Работилница за правата од интелектуална сопственост!

Април 4, 2014 во 12:52 ч. | Posted in Uncategorized | 2 Коментари

amcham foto

Почитувани,

Американската стопанска комора во Македонија (АмЧам Македонија) во текот на 2013 година со финансиски средства од Амбасадата на САД во Република Македонија преведе две публикации „Пронајдоци и патенти“ и „Уметноста и авторското право“ на македонски и албански јазик, од Светската организација за интелектуална сопственост (World Intellectual Property Organization – WIPO). Публикациите се наменети за деца на возраст од 11-14 години. По препорака на Бирото за развој на образованието, а со одобрениe од Министерството за образование и наука двете публикации можат да се користат како дополнителна литература во текот на наставата во основните училишта.
Поради ова, АмЧам Македонија планира да организира еднодневна работилница за подетално да ги запознае наставниците со поимите од интелектуална сопственост и со содржината на преведените публикации. За време на работилницата ќе бидат ангажирани стручни лица од компаниите членки на АмЧам Македонија кои имаат одлично познавање на поимите од оваа област, а кои ќе учествуваат во работните групи и ќе им помагаат на учесниците.

Настанот ќе се одржи на 25 април 2014 година од 09:30 до 14:30 часот, во М6 Едукативниот Центар (во н. Автокоманда). Крајниот рок за пријавување е 17 април 2014 година на телефонскиот број 3216 714 или на емаил: communication@amcham.com.mk.
Само претходно регистрирани учесници имаат право да присуствуваат на настанот.
На настанот ги покануваме предметните наставници кои покажале интерес за примена на темите од интелектуална сопственост во своите предавања особено наставниците по следниве предмети: информатика, музичко, ликовно, етика како и наставниците кои се одговорни за наставните активности по предметите бизнис и претприемништво. При номинирањето на наставници Ве молиме имајте предвид да бидат опфатени повеќе различни предмети.

Бројот на учесници е ограничен, поради ова при регистрирањето на учесници ќе го примениме правилото „Прв пријавен, прв регистриран“.

Во прилог Ви ја доставуваме и Агендата за настанот.

Срдечен поздрав,
Мишел Османли
Извршен директор

Кликнете на Агенда за да ја превземете Агендата.

2 Коментари »

RSS feed for comments on this post. TrackBack URI

  1. Pocituvani me interesira dali se plaka ednodnevnata rabotilnica i kolku pari e? Blagodaram pozz Biljana


Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s

Blog at WordPress.com.
Entries and коментари feeds.

%d bloggers like this: