Информативна средба во Мајкрософт за Програмата Microsoft Educator Expert

Јуни 12, 2013 во 18:18 ч. | Posted in Uncategorized | 4 Коментари

Почитувани Наставници,

 Микрософт и Програмата Партнери во учењето имаат чест и задоволство да ги поканат сите наставници кои се заинтересирани да конкурираат за програмата Microsoft Educator Expert со образовни проекти и примена на ИКТ, и можност да учествуваат на Светскиот Форум на наставници на Мајкрософт кој оваа година ќе се организира во една од следните три држави: Колумбија, Шпанија или Португалија. На овој начин ќе имате можност да ја претставите Република Македонија и да постигнете поголеми успеси на Светско ниво.

Наставник експерт е едногодишна ексклузивна програма создадена за да ги истакне иновативните наставници на глобално ниво, кои ја користат технологијата за да го променат процесот на учење. Наставниците експерти ќе имаат пристап до новите технологии, можност за  професионален развој плус ќе освојат патување и присуство на Глобалниот форум на програмата Партнери во учењето.

За оваа намера Microsoft Ве поканува да учествувате на кратка информативна средба на 18 Јуни 2013 година од 11:00-12:00h (во просториите на Мајкрософт бул. Партизански одреди 62, Скопје). На оваa средба ќе бидете информирани околу процесот на аплицирање за Програмата Microsoft Educator Expert.

 

Искористете ја оваа прилика и ретка можност за да станете дела на светската мрежа на Мајкрософт иновативни наставници.

 

Бројот на присутни наставници на оваа средба е ограничена на 30 места, доколку селекцијата ќе биде направена според методата кој прв се пријави тој ќе има можност да присуствува (FIRST-COME, FIRST-SERVED) затоа Ве молиме потврдете го вашето присуство најдоцна до 17 Јуни 2013 година до 12:00 часот (Доколку бројот на заинтересирани е многу голем во тој случај ќе овозможиме да присуствуваат по еден наставник од секое училиште според методата First-come, First served) на мејл адреса: 

b-adrijs@microsoft.com, контакт лице Адријана Селмани тел. 02 /3067 989 или моб.075/ 899 172.

 

Кога наставниците стануваат Microsoft експерти, тие придобиваат:

 

•             Патување на кое им се приклучува на иновативните наставници на Глобалниот Форум Партнери во Учењето од целиот свет доколку Вие како наставник ќе ја претставувате нашата држава Република Македонија

•             Бесплатни технологии за нивните училишта

•             Публицитет и промоција преку социјалните медиуми и други канали на Microsoft

•             Внатрешен пристап во стратегии и технологии на Microsoft

•             Можност за професионален и кариерен развој

•             Можност за споделување искуства со светски реномирани наставници и специјалисти и да ги скалираат нивните иновации

•             Можност за консултации во Рамките на Програмата Partners in Learning

•             Покани за посебни настани на Microsoft

•             Награда Windows 8 уред за победниците

 

4 Коментари »

RSS feed for comments on this post. TrackBack URI

  1. Почитувани, Дали може да се аплицира без да се присуствува на состанокот, бидејќи имаме интерни матури во училиштето?  Доколку сакате, пратете информација околу апликацијата, Благодарам, поздрав

      Софија Тошева, СОУ Јане Сандански, Струмица

     

    ________________________________

    • Почитувани,

      Иако нема да присуствувате на оваа информативна средба Вие можете да аплицирате со проект за Програмата Наставник Експерт на следниов начин:

      1. Доставете го вашиот проект онлајн пополнувајќи го полето Learning activity на следниот линк http://www.pil-network.com/resources/learningactivities/create. За да пристапите на апликацијата треба најпрвин да се регистрирате и најавите на http://www.pil-network.com/ Кликнете на Join ако се пријавувате за прв пат или кликнете на Sign In со вашата постечка адреса Windows Live ID ( Hotmail, Live, Outlook). Ве советуваме да почнете отсега да ја пополните апликацијата на проектот односно Learning activity и да го сочувате проектот како драфт верзија за да можете во меѓувреме да направите било какви измени се до крајниот рок на доставување (откога ќе кликнете Submit) на 30 Септември 2013. Само на овој начин ќе имам пристап да ја видам вашата работна верзија на проектот и да ве советувам и посочувам за подобрување на вашиот проект, се со цел да ја добите можност да станете учесник и да ја претставите Македонија на Светскот Форум.

      2. Пополнете го вашиот профил на http://www.pil-network.com/PD/Application/miee и не заборавајте да го ставите линкот на вашиот проект (Learning activity) на оваа апликација.

      Доколку имате дополнителни прашања слободно контактирајте не на:

      Vlora Ademi
      Academic Program Manager | Microsoft Macedonia and Kosovo ( +389 2 3067 989 (Office) | +389 2 3061 330 (Fax) | +389 72 236 967 (Mob)
      Mail: a-vademi@microsoft.com

      или

      Adrijana Selmani
      | Mob. +389 75 899 172
      Mail: pilmacedonia@live.com

  2. Pocituvani, So zadovolstvo bi prisustvuvala Cekam na povratna informacija

    Pozdrav Ana Sent from my HTC

    • Почитувани,

      Ве молиме потврдете го вашето присуство најдоцна до 17 Јуни 2013 година до 12:00 часот на следнава мејл адреса:

      b-adrijs@microsoft.com, контакт лице Адријана Селмани тел. 02 /3067 989 или моб.075/ 899 172.

      Со почит,

      Мајкрософт Партнери во Учењето


Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s

Create a free website or blog at WordPress.com.
Entries and коментари feeds.

%d bloggers like this: