Рамо до рамо со најдобрите едукатори во светот

Декември 22, 2014 во 11:38 ч. | Posted in Uncategorized | Напишете коментар

Во духот на традицијата, како и секоја година, Мајкрософт ги избра најдобрите иновативни експерт едукатори за претстојната 2015 година. Оваа истакната група брои севкупно 800тини членови, внимателно избрани во повеќе од 100 земји ширум целиот свет.

Да се биде член на оваа фамозна група е едно од најпрестижните светски признанија и затоа со особена чест и задоволство Ве информираме дека на оваа неверојатна група на светски едукатори, оваа година и се приклучуваат и нашите македонски членови:

  • Марија Петреска- ОУ „Христо Узунов“-с. Другово, Кичево линк
  • Марина Василева -ООУ „Св.Кирил и Методиј“-Скопје линк
  • Славица Карбева- ООУ „Петар Поп Арсов“- с.Богомила, Чашка линк
  • Билјана Кумпанијоска- СУГС „Раде Јовчевски-Корчагин“, Скопје линк

Во текот на целата година, овие Експерт едукатори ќе може да очекуваат:

  • Бесплатни Мајкрософт алатки и технологии;
  • Ексклузивна можност за професионален развој;
  • Можност за личен и професионален развој како лидер со учество во индивдуални истражувања, можност за учество како презентер и говорник на разни настани организирани од Мајкрософт, директно учество и можност за развој на ИКТ содржни;
  • Можност да освоите бесплатно патување и посета на Мајкрософт Глобалниот форум за образование во Редмонд, Вашингтон, во април 2015 година.

Од македонските членови, оваа недела Марија Петреска од ОУ „Христо Узунов“ -с. Другово, Кичево имаше можност да се претстави пред 800 Мајкрософт иновативни едукатори со презентирање на интерактивен инфографик. Линкот од презентацијата на видеото Марија Петреска на Јутјуб можете да го проследите во прилогот подолу како и краток опис на проектот Инфографикс.

Браво Марија, продолжи да нижеш само успеси, Мајкрософт ги поддржува иницијативните и авангардни наставници како тебе. Се гордееме со тебе!

Видео од презентацијата:

 

1

Решавање на проблем од секојдневието

Нашето Министерство за Образование неодамна најави еден проект кој се вика Таблет за секој  учeник. И следната година ние конечно ќе ги фрлиме старите хартиени учебници и ќе користиме електронски книги наместо нив. Кога ја споделив оваа информација со моите ученици,првото прашање беше како ќе изгледаат тие електронски учебници?

И навистина, какви ли ќе бидат учебниците по кои ќе работиме догодина? Во една сесија, учениците низ бура на идеи ги споделија своите замисли како би изгледала една совршена книга. И дојдовме на идеја за една бесконечна книга во која се вметнати онлајн табли, OneNote тетратки, аудио и видео записи, граматика и речник, игри и активности. Еден интерактивен инфографик.

И предлогот на учениците беше што не би си направиле сами една наша електронска книга.

2

Учениците како дизајнери на ИКТ продукт

Моите ученици веќе ги оставија старовремските хартиени учебници и креираа една совршена електронска книга која си ја замислија како интерактивен инфографик. Да се креира интерактивен инфографик од бел канвас е напорна работа. Ги искористивме облиците и боите во PowerPoint да направиме дигитална хартија и клипарт и да создадеме приказна. Една група на ученици работи на креирање на позадини и дигитална хартија. Друга пак работи на рачно изработени ликови и изнаоѓање на фонт кој би одговарал во целата приказна.

А трета група работи на изработка на приказна преку комбинирање на сите елементи (позадина, ликови, фонт) и креирање на еден долг инфографик користејќи Фотошоп. Нa крај инфографиците се прикачуваат на една алатка која се вика Thinglink и се поврзуваат со аудио и видео записи, онлајн табли, OneNote тетратки, мисловни мапи, игри и активности кои би ги искористиле на часот. Овие интерактивни инфографици се достапни и на паметните телефони од учениците и таблетите но имаме и компјутерска верзија. Сега учениците можат да учат и патем.

3

Соработка

На учениците им беа зададени задачи според стилот на учење.

Оние ученици кои учат визуелно имаа задача да креираат дигитални позадини, и рачно изработени ликови користејќи ги исклучиво облиците и боите во PowerPoint.

Оние пак кои учат со слушање беа задолжени за креирање аудио записи.

Тактилните учачи пак креираа интерактивни инфографици поврзувајќи ги позадините и ликовите во една интерактивна приказна.

Учениците споделуваат идеи, си даваат меќусебе повратни информации користејќи една Windows 8 апликација Edmodo. Визуелните учачи соработуваат на една иста PowerPoint презентација користејќи One drive и Facebook Docs апликацијата. Тие исто соработуваат и со ученици од цел свет преку Skype in the classroom Аудитивните учачи додаваат подкаст со Windows 8 апликација Soundcloud. И тактилните учачи ги поврзуваат аудио и видео записите со инфографикот со Thinglink.

4

5

Комуникација

Комуникација ученик- ученик

Учениците ја користат Edmodo апликацијата, Facebook групите, Facebook Docs, One drive, и Skype за да комуницираат меѓусебе, за да планираат, и да споделуваат идеи, да предлагаат и гласаат, да избираат концепти, и да ја споделуваат својата работа, да работат на ист документ или презентација, и да си даваат повратни информации еден на друг.

Комуникација наставник- ученик

Јас користев две Windows 8 апликации за комуникација со учениците. Едната е Nearpod која ја искористив за споделување на презентации (има одлична опција да се контролираат сите компјутери, таблети и паметни телефони со вашиот компјутер) но и за квизови чии резултати автоматски се пребројуваат и запишуваат на сметката на ученикот.  Другата е Socrative која ја искористив за квизови и оставање на белешки пред излегување од страна на учениците. Најдобрата карактеристика на оваа апликација се резулататите во живо и извештајот за квизот кој може да се спушти во Excel документ. Овие Windows 8 апликации ми помогнаа да ја отценам работата на учениците, разбирањето на концептите и идејата на која работеле. Учениците често работат кратки квизови и проследуваат презентации на своите паметни телефони и таблети.

Комуникација со публиката

Учениците креираа ФБ странасметка на твитерПинтрест таблаГугл плус страницаЈутјуб канал, Тинглинк страна, час на Скајп Учење преку инфографици,  и веб страна www.infographing.com каде ја споделуваат својата работа и како чекор по чекор се креира еден инфографик со својата публика (тоа се главно наставници и ученици кои ги користат овие материјали на и надвор од часовите). Со споделувањето на проектот со останатите Микрософт Иновативни наставници соработката се прошири низ светот и сега наставници од Аргентина, илипини, Хрватска, Тунис… секојдневно ни праќаат пораки бараат дополнителни инструкции како ова и тие да го направат на нивните часови.

6

7

8

Градење Знаења

Како јас ова би го употребил во секојдневниот живот?

Да се креира еден интерактивен инфографик е инетрдисциплинаран активност. Покрај знаења од Англискиот јазик (сепак сме концентрирани на изучување на англиски преку инфографик) учениците траба да поседуваат вештини во PowerPoint и да имаат големо познавање како тоа се работи со некои Windows 8 апликации како Едмодо, One drive, Facebook Docs, Thinglink, Soundcloud, Nearpod, Socrative за да успешно ги завршат своите задачи.

Со овој проект не само што креиравме интерактивна електронска книга според стилови на учење и фундаментално го трансформиравме процесот на учење туку и изнајдовме решение за еден поглобале проблем како да се заштитат дрвата од уништување.

9

Видео презентација на проектот Инфографикс со користење на Office Mix:

10

 

Напиши коментар »

RSS feed for comments on this post. TrackBack URI

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s

Blog at WordPress.com.
Entries and коментари feeds.

%d bloggers like this: