“Everyone starts somewhere” – Microsoft HourofCode week

Декември 9, 2014 во 20:22 ч. | Posted in Uncategorized | 2 Коментари

1

Почитувани,

По повод на глобалната инцијатива Hourofcode“ (8-12 Декември) преку програмата на Мајкрософт YouthSpark се прави напори да се вклучат и обучат 10 милиони ученици ширум целиот свет, во повеќе од 180 земји во областа на компјутерските вештини. Ова програма ги поддржува младите во создавање и искористување на сите можни ресурси кои ги нудат новите технологии за подобрување на ефикасноста на нивното делување, но и за општествена полза. Програмирањето ќе им помогне на младите во решавањето на проблеми задачи, развој на логика и креативност. Со раниот почеток во програмирањето, учениците ќе имаат основа за успех во било која област во кариерата.

Мајкрософт Македонија со задоволство Ве известува дека активно се вклучува во оваа глобална кампања со неколку настани по овој повод и тоа:

  1. Во среда, 10 Декември, 2014 година во просториите на Скопски саем, организира интерактивна работилница за наставниците од основните училишта кои ќе бидат запознаени и обучени со некои од Мајкрософт алатките во областа на програмирањето како Small Basic, TouchDevelop, Windows App Studio, Project Sienna, Visual studio, Microsoft Virtual Academy и др. Директна примена на алатките со група на ученици и наставници.
  2. Во четврток, 11 Декември, 2014 во просториите на SEE University TechPark, Влора Адеми ќе одржи предавање за присутните на настанот ‘hourofcode’ организирано од страна на Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово.
  3. Петок, 12 Декември во просторите на СУГС „Орце Николов“ исто така ќе се одржи интерактивна работилница каде група на наставници и ученици од средните училишта Орце Николов и Корчагин ќе бидат обучени со дел од Мајкрософт алатките за програмирање. На обуката ќе биде најавено и натпревар за учениците присутни од двата училишта во ова област.

Бенефитите од оваа акција се многубројни. Со оваа акција се планира бројот од 100 обучени наставници преку процесот на десиминација да се зголеми на 2.000 наставници.

Искуствата во учењето ќе бидат поткрепени преку сопствени примери, ќе може да се развие дискусија за тоа кои алатки се најдобри за учениците и нивната возраст. Наставниците ќе имаат можност да креираат сопствени он-лајн презентации, наставни примери, видеа или да го споделат своето знаење и искуство преку вебинари. Сите овие примери ќе бидат достапни на PiL Network на http://www.educatornetwork.com , каде наученото знаење ќе може да се сподели. Идејата на пост-презентација е да се усвојат готови искуства од различни наставници преку веќе научен пример.

„Секој може да кодира“ и „Секој експерт некогаш бил почетник“ е мотото на оваа акција.

Почнете со #HourofCode #YouthSpark денес! Следете не на www.microsoft.com/hourofcode

 

Со почит,

Влора Адеми

Business Development Manager – Education

Microsoft in Education

 

2 Коментари »

RSS feed for comments on this post. TrackBack URI

  1. Почитувани , Ме интересира во колку часот е утре предавањето, дали може секој одделенски наставник да учествува и дали треба да се плати? Ви благодарамОдд.наставник , Билјана Лукановска . 

  2. Pozdrav, me interesira vo kollku casot pocnuva, i kollku nastavnici mozhat da ucestvuvat od edna shkolla


Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s

Blog at WordPress.com.
Entries and коментари feeds.

%d bloggers like this: