Ликовен и поетски конкурс

Декември 21, 2011 во 10:33 ч. | Posted in Uncategorized | 3 Коментари

ДО ОСНОВНИТЕ УЧИЛИШТА ВО Р. МАКЕДОНИЈА

Почитувани,

Сојузот за грижи и воспитувања на децата на Македонија во соработка со Дирекцијата за заштита на личните податоци и Микрософт Партнери во Учењето Македонија, спроведува поетски и ликовен конкурс насловен КЛИКНИ БЕЗБЕДНО каде право на учество имаат сите ученици од основните училишта во Македонија, односно сите до 15-годишна возраст.

Поетскиот и ликовен конкурс се распишува по повод одбележувањето на 28-ми јануари – Европски ден за заштита на личните податоци , а темата која гласи „Кликни безбедно“ се однесува на заштитата на приватноста и личните податоци на најмладите на интернет. Интернетот на сите ни нуди безброј можности, креираме свои профили на Facebook, посетуваме други, „симнуваме“ музика и филмови, разговараме со пријателите на skype, MSN, споделуваме фотографии но и други поинтимни работи. Истовремено интернетот може да биде и безмилосен, кога нешто веќе ќе се објави он-лајн, доцна е да кликнете UNDO! Затоа треба да кликнеме БЕЗБЕДНО.

Најважно е детските песни и детските ликовни творби да бидат оригиналнии тоа е единствен критериум за оценување. Но, доколку сакате да ја покажете дополнително својата креативност и да се одвоите од другите ви предлагаме две солуции од Микрософт кои се лесни за користење, а нудат сосема доволно опции.

– Првата е програмата Paint, а наменета е за оние кои ќе испратат ликовни дела. Ја има преинсталирано во секој Windows а со неа можете да цртате слободни лини и форми, да ги боите или пак да вметнувате текст со различни фонтови се со цел да ја пренесете вашата порака. Имате голем избор на четки и предефинирани форми, а доколку ја користите новата верзија која е дел од Windows 7, тогаш опциите се во лента сите на дофат на раката.

– Со втората опција ќе се обидеме да откриеме уште еден ваш талент драги ученици, а тоа е музикалноста. Зошто ако можете, на вашата песничка не и дадете и музичка позадина. Како? Едноставно. Превземете го Microsoft Songsmith од http://research.microsoft.com/en-us/um/redmond/projects/songsmith/download.html и инсталирајте го. Следно изберете нов проект и стил во кој сакате да биде вашата позадинска музика. Со избор на темпото, завршуваат нагодувањата и спремете се за рецитирање, а songsmith ќе ви креира музичка позадина на која можете да и ги менувате и основните делови само со лизгање на лизгачи. На крај снимете и испратете ни ја.

Детските песни, покрај на македонски, можат да бидат пишувани и на друг јазик доколку во училиштето се изведува настава на тој јазик.

Учесници на главната манифестација ќе бидат најдобрите 30 ученици заедно со нивните ментори (15 од ликовна и 15 од поетска област). Дирекцијата за заштита на личните податоци и Микрософт Македонија ќе обезбедат награди, дипломи и благодарници за најдобрите. Главната манифестација ќе се одржи на 27 јануари 2012 година во рамките на одбележувањето на Европскиот ден за заштита на личните податоци за што најдобрите ќе бидат дополнително известени. Творбите пожелно е да се испратат до 31.12.2011 но не подоцна од 10.01.2012 година на следните емаил адреси: info@sgvdm.org.mk и pilmacedonia@live.com

Секоја творба задолжително треба да содржи име и презиме на ученикот, основно училиште, место и ментор. За наставниците ЗАДОЛЖИТЕЛНА е регистрацијата во Мрежата на иновативни наставници – Партнери во учењето. Кратко упатство како да го направите тоа имате тука.

Поканата е упатена до сите ученици од основните училишта ширум Републиката.

Со почит,

Сојуз за грижи и воспитувања на децата на Македонија,

Програма „Партнери во учењето“Микрософт Македонија и

Дирекцијата за заштита на личните податоци

3 Коментари »

RSS feed for comments on this post. TrackBack URI

  1. ДАЛИ КЕ СЕ ДОБИЕ СЕРТИФИКАТ ЗА УЧЕСТВО НА СИТЕ НАСТАВНИЦИ, И КОЈ СЕ НАГРАДИТЕ ВООПШТО?

  2. Zdravo! Bi sakal da ve prasam do kade stasa konkurov, sto se sluci, dali ima nekakvi rezultati?
    Jas ucestvuvav i vo likovniot i vo poetskiot, ve molam da me izvestite.
    Pozdraav

  3. Trebase da dadete sertifikat na site sto ucestvuvaa so nekakva tvorba- barem toa bese lesno ke ni go pratevte po e-mail (ke si go napisevme naseto ime i ke si go isprintavme) a vaka ke razmislime dali dogodina ke ucestvuvame.


Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s

Create a free website or blog at WordPress.com.
Entries and коментари feeds.

%d bloggers like this: