МАЈКРОСОФТ ПАРТНЕРИ ВО УЧЕЊЕТО И НАСТАВНИЦИТЕ, ИНОВАТОРИ И ДВИГАТЕЛИ НА ОБРАЗОВНИОТ ПРОЦЕС

Октомври 14, 2013 во 16:24 ч. | Posted in Uncategorized | Напишете коментар

Информативна средба во Microsoft за подобрување на образовните процеси

DSCN7129

Мисијата на Microsoft Партнери во Учењето (ПИЛ) и нивната посветеност за зголемување на степенот на квалитетот на користење на ИКТ во наставата и понатаму продолжува.

Министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски, денес учествуваше на информативната средба во Microsoft  во Скопје, на која беа презентирани неколку образовни иновативни проекти и платформи на Microsoft. Станува збор  за 3 годишна успешна соработка со  Microsoft кој се докажа како сериозен партнер и двигател на промени со веќе светски признати иновативни практики.

Крајната цел на ова средба беше да се предложат современи модели применливи во образовните процеси во училиштата, со конкретни предлози како да се прошири нивната употреба и применливост во наставата ширум земјата.

На сесијата беше претставено апликацијата на OneNote , како единствен и лесен начин да се развијат и организираат наставните активности, како и бесплатната и отворена платформа Office365, како виртуелен работен модел кој е корисен за македонското образование со можности за заштеда.

Покрај ова, наставници и професори од основни и средни училишта во Република Македонија ги презентираа и проектите со кои преку образовни видеа и други содржини се олеснува процесот на наобразба на учениците, со апел да се градат капацитети, да се збогатат дигиталните образовни ресурси преку соработка со високо образовни институции и институционалната поддршка од МОН и МИОА.

Како што појасни менаџерот на академските програми на Microsoft за Македонија и Косово, Влора Адеми, сите овие проектни активности се со цел унапредување на квалитетот на образованието, способностите и вештините на 21 век, и ефикасното користење на ИКТ како основа за развој на конкурентно информатичко општество.

Генералниот директор на Microsoft, Стефан Плавјански, напомена дека во време на економска криза владите мора да наоѓат креативни пристапи како да ги стимулираат своите економии а инвестирањето во ИКТ е еден од најдобрите начини како да се поттикне економскиот развој и да се зголеми конкурентноста на работната сила со креирање на работни места. Microsoft им помага на земјите ширум светот да ги постигнат овие важни цели.

Министерот Ивановски од своја страна напомена дека Министерството за информатичко општество и администрација и Министерството за образование и наука настојуваат да преземат  конкретни чекори почнувајќи од законски измени, како и заеднички активности со цел подобрување и унапредување на образовните процеси во ИКТ сферата. Ова информација и други идни планови на ова тема министерот ќе ги сподели со останатите наставници на следниот онајлн  вебинар во организација на Microsoft.

Напиши коментар »

RSS feed for comments on this post. TrackBack URI

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s

Create a free website or blog at WordPress.com.
Entries and коментари feeds.

%d bloggers like this: