НАГРАДЕТЕ ГО ВАШЕТО УЧИЛИШТЕ

Мај 29, 2013 во 13:36 ч. | Posted in Uncategorized | Напишете коментар

Почитувани наставници,

Програмата Microsoft Партнери во Учењето, како што беше најавено претходно, овозможи на сите наставници кои се заинтересирани да конкурираат за програмата Microsoft Educator Expert со образовни проекти и примена на ИКТ. Додека наставниците со најдобри проекти ќе учествуваат на Светскиот Форум на Мајкрософт каде наставниците ќе се соединат и споделат своите искуства на едно место.

Локалната канцеларија на Мајкрософт Ви овозможува освен на ниво на проект да освоите Вредна награда и на ниво на училиште со тоа што како критериум за освојување на наградата ќе биде бројот на испратени проекти од едно училиште т.е. Училиштето со најбројни испратени проекти ќе ја добие Главната награда на државно ниво. Наградата ќе биде наменета за потребите на самото училиште.

За сите наставници кои се заинтересирани да конкурираат на програмата Microsoft Educator Expert и да учествуваат на Светскиот Форум на Мајкрософт како и да добијат вредна награда на ниво на училиште, крајниот рок за доставување на проекти е 30-ти Септември 2013г. За аплицирање Ве молиме следете ги овие два клучни чекори:

1.       Доставете го вашиот проект онлајн  пополнувајќи го полето Learning activity на следниот линк  http://www.pil-network.com/resources/learningactivities/create. За да пристапите на апликацијата треба најпрвин да се регистрирате и најавите на http://www.pil-network.com/ Кликнете на Join ако се пријавувате за прв пат или кликнете на Sign In со вашата постечка адреса Windows Live ID ( Hotmail, Live, Outlook). Ве советуваме да почнете отсега да ја пополните апликацијата на проектот односно Learning activity и да го сочувате  проектот како драфт верзија за да можете во меѓувреме  да направите било какви измени се до крајниот рок на доставување (откога ќе кликнете Submit) на 30 Септември  2013. Само на овој начин ќе имам пристап да ја видам вашата работна верзија на проектот и да ве советувам и посочувам за подобрување на вашиот проект, се со цел да ја добите можност да станете учесник и да ја претставите Македонија на Светскот Форум.

2.       Пополнете го вашиот профил на  http://www.pil-network.com/PD/Application/miee и не заборавајте да го ставите линкот на вашиот проект (Learning activity) на оваа апликација.

Нека Вашето училиште биде носителот на наградата, а Вие почитувани наставници со својата креативност придонесете за успешноста на конкурсот преку кој вашиот проект ќе Ви донесе успеси на Вас и Вашето училиште.

За било какви прашања и информации Ве молиме слободно контактирајте не:

 

Vlora Ademi

Academic Program Manager | Microsoft Macedonia and Kosovo ( +389 2 3067 989 (Office) | +389 2 3061 330 (Fax) | +389 72 236 967 (Mob)

Mail: a-vademi@microsoft.com

или

Adrijana Selmani

| Mob. +389 75 899 172

Mail: pilmacedonia@live.com

Напиши коментар »

RSS feed for comments on this post. TrackBack URI

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s

Blog at WordPress.com.
Entries and коментари feeds.

%d bloggers like this: