Пoкана за учествo на Фoрумoт за безбеднoст на децата на интернет

Јануари 24, 2012 во 15:27 ч. | Posted in Uncategorized | 2 Коментари

Почитувани,

Со особена чест и задоволство Ве информираме дека на 27 јануари 2012 година, во организација на Дирекцијата за заштита на личните податоци и Microsoft Македoнија ќе се одржи настанот Кликни безбедно. Овој настан воедно претставува и трета кампања за безбедност на децата на интернет на Microsoft Македонија, а шесто одбележување на Европскиот ден за заштита на личните податоци од страна на Дирекцијата за заштита на личните податоци.

Заедничката цел на Microsoft Македонија и Дирекцијата за заштита на личните податоци е подигнувањето на јавната свест за безбедноста на децата на интернет, а истовремено да се зголеми свеста кај наставниците и родителите кога станува збор за заштитата на најмладите на интернет. Интернетот на сите ни нуди безброј можности, креираме свои профили на Facebook, посетуваме други, “симнуваме” музика и филмови, разговараме со пријателите на Skype, MSN, споделуваме фотографии но и други поинтимни работи. Истовремено интернетот може да биде и безмилосен, кога веќе нешто ќе се објави онлајн, доцна е за да кликнеме UNDO! Затоа треба да кликнеме БЕЗБЕДНО.

За одбележувањето на овогодинешниот настан беше распишан поетски и ликовен конкурс насловен КЛИКНИ БЕЗБЕДНО каде право на учество имаа учениците од основните училишта. Најдобрите избрани дела ќе бидат изложени токму на овој настан, веднаш по одржувањето на конференцискиот дел во кој пак ќе бидат презентирани актуелните состојби од областа на интернетот и неговото безбедно користење. И не само тоа. За време на настанот ќе се поделат и сет од едукативни и промотивни содржини наменети за сите присутни во форумот.

Ќе ни биде особена чест и задоволство, доколку и Вие со Вашето присуство дадете придонес во афирмација на сигурната интернет комуникација како основа за заштита на приватноста. За подетални информации Ве молиме разгледајте ја агендата која ја испраќаме во прилог.

Ве очекуваме.

Со почит,

Тимот на Microsoft Македонија и Дирекција за заштита на личните податоци.

2 Коментари »

RSS feed for comments on this post. TrackBack URI

  1. Почитувани,
    Со задоволство го потврдувам своето присуство на Вашиот настан и ја поздравувам Вашата посветеност за безбедноста на децата на интернет.
    Срдечен поздрав, Марина Василева

    • одличен настан, и едукативен пред се, и би ми било чест и задоволство да слуснам за се што се однесува за истото,кое се надевам ќе допринесе за поголема безбедност на децата на „интернет„, и само да ми кажете каде и во колку часот ќе биде тој настан,бидејки сум на работа(училиште), па и би Ве замолила ако може покана која би ја доставила до училиштето за мое учество на манифестацијата.
      Со почит,
      м-р. Слаѓана Т Стаменкова,070268889
      slagana_stamenkova@yahoo.com
      http://www.ekozvonce.wordpress.com


Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s

Create a free website or blog at WordPress.com.
Entries and коментари feeds.

%d bloggers like this: