Garën Edukative Botërore organizuar nga ana e Microsoft!

Март 8, 2014 во 12:21 ч. | Posted in Uncategorized | Напишете коментар

header

Investimi në teknologji është një nga mënyrat më të mira për përparimin dhe përmirësimin e procesit arsimor

Maqedonia dhe Kosova marrin pjesë në Garën Edukative Botërore organizuar nga ana e  Microsoft!

Që të mirënjihen dhe shpërblehen arritjet e mësimdhënësve dhe liderëve inovativ, të cilët në mënyrën më të përkryer përmes teknologjisë ju ndihmojnë nxënësve që të realizojnë potencijalet e tyre, me datë 11-14 Mars 2014 në Barcelonë, në Spanjë do të mbahet Gara Edukative Botërore e organizuar nga ana e Microsoft. Kjo olimpijadë arsimore organizohet për herën e nëntë nga ana e Microsoft, ndërsa arsimtarët përsëri do të inkurajohen të zhvillohen profesionalisht, ti shkëmbejnë idetë e tyre si dhe të shpërblehen për punën e tyre.

Në Garën e sivjetëshme Botërore do të marrin pjesë më shumë se 1.100 pjesëmarrës nga 97 shtete, nga të cilat mbi 150 Organizata joqeveritare dhe liderë arsimor, mbi 300 liderë të shkollave, mbi 250 arsimtarë si dhe shumë pjesëmarrës të tjerë.

Maqedoninë në këtë forum do ta përfaqësojnë 3 arsimtarët ekspertë më inovativ: Vesela Bogdanovikj – (fituesja e sivjetshme e garës kombëtare nga gjithsej 186 projekte konkuruese në Programin Microsoft Educator Expert) dhe Darko Taleski me Sofija Grabuloska (fitues të Forumit Botëror të Microsoft të vitit 2012). Republikën e Kosovës në Garën Botërore do ta përfaqëson mësuesja Zana Kurtishi – Rudi, me projektin “Teaching through Technician Club”.

Maqedonia deri më tani ka marë pjesë në Garat Botërore me projektet “Grandma Games” dhe „Stop Motion Animation“ – të cilat ishin të shpërblyera në nivel Europian dhe Botëror në vitin 2010, 2011 dhe 2012, poashtu në Garat Europiane të Microsoft të vitit 2012 edhe Kosova u shpërblye me çmimin e tretë për projektin “Të argëtohemi me thyesa” në nivelin Europian, gjë që tregon se Maqedonia dhe Kosova posedojnë arsimtarë me kualitete të larta, ambicie të mëdha, kreativitet dhe dituri.

Ish Ministri i Arsimit Z. Pançe Kralev është pjesë e komisionit vlerësues të cilët do ti përzgjedhin 250 projektet më të mira nga 15.000 aplikime.

Ne në Microsoft besojmë se teknologjia vetëvetiu nuk mund ti formon shkathtësitë e shekullit 21 tek nxënësit. Teknologjia është një akcelator dhe vetëvetiu nuk mundëson ndryshime. Ne besojmë në fuqinë e arsimtarëve, në ndikimin që ata kanë kur bashkëpunojnë në mes veti posaçërisht kur shpërblehen për arritjet e tyre. Për atë qëllim, zyra lokale e Microsoft për 5 vite me rradhë fuqishëm i përkrahë arsimtarët e motivuar, ata të cilët kanë pasion për karrierën e tyre, ata të cilët i frymëzojnë nxënësit të mendojnë lirshëm dhe të bashkëpunojnë, po në këtë mënyrë ata sjellin ndryshime të rëndësishme në procesin e mësimit. Arsimtarët nga Maqedonia dhe Kosova janë të mirënjohur si krijues të ndryshimeve prandaj ata sjellën fitore në garat europiane.  Unë jam e bindur se edhe këtë vit do të jemi të mirënjohur  nga kjo garë por detyra jonë më e vështirë është se si të gjitha këto praktika të mira të mund të realizohen dhe pozitivisht të kenë ndikim në gjithë arsimin kosovar.” – Deklaroi Vlora Ademi – Udhëheqëse e Programeve Akademike në Microsoft Kosovë dhe Maqedoni.

Sipas drejtorit Gjeneral të Microsoft në Maqedoni dhe Kosovë, Z.Stefan Pllavjanski, investimi në procesin arsimor është shumë me rëndësi për një shtet, megjithatë TIK-u mund të ndihmon që mësimi të praktikohet në mënyrë kreative dhe të thjeshtë, me atë që do të inkurajojë fëmijët të kënaqen gjatë procesit të mësimit.

Microsoft mundësoi që online të ndiqni Forumin Botëror, nëpërmjet Facebook linkut http://on.fb.me/1fgqT6B ku do të publikohen fotografi të evenimentit, video si dhe shumë risi të tjera ekskluzive.

footer2

Следна страница »

Blog at WordPress.com. | Тема: Pool од Borja Fernandez.
Entries and коментари канали.

Следи

Get every new post delivered to your Inbox.

Join 647 other followers