Кога се оценува квалитетот нема мали и големи

Април 15, 2012 во 22:53 ч. | Posted in Uncategorized | 4 Коментари

Ако нешто се случи само еднаш секој може да каже дека било случајно. Дека ете се погодило, се поклопиле ѕвездите, се имало среќа, судбината била наклонета. Во тие случаи и најмалите можат да ги победат најголемите, и оние што сите ги потценувале да се истакнат и да бидат најдобри. Но, ако истото тоа се случи по втор пат, едно по друго, тогаш приказната е веќе друга. Никому не може идентично да се повторат сите овие предуслови и тогаш останува единственото логично објаснување – некој победува и е прв само затоа што е најдобар и што има квалитет.

Токму со овој вовед ќе го започнеме објавувањето на уште една победа на нашите наставници и тоа во Европска конкуренција, повторно помеѓу најдобрите и најиновативните наставници од стариот континент. Оваа година во Лисабон се одржа Европскиот форум на иновативни наставници и Македонија повторно учествуваше со победникот од националниот натпревар кој се одржа неколку недели порано во Скопје. За разлика од минатата година кога нашите наставници отидоа во Москва без никаков императив за победа и се вратија како победници, сега работата беше малку поинаква. Сега Македонија и македонското образование не беа непознати на европските наставници и на организаторот Микрософт кој секоја година ги собира на едно место и ги поттикнува да творат и да воведуваат новини во образованието и учење на учениците вештини од 21 век. Токму затоа на овогодинешните претставници работата им беше потешка и од фактот што на ова поле веќе некако се научивме да сме победници и да очекуваме многу. И се случи најдобрата варијанта. Повторно проектот на Македонија победи и тоа во категоријата „Избор на наставниците“ и исто како и минатата година колегите од цела Европа „симнаа капа“ пред иновативноста на нашите наставници и начинот како тие ги воведуваат најновите технолошки достигнувања во наставата и на најмладите им го доближуваат она кое подоцна ќе им биде неопходно за работа без разлика со што ќе се занимаваат во животот. Со тоа нашите претставници повторно се најдоа во вкупно 24 те победници колку што имаше во вкупно 6 категории. Конкуренцијата повторно беше на ниво, а се натпреваруваа вкупно 81 проект од повеќе од 40 европски земји кои што, да потсетиме, претходно победиле во своите земји и претставуваат најдоброто од таа земја. Сите 24 победници се стекнаа со право на учество на Глобалниот форум на иновативни наставници кои што оваа година ќе се одржи во Атина, Грција.

Проектот со кој што се натпреваруваа и победиjа беше навистина нешто ново и оригинално и претставуваше одличен спој на новите и бесплатни алатки на Микрософт, заедно со огромната иновација и креативност на тимот кој го предводеше Дарко Талески, наставник по ликовно во училиштата „Св. Кирил и Методиј“ во с. Канатларци, Прилеп и основното училиште „Пере Тошев“ од Десово. Наставниците ги искористија природните убавини на руралните места во кои предаваат и заедно со учениците собраа повеќе од 10.000 фотографии кои потоа ги искористија за креирање на преку 30 анимации во техниката „stop motion“. Учениците научија како најпрвин да планираат, потоа да соберат ресурси и користејќи ги достапните алатки да создадат анимации кои што потоа требаше и да ги презентираат. Анимациите изгледаат навистина одлично, со „сценарио и режија“, со музика и соодветни графички елементи за илустрација и објаснување. Ова беше сосема доволно да ги импресионира судиите но и колегите наставници кои што гласаа и ја доделија оваа награда.

Она што е доста важно и ги надминува границите на обично натпреварување и победа за лична сатисфакција на наставникот а треба да се истакне на овие натпревари организирани од Микрософт,  е тоа што тука не се оценува само примената на новите технолошки алатки во процесот на образованието, туку за да биде еден проект добар и за да може воопшто да се натпреварува треба во себе да ги содржи и таканаречените„вештини на 21 век“ кои што треба преку него да се пренесат на учениците. Пример за такви вештини се: колаборација, комуникација, учење и критично размислување, свесност за глобалните случувања и писменоста, иновативност и т.н. Покрај класичното образование и воспитување овие вештини се од круцијална важност во развојот и напредокот на човекот, а како и се останато, најдобро е да се научат уште од мали нозе. Колку повеќе деца и млади почнат на  време да ги изучуваат и што е уште поважно, да ги имплементираат овие научени вештини во секојдневниот живот и работење подоцна, толку тоа општество има поголеми шанси да успее во глобално поврзаниот свет, да го водат (политички и во бизнисот) луѓе кои што се доволно „опремени и вооружени“ со искуство и свесни за времето во кое живеат. Многу поедноставно е ако тие ученици кои можат да бидат лидери утре, ова го имаат прифатено за нормално и тие знаења се дел од нивната личност и образование отколку подоцна да мора да се учат за да се фати и да се држи чекор со останатите во светот.

А за тоа да биде така треба да се подобри и да се унапреди едукативниот процес кој што конечно треба да се претвори од класично пренесување знаења во процес на моделирање на комплетни личности кои што покрај знаењата ќе ги поседуваат и модерните вештини и способности и кои што после училишните клупи можат веднаш да застанат на нозе и надвор или во земјата и да се приклучат кон светската елита. За тоа пак да се случи, треба прво наставниците да го сменат концептот и начинот на кој предаваат и да излезат малку од училницата (буквално и во преносна смисла), вистински да го осознаат надворешниот свет и современата реалност, да ги научат прво тие новите алатки кои најчесто за нив се бесплатни, а потоа да најдат иновативен начин истите да ги пренесат и на своите ученици.

Програмата „Партнери во учењето“ на Микрософт го прави токму тоа. Им пружа шанса на сите заинтересирани едукатори, бесплатно да се вклучат во мрежата на програмата, да учествуваат во сите нејзини активности, да ги користат ресурсите и искуството кое компанијата им го нуди, но и да имаат шанса да застанат рамо до рамо со најдобрите од Европа и светот и да докажат дека нешто научиле. Последните две години, нашите наставници, под менторство на локалната канцеларија на Микрософт, посебно под раководителот на програмата г-ѓа Влора Адеми најдобро можно го искористија сето тоа и два пати по ред Македонија е во самиот врв во Европа но и на светското натпреварување, кога станува збор за иновации во наставата. Со ова се докажува дека ако политиката се тргне на страна и се оценува само квалитетот тогаш не постојат мали и големи земји, богати и сиромашни. Кога критериумите се јасни, а алатките достапни за сите постои само квалитет кој што ако се постигне тој носи и награди и признанија од цел свет.

4 Коментари »

RSS feed for comments on this post. TrackBack URI

  1. Почитувани колешки/ги,
    Честитки за победничкиот тим наставници и честитки до раководителот на програмата „Партнери во учењето“ на Микрософт, г-ѓа Влора Адеми.
    Оваа програма реално им овозможи на наставници да ја имаат улогата на амбасадори на македонското образование и во денешниот високо дигитализиран свет да промовираат дека не е „невозможна задача“ секој ученик во речиси сите структури на идни познати и непознати професии, да си ја пронајде сопствената, вистинска, алтернативна приказна за доживотно учење, личен и професионален развој како континуирано надградување. Користењето на огромната сложувалка, наречена PIL network, нуди клик за откривање на иновативни делови (puzzles), со проектни активности од широк спектар, и во широчина и во длабочина. Колку повеќе делови откривате, толку сложувалката гради развојно складиште за размислување во било која сфера и облик на лична манифестација на секоја возраст.
    Ако познатите преродбеници оставиле трага во историјата на образованието со своите залагања да го сочуваат културното наследство, тогаш верувам дека овие награди ќе направат одредена пресвртница во квалитетот на образованието во просветно-културниот и националниот живот на сегашната генерација ученици и наставници и ќе влезат во историјата на македонското образование.
    Срдечен поздрав

  2. Многу сум среќна бидејќи тии се млади наставници квалитетот се наградува секаде нека продолжат така поздрав од наставничката Маја Ничевска ОУ„Браќа РАМИЗ -Хамид“- СКОПЈЕ , учесник во третиот форум на иновативни наставниц

  3. Sekoja cest za nasite mladi kreativni nastavnici!

  4. Браво на нашите наставници !!
    Многу успех понатаму!


Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s

Blog at WordPress.com.
Entries and коментари feeds.

%d bloggers like this: