НАСТАВНИЦИТЕ ОД МАКЕДОНИЈА ПРЕДАВАЧИ ВО СЛОВЕНИЈА!

Април 16, 2014 во 00:16 ч. | Posted in Uncategorized | Напишете коментар

IMG_0293IMG_0276_edited_editedIMG_0279

На 09-ти Април, во градот Блед во Словенија тројца Македонски најиновативни наставници експерти беа предавачи на најголемата Образовна Мicrosoft Конференција. Добри Јовевски, Дарко Талески и Сатки Исмаили се наставниците кои украдоа воздишки, честитки и многу бројни комплименти од Словенските наставници кои беа слушатели на презентациите на македонските наставници. На оваа конференција презентираа и Влора Адеми Менаџер на Академските програми на Microsoft Македонија и Косово и Адријана Селмани Асистент на Програмата Партнери во Учењето во Microsoft Македонија и Косово.

Овој настан е еден од најголемите настани кои се оддржуваат во Словенија, NT Конференција (http://www.ntk.si/) , над 120 клучни носители на одлуки беа присутни на оваа конференција. Целта на овој настан беше да се поттикне иновацијата, да се презентираат образовни програми на Мicrosoft и да се промовираат Наставниците Експерти како и да се промовира програмата Наставник Експерт. Македонските наставници беа поканети на оваа конференција затоа што се претставници на најврвните наставници екперти во целиот свет, за да им покажат на сите наставници и сите вклучени во образовниот процес како преку технологијата и Мicrosoft aлатките го променија начинот на учењетo и придонесоа во подобрувањето на образовниот процес.

Во Словенија наставниците покажаа интерес и за понатамошна соработка а исто така нашиот тим креираше и група за дискусии на мрежата на Партнери во Учењето http://www.pil-network.com/Discussion/6eb82a07-b727-4994-b9af-f861e53f671c каде што ќе се поврземе споделуваме идеи, соработуваме како и да разменуваме искуства со наставниците од Словенија.

Еве што нашите наставници експерти кажаа за овој настан:

Добри Јовевски

“Да се биде дел од една ваква конференција за мене претставуваше задоволство и предизвик. На конференцијата имав можност да презентирам добри образовни практики од Македонија, наставни активности кои ние, наставниците ги практикуваме во секојдневната училишна работа. За учесниците на конференцијата беше интересен едукативниот софтвер Jumpido со интересни едукативни содржини по математика за основно образование. Во делот за паузите секој наставник имаше можност да проба во Kinect аголот како со помош на Kinect работи овој образовен софтвер. Искуствата во организирањето на Вебинарите за наставниците од Македонија исто така беа дел од мојата презентација. Колегите од Словенија ги запознав за придобивките од он-лајн обуките што ги реализиравме кај нас. Овој настан го искористивме и да направиме план за понатамошна соработка преку проектни активности со наставниците од Словенија. Голема благодарност до Microsoft in Education, Г-ѓа. Влора Адеми која ме покани да бидам дел од конференцијата и Адријана Селмани за целокупната поддршка која ни ја пружи во текот на Конференцијата како и во другите активности.”

Дарко Талески

“Претставуваше вистинско задоволство што неколку наствници од Македонија бевме дел од најголемата ИТ конференција на Мајкрософт во Словенија. Особено што ја имавме можноста да ги пренесиме нашите практични искуства, одличната соработка со Мајкрософт Македонија како и нашите достигнувања во светски рамки. Имав можност да ја презентирам мојата неколкугодишна соработка со Мајкрософт која беше навистина плодна и успешна. Заеднички постигнатиот успех преку училишните проекти кои беа наградени на последните Глобални Форуми на мајкрософт “Fun, education, stop motion animation” и “This is my voice” им беа презентирани како примери за добра практика и како модели на активно учење на учениците. Целта беше да се прикажат различните начини на примена на Мајкрософт алатките во процесот на учење и како на добар начин да се направи спој меѓу наставните програми од различни наставни предмети и технологијата. Позитивниот впечаток кој го оставивме ни ги отвори вратите за идна соработка на заеднички проекти со наставници од Словенија преку заедничко поврзување на мрежата на Мајкрософт партнери во учењето.”

Сатки Исмаили

“Конференцијата беше исклучителна, ги надмина моите очекувања и навистина сум пријатно изненаден. Воодушевен сум од гостопримството на домаќинката, менаџерката на канцеларијата на Microsoft во Словенија Марина Дражетиќ, која придонесе организацијата и текот на конференијата да бидат во највисоко ниво, како и на реализација на сите детали во целост. Чувството да си наставник- учесник од Република Македонија во Microsoft NT Konferenca беше навистина многу голема. Благодарение на целата заложба на менаџерот на Microsoft во Македонија г-ѓа Влора Адеми, која навистина е промотор на сите активности кои се поврзани со употребата на технологијата во настава со посебен акцент вклучување на наставниците на регионот и пошироко во Глобалната Мрежа на Партнери во Учењето. Домаќините се воодушевија од постигањата и успесите на наставниците од Македонија во Европски и Светски рамки. Покажавме дека многу земји можаат да ни завидат на начинот како ги применуваме разните програми, платформи и апликации на Microsoft во наставата, покажувајќи ги компјутерско-комуникацијските вештини како неопходни за наставата на 21 век.”

Горди сме што во Македонија навремено се препознаени квалитетите на сите наставници, но уште поголемо е задоволството што од година до година се раѓаат се повеќе квалитетни и иновативни наставници. Тимот на Мicrosoft in Education во Македонија им се заблагодарува уште еднаш на наставниците за прекрасните презентации и за учеството во оваа Конференција, а истовремено сакаме да и се заблагодариме на Г-ѓа Влора Адеми која дено-ноќно работи за да го подобри образовниот процес во Македонија преку Microsoft технологиите.

Со почит,

Мicrosoft in Education

IMG_0305

Напиши коментар »

RSS feed for comments on this post. TrackBack URI

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s

Blog at WordPress.com.
Entries and коментари feeds.

%d bloggers like this: