Нова верзија на мрежата Партнери во учењето

Февруари 8, 2012 во 21:48 ч. | Posted in Uncategorized | Напишете коментар

Почитувани членови на мрежата Партнери во учењето,

Задоволство ни е да ви ја претставиме новата верзија на мрежата Партнери во учењето која што можете да ја погледнете на www.pil-network.com. Нашата мрежа е базирана на темата „Вашата идеја ни е важна“. Ова е заедница за вас, од вас, и во иднина ќе ги афирмира и поттикнува секојдневните работи и успеси кои што ги постигнуваат и остваруваат членовите на мрежата Партнери ви учењето. Имајќи го сето ова предвид, ве покануваме и вие да се вклучите и да ги испробате можностите на овој глобален извор на ресурси и да и се приклучите на заедницата во која ве охрабруваме да ја засилите соработката и да ги раширите идеите кои ги имате, се со цел да го подобриме системот на образование насекаде во светот.

Новата и подобрена мрежа Партнери во учењето претставува следна генерација на глобална мрежа која се става на услуга на наставниците и другите вклучени во образовниот процес од вкупно 115 земји во светот. За да биде уште подостапна и пристапна за иновативните наставници од цел свет, со користење на можностите на Microsoft Translatorм содржините во оваа мрежа се преведени на вкупно 36 светски јазици. Подобрената мрежа на Партнери во учењето им пружа многу предности и погодности на наставниците меѓу кои како поважни ќе ги споменеме:

user generated learning activities Активности за учење креирани од членовите
access to free tools Пристап до бесплатни алатки и туторијали
Community member search Пребарување и пронаоѓање на членови од заедницата
recognition badge tools Систем на наградување и признанија во вид на беџови
36 jazici Содржини достапни на 36 јазици
dinamic personal profiles Динамични профили кои лесно се нагодуваат

Дел од корисниците кои ја тестираа новата мрежасе додека беше во т.н. бета фаза изјавија:

„Мрежата Партнери во учењето на на наставниците им нуди пристап до една он лајн заедница во која што има изобилие од корисни продукти за преземање, бесплатни туторијали, активности и дискусии. Навистина ми е мило и возбуден сум што можам со наставници од цел свет да споделувам идеи и ресурси кои потоа можат да ги користат сите наши ученици во, но и надвор од училницата“

„Ова не е само социјален сајт. Ова е „ковчег со богатство“ полн со ресурси, планови за учење, и бесценети содржини за учење креирани од најдобрите во светот“

„Како можност за професионално надградување мрежата Партнери во учењето е нешто најголемо кое нема конкуренција. Колку повеќе наставници и училишта успееме да вклучиме вол неа толку подобри резултати пи придобивки ќе има за сите.

За да се вклучите и вие посетете ја веб страницата www.pil-network.com каде што:

  • Ќе креирате динамичен личен и професионален профил во кој ќе ги вметнете вашиот блог, Facebook и Twitter страници
  • Ќе добиете пристап до 30-тина бесплатни алатки, прирачници и видеа за тоа како да ја користите технологијата во рамките на вашата училница
  • Ќе ја промовирате својата работа со тоа што ќе поставите ваши наставни планови, активнсоти,
  • Ќе го споделите своето искуство со тимот кој стои зад оваа мрежа преку емаил адресата Contact-PILN@microsoft.com .

Уживајте,

Партнери во учењето

Напиши коментар »

RSS feed for comments on this post. TrackBack URI

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s

Blog at WordPress.com.
Entries and коментари feeds.

%d bloggers like this: