Покана за подготовка и организација на Hour of Code

Ноември 25, 2015 во 07:44 ч. | Posted in Uncategorized | Напишете коментар

HoC 1

Почитувани наставници,

Со задоволство Ви најавуваме дека Мајкрософт во соработка со Code.org го вклучи Minecraft во Hour of Code!

Minecraft Hour of Code туторијалот има за цел да поттикне милиони млади луѓе да се вклучат на час со кодирање како дел од Неделата на програмирањето (Computer Science Education Week) од 7 до 13 декември. Новиот туторијал кој сега е достапен на code.org/mc ги воведува учесниците во основите на програмирањето преку забавни и веќе познати активности. Креиран од страна на дизајнерите на играта Minecraft и Code.org, туторијалот ги вклучува карактерите и предизвиците инспирирани од играта Minecraft позната на повеќе од 100 милиони играчи од цел свет.

Еден од начините на кои можеме да придонесеме за образованието, е поддршка на секој ученик на планетата во развивање на вештините од 21 век. Технологијата стана интегрален дел од секојдневието на луѓето, при што се зголемува интересот на учениците, родителите, наставниците, владините и невладините организации, младите да не учат само како да користат технологија, туку креирајќи со помош на технологијата да станат иноватори и движечка сила на развојот и можностите во своите средини. Изучувањето на програмирањето и кодирањето помага при развивање на вештините за критичко мислење и решавање проблемски ситуации со што се зајакнуваат способностите за вклучување на пазарот на трудот.

Мајкрософт Македонија се придружува на оваа кампања преку организација на Hour of Code активности во училиштата!

Ги каниме сите иновативни наставници од основните и средните училишта да се вклучат во овогодинешната кампања и да организираат Hour of Code во својата училница, во своето училиште или на било кое друго место во заедницата. 

Активностите треба да бидат поврзани со концептите на кодирање и програмирање за што подетално може да се информирате на следниот линк.

Наставниците кои сакаат да учествуваат мора да го пријават својот настан најдоцна до 6 декември.

Подготвени се три Power Point презентации (според возраста на учениците, одделенска, предметна и средно образование) кои ќе Ви послужат како насоки за организирање и спроведување на Hour of Code.

Ги охрабруваме наставниците кои ќе пријават организација на Hour of Code, да ја покажат својата креативност преку организирање оригинални активности за усвојување на концептот на кодирање и програмирање, да ја поттикнат тимската работа на учениците и да покажат дека преку активностите за кодирање на интересен начин може да се постигнат цели од различни наставни предмети.

По организирање на Hour of Code споделете го искуството и активностите од настанот со нас со пополнување на следниот формулар и испраќање на следната меил адреса: pilmacedonia@live.com .

За наставниците кои ќе подготват и организираат најкреативни активности за Hour of Code, Мајкрософт Македонија подготви вредни награди!

Hoc 2

Напиши коментар »

RSS feed for comments on this post. TrackBack URI

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s

Create a free website or blog at WordPress.com.
Entries and коментари feeds.

%d bloggers like this: