Мајкрософт регионална иницијатива “Innovate for Good” во Белград

Октомври 17, 2013 во 14:58 ч. | Posted in Uncategorized | Напишете коментар

ms word

Употреба на модерните технологии за поттикнување општествени промени и подобар квалитет на животот на младите

Мајкрософт во соработка со невладината организација TechSoup Global ја организира регионалната работилница Innovate4Good, која ќе се одржи во Белград на 18 и 19 октомври 2013 година. Целта на работилницата е да се зајакнат претприемачките вештини на младите иноватори.

Оваа работилница е дел од иницијативата YouthSpark на Microsoft чија цел е да им се помогне на младите да ги истражуваат општествените промени и да креираат иновативни решенија за подобрување на општеството со помош на технологијата. За време на работилницата учесниците ќе научат како да ја применат технологијата за создавање на општествени промени и подобра иднина за нив и нивните заедници.

На овогодишниот регионален настан „Innovate for Good“, ќе присуствуваат претставници од Хрватска, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Македонија, Косово и Албанија. Група од 10 млади претставници од Македонија (Универзитет Св. Кирил и Методиј – ФИНКИ, Универзитет Гоце Делчев – Штип, Универзитет на Југоисточна Европа – Тетово, НВО Метаморфозис) и Косово (American University, Innovation Centre Kosovo, IPKO Foundation)  ќе бидат предводени од Г-ѓа Влора Адеми, Менаџер на Академските Програми во Microsoft Македонија и Косово.

Преку Мајкрософт корпоративните Citizenship програми, голем дел од донациите се посветени за невладиниот сектор кој ги поддржува младините проекти, како и разни граѓански иницијативи кои се фокусираат во помагањето на младите ширум светот. Целта на YouthSpark иницијативата, поддржана од страна на работилницата Innovate for Good и други програми, е за да им помогне на 300 милиони млади во 100 држави ширум светот како да ги остварат нивните целосни потенцијали, во наредните три години, преку идентификување и  искористување на можностите во образование, вработување и претприемништвото.

 

Контакт лице за повеќе информации:

М-р. Влора Адеми

Менаџер на Академските Програми во Мајкрософт Македонија и Косово

a-vademi@microsoft.com

Моб. +38972 236 967

Напиши коментар »

RSS feed for comments on this post. TrackBack URI

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s

Blog at WordPress.com.
Entries and коментари feeds.

%d bloggers like this: