Microsoft Innovative Pathfinder Schools

Април 10, 2012 во 13:46 ч. | Posted in Uncategorized | Напишете коментар

 

 

Microsoft Innovative Pathfinder Schools

Микрософт и програмата Партнери во учењето имаа чест и задоволство да ги поканат сите македонски училишта кои имаат желба, можности и знаење да се вклучат во глобалните текови на модерниот едукативен процес и тоа и како консументи но и како креатори на истиот. Најновиот начин на кој што можат да го сторат тоа е истите да станат Pathfinder School (намерно нема да се обидуваме да го преведеме овој поим од две причини: прво, за да не створиме забуна со слободниот превод и второ – како што ќе прочитате понатаму – за да се учествува во оваа програма познавањето на англискиот јазик е задолжително.

Што е Microsoft Innovative Pathfinder Schools
Оваа програма им овозможува на избраните училишта во текот на една година колку што ќе бидат дел од неа да воведат промени во своето, работењето на другите училишта во нивната заедница, но и глобално. Училиштата кои ќе бидат дел од програмата ќе добијат пристап до голем број на ресурси кои што можат да ги искористат за да ги постигнат зацртаните цели и задачи.
За ова намера Microsoft Ве поканува да учествувате на кратка информативна средба на 12 април 2012 година од 11:00-12:00h (во просториите на Мајкрософт бул. Партизански одреди 62, Скопје). На ова средба ќе бидете информирани околу процесот на аплицирање за Microsoft Innovative Pathfinder School.

Искористете ја оваа прилика и ретка можност за да станете дела на светската мрежа на Мајкрософт иновативни училишта. Задолжително пристусво на директорот на училиштето или претставник на менаџмент тимот.

Ве молиме да го потврдите своето присуство на тел.02/ 3067 960 или на мејл адресата: v-bogeo@microsoft.com контакт лице Бојана Георгиевска тел.072 /581 050.
Во продолжение накратко за придобивките и обврските на училиштата кои сакаат да бидат дел од оваа мрежа.

Придобивки

Покана за учество на Глобалниот форум на иновативни наставници каде што се собираат најдобрите и најиновативните наставници од цел свет.

Консултации и поддршка од најдобрите наставници во светот

Тренинзи од обучени ментори кои што во својот напредок и имплементацијата на најновите алатки и техники на учење се еден степен погоре и веќе се делегирани да предаваат и обучуваат.

Обуки за користење на Микрософт алатките од експерти кои што посебно се тренирани за обука на наставници-
Можност за соработка со наставниците од цел свет .

Обврски

Најмалку една година активно учество во програмата
Учество во Глобалниот форум на иновативни наставници . Одговорниот за програмата во училиштето и уште еден член од тимот задолжително мораат да присуствуваат на состанокот кој се одржува во рамки на Глобалниот форум на едукативни наставници

Учество во работилниците организирани од Virtual University. Ова се работилници
на кои се дискутира за теми поврзани со иновативноста и трансформацијата на училиштата.
Организација на 2-3 иновативни настани во училиштето. За ова треба активна соработка со локалниот менаџер на Програмата партнери во учењето.

и уште неколку други…


Детален преглед на придобивките и обврските кои што произлегуваат од учеството во програмата Microsoft Innovative Pathfinder Schools, како и за начинот на кој што може да аплицирате можете да најдете на http://www.pil-network.com/pathfinderapplication
Исто така со ова сакаме да ве поканиме и на он-лине презентацијата на придобивките и запознавањето со програмата која ќе се одржи на 16 април и тоа во две сесии. За детали ќе бидете известени дополнително, а вие продолжете да ги следите објавувањата на овој официјален блог на програмата Партнери во учењето, каде што знаете дека за да учествувате во било која од активностите треба да сте член на Мрежата на иновативни наставници.

Напиши коментар »

RSS feed for comments on this post. TrackBack URI

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s

Blog at WordPress.com.
Entries and коментари feeds.

%d bloggers like this: