Покажете го своето знаење и претставете ја Македонија на Светот!

Ноември 6, 2015 во 11:01 ч. | Posted in Uncategorized | Напишете коментар

MSFT_logo_rgb_C-Gray_D[1]MOScertadria

 

 

 

 

 

Мајкрософт Македонија и Цертиадриа (официјален партнер на Цертипорт за Македонија и регионот) оваа година за прв пат организираат натпревар за Microsoft Office Specialist, во кој натпреварувачите ги покажуваат своите вештини во познавање на Microsoft Office апликациите.

Целта на одржување на овој натпревар е испраќање на талентирани млади луѓе со натпреварувачки дух и знаење кое може да се мери со знаењето на стотици нивни врсници од целиот свет на Светскиот Натпревар Microsoft Office Specialist 2016 во Орландо, Флорида САД. Погледнете го официјалното видео за Светскиот Натпревар Microsoft Office Specialist 2016 на следниот линк.

Кој може да се натпреварува?

Право на учество имаат сите ученици од основните и средните училишта, како и студентите на факултетите кои имаат помеѓу 13 и 22 години (заклучно до 15ти јуни 2016).

Како до испит?

Натпреварот ќе се одржува во десетина средни училишта, факултети и тренинг центри во Скопје и уште неколку други градови ширум Македонија.

Дополнителни информации за пријавувањето може да се најдат на следната страна.

За повеќе информации околу тестинг центарот најблиску до вашето место на живеење пишете ни на contact@certiadria.com.

Кои испити е потребно да се положат за учество?

Потребно е да се одбере еден од следните испити, полага и учествува:

  • Microsoft Office Specialist Word 2013
  • Microsoft Office Specialist Excel®2013
  • Microsoft Office Specialist PowerPoint®2013
  • Microsoft Office Specialist Word 2010
  • Microsoft Office Specialist Excel®2010
  • Microsoft Office Specialist PowerPoint®2010

Кои се наградите?

За освоено прво, второ и трето место следуваат парични награди, медал за достигнување и победнички сертификат. Најдобриот учесник со својот ментор ќе ја претставува Македонија на Светскиот натпревар кој ќе се одржи во Орландо, Флорида САД следната година.

Кој е крајниот рок за пријавување?

Последниот рок за полагање на испитите е мај 2016 година.

Дополнитени информации за натпреварот може да најдете на http://www.makedonija.certiadria.com/.

Напиши коментар »

RSS feed for comments on this post. TrackBack URI

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s

Create a free website or blog at WordPress.com.
Entries and коментари feeds.

%d bloggers like this: