Најава: Ден на Мајкрософт посветен на НВО секторот „Бидете иницијатор на промени со Microsoft Office 365 и облак-технологиите“

Март 13, 2015 во 18:59 ч. | Posted in Uncategorized | Напишете коментар

Фондацијата Метаморфозис, заедно со локалната канцеларија на „Microsoft Македонија“, го организираat денот на Microsoft посветен на граѓанскиот сектор – „Бидете иницијатор на промени со Microsoft Office 365 и облак-технологиите“. Настанот ќе се одржи на 17 март, во просториите на хотел „Континентал“, сала „Фонтана“, со почеток од 10 часот.

Настанот ќе им овозможи на претставниците на граѓанскиот сектор да дознаат повеќе за можностите да добијат софтверски донации од програмата „Microsoft Cybergrants“ за поддршка на граѓанскиот сектор. На овој настан ќе се презентира и Microsoft Office 365 што Метаморфозис го нуди во Македонија во соработка со партнерот Теchsoup Balkans. Ќе бидат презентирани облак-технологиите на Microsoft Office 365, како и многу други технологии што придонесуваат во подобрувањето на работата на граѓанските организации.

ngo connection day

Во продолжение следува агенда на настанот:

10:00 – 10:15 Воведни обраќања

г.Стефан Плавјански – Генерален менаџер, „Мајкрософт Македонија“

г.Филип Стојановски – Програмски директор, Фондација „Метаморфозис“

10:15 – 11:00 Како невладините организации можат да имаат корист од новите технологии

  • Вовед и презентација на Microsoft Office 365 и придобивките од примената на облак-технологиите во граѓанскиот сектор – Влора Адеми, Business Development Manager Education, Мајкрософт Македонија.
  • Поширока перспектива врз основа на сопствените искуства во врска со интернет-промоција, учество во глобалните напори од страна на Techsoup и Security in a BoxЕлена Игнатова, Програмски координатор во Фондацијата Метаморфозис
11:00 – 11:15 Кафе-пауза
11:15 – 12:00
  • Предностите и можностите понудени од Мајкрософт-партнерот Techsoup Balkans за невладините организации;
  • Презентација на критериумите за прифатливост на организациите за Office 365 и понудените можности за невладините организации;
  • Како да се аплицира за сајбер-грант – Адријана Селмани, програмски асистент, Фондација „Метаморфозис“
12:00 – 13:00 Пауза за ручек
13:00 – 14:00 Работилница: Технологии за граѓанскиот сектор

Поделба на невладините организации во три работни групи врз основа на нивните потреби

  • Група 1: Процена на потребите за ИТ на невладините организации и како да се добие поддршка од „Метаморфозис“
  • Група 2: Работење во облак – Демо на Office 365 и како да се имплементира – Димитар Грозданов, Senior Technology Advisor, Мајкрософт Македонија
  • Група 3: Како да се аплицира за сајбер-грант преку Techsoup Balkans
  • Резиме: Клучни наоди и клучни активности што ќе следуваат
14:00 – 14:20 Најдобрите практики на невладина организација која успешно го има воведено Office 365
14:20 – 14:40 Заклучоци и клучни резултати од целиот настан

Патните трошоци ќе бидат надоместени за еден претставник од организација, а во висина на повратен автобуски билет.

Хаштаг за настанот е: #msngoMK

За дополнителни прашања и регистрација, пратете ги следниве податоци: име презиме, организација, град, контакт телефон и е-маил за контакт, на следниот е-маил:

adrijana@metamorphosis.org.mk

контакт лице:

Адријана Селмани

Програмски асистент

„Метаморфозис“, Фондација за интернет и општество

www.metamorphosis.org.mk

Адреса:  ул. Апостол Гусларот бр. 40, 1000 Скопје

Тел.: +389 (0)2 3109 325

Напиши коментар »

RSS feed for comments on this post. TrackBack URI

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s

Blog at WordPress.com.
Entries and коментари feeds.

%d bloggers like this: