Мajкрософт на Едуконференцијата во Струга ќе додели ваучери за наставници

Март 25, 2016 во 21:51 ч. | Posted in Uncategorized | 6 Коментари

Ве известуваме дека сите  пријавени учесници на Втората Едуконференција за наставници и информатичари во Струга во периодот од 1-3 Април 2016 год. имаат можност да добијат бесплатен ваучер за да се сертифицираат за MOS-Microsoft Office Specialist  или  MCE Microsoft Certified Educator.

За   да   се  квалификувате   за   добивање на ваучер потребно e да се најавите на новата Мајкрософт мрежа за едукатори  https://education.microsoft.com/   со вашата микрософт, гугл, твитер, скајп или фејсбук сметка  и на брз и едноставен начин да ги пополните основните податоци за вас. Со ова ќе имате директен пристап не само до наставните проекти и стандардни курсеви  кои до сега се нудеа, туку и до огромната база на наставни планови креирани од едукатори од целиот свет со филтер за пребарување според  предмет, возраст, вештини или јазик; ќе можете да учествувате во дискусии со колеги, да се поврзете со гости спикери во училницата, да организирате виртуелни патувања за вашите ученици, да следите курсеви и да заработите значки за сопствениот професионален развој.

Токму оваа можност на едукативната мрежа сакаме да ја искористиме за добивање на ваучерите, за што ќе биде потребно да проследите барем два од понудените курсеви на мрежата (кои носат вкупно 3500 поени). За дополнителна помош можете да го користите следното детално Упатство за зачленување и следење на курсеви.  Вашиот напредок ќе можеме да го идентификуваме според добиените поени, % на проследен дел од курсот или соодветно добиените значки. Потребно е само пред да почнете со следење да се пријавите овде и ќе добиете посебна помош од нас.

Едукаторите кои ќе успеат да го исполнат условот ќе бидат повикани на пленарното излагање на  г-а Влора Адеми, Senior Business Development Manager, Education and Citizenship при Микрософт Македонија, во Конгресната сала во 12:10 часот на 2 Април 2016 год, за да им бидат свечено врачени стекнатите ваучери. Тие потоа ќе можат да одберат да се сертифицираат за:

  • Стекнувањето на официјален MOSсертификат кој се однесува на зголемување на вашите знаења, вештини и способности за продуктивно користење на Microsoft Office програмите Microsoft Word, Excel, PowerPoint,  максимизирање на продуктивноста и ефикасноста во работата и подготовка на учениците за вештините кои ќе им бидат потребни на идното работно место;  или
  • MCE сертификаткој им овозможува на наставниците да ги одберат најдобрите  алатки за интеграција на информатичката и комуникациска технологија (ИКТ) во настава во училница, како дел од рамката на УНЕСКО за ИКТкомпетенции за едукатори.

На овој начин освен што ќе се стекнете со погоре спомeнатите компетенции можете да станете и сертифицирани обучувачи и да бидете ангажирани од тренинг провајдери кои обезбедуваат обуки за  едукатори или образовни лидери за користење на технологија во наставата во државата и странство.

Се надеваме дека што поголем број од вас ќе ја искористат оваа несекојдневна можност која ви се нуди како учесници на Едуконференцијата, преку која можете бесплатно да го надградите вашиот професионален развој и во континуитет да користите неограничени наставни ресурси. За сите потребни информации слободно обратете се на pilmacedonia@live.com.

Ве очекувамe

 

 

6 Коментари »

RSS feed for comments on this post. TrackBack URI

  1. BlagodaramSum prijavena, na stranicata https://account.live.com/SummaryPage.aspxima nekoj mal problem mi se cini https e preskrtan del , toa sto bo=i bilo?Pozdrav Violeta Panev —-Првичната порака—- Од: comment-reply@wordpress.com Датум: 25/03/2016 21:52 До: Наслов: [New post] Микрософт на претстојната сесија на Едуконференцијата во Струга ќе додели ваучери

    pilmacedonia posted: “Ве известуваме дека сите пријавени учесници на Втората Едуконференција за наставници и информатичари во Струга во периодот од 1-3 Април 2016 год. имаат можност да добијат бесплатен ваучер за да се сертифицираат за MOS-Microsoft Office Specialist или MCE-“

  2. jas se vidov i spodeliv inf vo moeto uciliste i razbrav deka nema mesto -USTE pred 2 meseci sidurno -a bev zainerisirana za neaaa.Dali ima moznost uste kako slusatel?Pa potoa i se sledno.Jas sum vas sorabotnik i clen na OOR.SO POCIT BILJANA

    • Почитувана, можноста за ваучерите доколку сте уредно пријавени ја имате и по конференцијата..

  3. Почитувани,по добивање на Вашиот маил се регистрирав изапочнав со следење и решавање на курсевите. Пред да започнам го пополнив прашалникот кој го имате даедно, но до сега немам добиено никакви инструкции. Не знам дали треба да следам некои одредени курсеви, или можеби имам слободен избор. па ќе Ве замолам да ми испратите инструкции.Со почит,Александра Андоноска  Aleksandra Andonoska E-mail: a_andonoska@yahoo.com Web page  http://nasataucilnica.weebly.com

    • Следењето на курсевите е по ваш избор, важен е само вкупниот збир на поените да биде најмалку 3500.


Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s

Create a free website or blog at WordPress.com.
Entries and коментари feeds.

%d bloggers like this: