Ден на отворени податоци

Мај 28, 2015 во 19:33 ч. | Posted in Uncategorized | Напишете коментар

mioams

Open Data Hackathon

Ден на отворени податоци

Почитувани,Како дел од заедничката иницијатива помеѓу Министерството за Информатичко Општество и Администрација и Мајкрософт, ни претставува чест да Ве поканиме на Ден на отворени податоци – настан со кој сакаме да го означиме почетокот на Open Data Hackathon Натпреварот.

Со цел да извршиме промоција на овој проект, но и да ве запознаеме со можностите каде и како да пристапите до отворените податоци, да размениме искуства, информации и идеи, поврзани со начинот на искористување на истите, ве повикуваме на 3ти јуни, во рамки на Seavus Education and Development Center (SEDC), да слушнете дел од предавањата и да учествувате во отворената дискусија планирана за крај на денот.

Учество на натпреварот може да земат индивидуални програмери, старт-ап компании, студенти (3/4 година студии).

Локација: Seavus Education and Development Center (http://www.sedc.mk/)

 

Термин:
3ти јуни 2015 година
(10-16  часот)

 

Лице за контакт:
Моника Ризовска


Е-пошта за регистрација:
monika.rizovska@seavus.com

 

 Распоред на активности:

10:00 – 10:30 Регистрација
10:30 – 10:40 Отвoрање
Иво Ивановски, Министер
Министерство за информатичко општество и администрација
Стефан Плавјански, Директор
Microsoft
10:40 – 11:15 Open Government Data Initiative
Димитар Грозданов, Senior Technology Advisor
Microsoft
11:15 – 12:00 Open Data – минато, сегашност, иднина
Хајан Селмани, MVP
HASELT
12:00 – 12:30 Кафе пауза
12:30 – 13:30 Алатки за развој на мобилни апликации
Филип Керазовски, Senior App Developer
Re:Aktiv
13:30 – 14:15 Трибина/Дискусија – Како да се подобри квалитетот и достапноста
до отворени податоци; Презентација на студија на случај, примери
и искуства со отворени податоци; Монетизација на апликации;
14:15 – 15:15 Ручек

Во меѓувреме, сите заинтересирани можат да ги погледнат објавените податоци на порталот – www.otvorenipodatoci.gov.mk, да ги преземат и да размислат за потенцијални апликации кои би биле изработени.

Натпреварот ќе биде отворен до 22ри јуни, кога на слична сесија би се организирала презентација на апликациите и избор на победниците. За Топ 3 апликации следуваат и вредни награди. За повеќе информации за натпреварот и правилата на натпреварот на http://1drv.ms/1LM26tf.

За време на целиот период, со поддршка на локалната група на корисници (Macedonian .NET User Group), во рамки на форумите отворени на нивниот портал за оваа намена, ќе може да побарате стручна помош, да размените информации, да побарате совет, со цел да ви се помогне во развојот на апликациите. Групата ќе биде отворена на нивниот портал – http://www.mkdot.net.

За да учествувате на работилницата, Ве молиме да се пријавите на контакт адресата во прилог.

Ве очекуваме!

Напиши коментар »

RSS feed for comments on this post. TrackBack URI

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s

Create a free website or blog at WordPress.com.
Entries and коментари feeds.

%d bloggers like this: