ПРИЈАВЕТЕ СЕ ЗА НАТПРЕВАРОТ НА Kodu Kup Macedonia 2014!

Февруари 6, 2014 во 10:35 ч. | Posted in Uncategorized | Напишете коментар

LOGO KODU

Почитувани наставници,

Вие кои поседувате идеја, креативност, желба за професионален развој и способност за креирање на Developer игри, Микрософт во соработка со Универзитетот на Југоисточна Европа со големо задоволство Ве поканува да се пријавите на овој отворен повик и да учествувате на натпреварот KODU KUP 2014.

KODU KUP натпреварот е можност за секој наставник од сите Средни училишта во Р. Македонија  кој има желба, идеја а и тим на 3-5 вредни и креативни ученици кои поседуваат способности за тимска, креативна работа и со напредна технологија да ја креирате Вашата KODU игра.

Ако сте заинтересирани да бидете дел од овој натпревар, првичниот чекор е да покажете интерес со регистрирација на следниот линк: http://www.eventbrite.com/e/kodu-kup-macedonia-2014-tickets-9335327215?utm_campaign=new_eventv2&utm_medium=email&utm_source=eb_email&utm_term=eventurl_text  до 18.02.2014.

Бројот на наставници е ограничен затоа побрзајте и Пријавете се ВЕДНАШ!

 НАПОМЕНА: НА ОВОЈ НАТПРЕВАР МОЖЕ ДА СЕ ПРИЈАВАТ НАСТАВНИЦИ ОД СИТЕ НАСТАВНИ ПРЕДМЕТИ!

После регистрација ќе се организираат обуки за овој натпревар почнувајќи на 21 Февруари со еднодневна или дводневна Професионална Обука за користење на KODU Game Lab алатката од страна на Стручни Професори на Универзитетот на Југоисточна Европа. По завршувањето на обуката сите наставници ќе имаат временски период од еден-две месеци да ја креираат нивната игра на KODU.

Сите новости, дискусии и прашања следете ги на мрежата на PIL Network http://www.pil-network.com/Discussion/e88c6d32-49f1-49f6-9c77-5d386849a1be .

Како да се најавите на ПИЛ мрежата?

За да пристапите на PIL network треба најпрвин да се регистрирате и најавите на http://www.pil-network.com/ . Кликнете на Join ако се пријавувате за прв пат или кликнете на Sign In со вашата постоечка адреса Windows Live ID ( Hotmail, Live, Outlook). Дискусиите ќе бидат тековно ажурирани на следниов линк http://www.pil-network.com/Discussion/e88c6d32-49f1-49f6-9c77-5d386849a1be.

Сите наставници учесници на натпреварот ќе бидат наградени со Сертификати, додека добитникот на првата ГЛАВНА НАГРАДА ЌЕ БИДЕ НАГРАДЕН СО: KINECT и XBOX за УЧИЛИШТЕТО.

Победникот на Второто место ќе биде награден со 4 ВАУЧЕРИ ЗА ПОПУСТ ОД 30% од школарината за првата година од студиите за учесниците во проектот на Универзитетот на Југоисточна Европа, Факултетот за Современи Науки и Технологии. Противвредноста на ваучерите поединечно е од 540-600 евра во зависност од студиската програма.

Победникот на Третото место ќе биде награден со Микрософт подароци.

Главното Финале ќе се оддржи во крајот на месец Април или во месец Мај во просториите на Универзитетот на Југоисточна Европа и во склоп на настанот ќе има и посебна сала на презентација на игрите (Show Room). Прекрасна можност за да вашата игра биде видлива на јавната изложба посетена од страна на образовни институции, наставници, и други посетители како и медиуми.

БИДЕТЕ ДЕЛ ОД KODU, РАБОТЕТЕ ВО ТИМ, ПРЕДИЗВИКУВАЈТЕ СЕ, СЕРТИФИЦИРАЈТЕ СЕ И НАГРАДЕТЕ СЕ!

Ве молиме контактирајте со Адријана Селмани на b-adrijs@microsoft.com или на моб. 075/899-172 ако имате било какво прашање со овој натпревар.

Со почит,

Микрософт Партнери во Учењето

Напиши коментар »

RSS feed for comments on this post. TrackBack URI

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s

Create a free website or blog at WordPress.com.
Entries and коментари feeds.

%d bloggers like this: