ПОКАНА: Ден на Мајкрософт посветен на НВО секторот „Бидете иницијатор на промени”

Март 18, 2014 во 14:17 ч. | Posted in Uncategorized | 2 Коментари

ngo connection day

Почитувани,

Локалната канцеларија на Мајкрософт Македонија заедно со Фондацијата Метаморфозис го организираат  денот на Мајкрософт посветен на НВО секторот „Бидете иницијатор на промени“. Настанот ќе се одржи на 20 март во просториите на Скопски саем, Дипломатик сала со почеток од 10 часот.

Денот на Мајкрософт посветен на НВО секторот ќе им овозможи на претставниците на граѓанскиот сектор преку интерактивна програма да ги подобрат своите ИКТ вештини, но и да дознаат повеќе за употребата и можностите кои ги нуди Мајкрософт преку програмата Youthspark и апликациите за Сајбер грантови. Присутните претставници на граѓанскиот сектор ќе имаат можност и да дискутираат околу употребата на технологијата и социјалните мрежи за постигнување на подобро онлајн присуство и достапност до граѓаните.

За учество Ве молиме пополнете го следниот формулар.

Во продолжение следува агенда на настанот:

10.00-10.15 Отворање на настанот [Стефан Плавјански, генерален менаџер на Мајкрософт Македонија и Косово, и Бардил Јашари, директор на Фондацијата Метаморфозис]
10.15-10.45 Воведно обраќање: Како невладините организации можат да имаат корист од новите технологии [Елена Игнатова, проектен координатор во фондацијата Метаморфозис]
10.45-11.15 Создаваме вистински влијанија за подобро утре: Microsoft YouthSpark. Презентација на Програмата на Microsoft за донирање софтвер  [Влора Адеми,  програмски менаџер за образование во Мајкрософт Македонија и Косово]
11.15-11.45 Кафе пауза
11.45-12.30 Друштвени медиуми за општествена полза [Тамара Ресавска, проектен координатор во фондацијата Метаморфозис]
12.30-13.15 Технологија за НВОи: Соработка преку интернет [Јовче Пластиновски, косултант, Microsoft Consulting Services]
13.15-13.30 Завршни коментари
13.30-14.30 Ручек

Патните трошоци ќе бидат надоместени за еден претставник по организација, а во висина на повратна автобуска карта.

За дополнителни прашања и информации контакт лице:

Елена Игнатова
Проектен координатор во фондацијата Метаморфозис

Телефон: +389 2 3109 325
Мобилен: +389 75 495 307
skype: elena_ignatova
twitter: @ieli

2 Коментари »

RSS feed for comments on this post. TrackBack URI

  1. Многу сакам да дојдам.,. Натпреварот „Кенгур“ по математика се одржува на 20.03.2014 во 11 часот. Имам 5 деца за натпревар. Морам да бидам со нив. Моите душички бараат логистичка поддршка. Многу си ги сакам. Ве молам испратете ми материјал и јас ќе пробам да се снајдам. Благодарам, срценца сте. Вашата дивна Симеонова, од ОУ„Малина Попиванова “-Кочани.

  2. Shume do te kisha dashur te prezentoj ne kete seminar, por pasiqe jam i ne pune ne kohen qe do te mbahet , ju kisha lutur mundesisht te me dergoni ndonje material nga ky event.
    Ju falemnderit
    Mevludin Avdija, a_mevludin@hotmail.com


Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s

Blog at WordPress.com.
Entries and коментари feeds.

%d bloggers like this: