Трет Мајкрософт Иновативен Форум на Наставници

Февруари 29, 2012 во 23:41 ч. | Posted in Uncategorized | Напишете коментар

Почитувани,

Ни претставува огромна чест и задоволство по ТРЕТ ПАТ да Ве поканиме на овогодинешниот државен натпревар Микрософт форум на иновативни наставници, организиран од прoграмата на МикрософтПартнери во учењето“ на 5 март 2012. Мајкрософт Форум за наставници е национален, европски и светски најпознат натпревар кој што им дава можност на најдобрите наставници да ги практикуваат елементите за учење од 21-от век и притоа да ги вклучат стекнатите вештини во подобрување на рпоцесот на учењето со употреба на иновативна технологија. Темата на овогодинешниот натпревар е „Подобрување на процесот на учење и предавање со ефективно користење на технологијата во училницата и надвор од неа.“

Ќе ни претставува задоволство  да ве поканиме да бидете наш гостин на настанот кој ќе се одржи на 5 март 2012 г., во Бизнис Центар -Скопски Саем, со почеток во 10.00 часот каде ќе се доделат наградите за најуспешните проекти. Во меѓувреме ќе имате можност да ги разгледате изложените проекти на наставниците и нивната значајна работа во нашата држава.

Првонаградениот наставник  ќе ја претставува Република Македонија на Европскиот Мајкрософт Иновативен Форум за наставници, кој ќе се одржи во Лисабон, Португалија во 19 -23 Март 2012 г. Проектите кои ќе добијат второ и трето место ќе бидат  наградени од страна на Мајкрософт. Учесниците во натпреварот ќе имаат можност меѓусебно да гласат и изберат најдобар проект кој што исто така ќе биде награден.

Важно за натпреварувачите – поради ограниченост на просторот ве молиме да присуствуваат само наставникот-носител на проектот и максимум двајца наставници-соработници без присутство на ученици.

Ве молиме да го потврдите своето присуство  најдоцна до 02.03.2012, на тел.02/ 3067 989 или на мејл адресата: v-bogeo@microsoft.com контакт лице Бојана Георгиевска тел.072 /581 050.

За подетални информации Ве молиме разгледајте ја агендата која ја испраќаме во прилог.

Ајде заедно да го прославиме достигнувањето на иновативните наставници и училишните лидери.

Со почит,

Тимот на Мајкрософт

Напиши коментар »

RSS feed for comments on this post. TrackBack URI

Напишете коментар

Blog at WordPress.com.
Entries и коментари feeds.