Довршете ја Вашата Апликација за да станете Microsoft Educator Expert!

Септември 6, 2013 во 14:35 ч. | Posted in Uncategorized | 4 Коментари

Почитувани наставници и идни експерти,

Во изминатиот период забележавме многу бројни наставници кои се заинтересирани да конкурираат за програмата Microsoft Educator Expert со образовни проекти и примена на ИКТ. Со аплицирање на оваа Програма ќе имате можност да учествувате на Глобалниот форум на Мајкрософт Партнери во учењето како што и претходно Ви најавивме ќе се одржи од 11-14 Март, 2014 година во Барселона, Шпанија.

Сите наставници кои што веќе го пополнивте едниот од двата клучни чекори Learning activity и направивте Submit на истиот сега за да ја довршите Вашата Експерт апликација мора да го пополните и вториот чекор – Вашиот профил на следниов линк http://www.pil-network.com/PD/Application/miee!!!

При пополнување на овој чекор ќе наидете на четири клучни полиња за да Вашата апликација за Експерт Наставник да биде целосна, тие чекори се:

 

  • Complete Profile
  • Your Role
  • Application Questions
  • Submit Application

 

(заокружено со црвено на фотографијата подолу се полињата задолжителни за пополнување и еве како тие изгледаат)

profile

Како што можете да видите на сликата горе е прикажано дел од првото поле односно Complete Profile, со пополнувањето на прашањата во оваа апликација на крајот од секоја страна ќе забележите Next копче кое ќе Ве води низ другите полиња се’ до чекорот Submit.

 

На чекорот Аpplication Questions не заборавајте да го ставите линкот на вашиот проект (Learning activity)!

 

Со самото пополнување на овие клучни четири полиња ќе приметите дека на секое празно поле, стои црвена ѕвездичка која означува дека тие обележани полиња мора да ги пополните за да можете да преминете на следниот чекор и да направите Submit.

 

(Видете пример на сликата подолу како изгледаат полињата означени со ѕвездички)

stars

ОТКАКО ЌЕ ГИ ПОПОЛНИТЕ ОВИЕ КЛУЧНИ ПОЛИЊА ВИЕ УСПЕШНО АПЛИЦИРАВТЕ ЗА MICROSOFT EDUCATOR EXPERT.

 

Довршете ја Вашата апликација на  http://www.pil-network.com/PD/Application/miee и не заборавајте да го ставите линкот на вашиот проект (Learning activity).

 

Со почит,

Влора Адеми

 Academic Program Manager | Microsoft Macedonia and Kosovo

mail: a-vademi@microsoft.com

http://www.pil-network.com/

https://pilmacedonia.wordpress.com/

ms

Адријана Селмани 

mail: b-adrijs@microsoft.com 

ms

 

4 Коментари »

RSS feed for comments on this post. TrackBack URI

  1. Почитувана! Денес донесовме договор со колешките да довршиме до 20.09.2013 аконее доцна. Имаме многу обврски околу почетокот на учебната година. Ве молам земете во обзир. Ако има некое поместување во терминот јавете. Ние да ги стопираме другите обврски.Поздрав.. Ваша Дивна.

    ________________________________

    • Zdravo Divna,
      Dokolku Aplicirate so proekt za intelektualna sopstvenost vo toj slucaj krajniot rok za apliciranje e 20.09.2013. Dokolku aplicirate so proekt za Microsoft Educator Expert vo toj slucaj krajniot rok za apliciranje e 30.09.2013, sto znaci deka treba da ja popolnite i Learning Activity i Microsoft Expert Educator Aplikacijata.

      Pozdrav,

      Adrijana Selmani

  2. Почитувани,

    се обидов да ја довршам апликацијата но на чекор бр.5 не ги чува одговорите и постојано ме враќа одново да ги потполнувам. Пишете ми дали има некој технички проблем или веќе е се испратено.

    Поздрав Билјана Тодороска

    ________________________________

    • Почитувана,

      Ве молам пратете ни контакт телефон и маил, на следнава емаил адреса за да може да бидеме во контакт:

      b-adrijs@microsoft.com

      Со почит,

      Адријана Селмани


Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s

Create a free website or blog at WordPress.com.
Entries and коментари feeds.

%d bloggers like this: