Покана за Трет форум на иновативни наставници

Декември 12, 2011 во 15:27 ч. | Posted in Uncategorized | Напишете коментар

 

banner 3 pil

Почитувани наставници,

Ни претставува огромна чест и задоволство и по ТРЕТ ПАТ да ве поканиме на овогодинешниот државен натпревар Микрософт форум на иновативни наставници, организиран од прoграмата на Микрософт „Партнери во учењето“. Темата на овогодинешниот натпревар е „Подобрување на процесот на учење и предавање со ефективно користење на технологијата во училницата и надвор од неа.“

Овој трет по ред Форум на иновативни наставници, како и претходните два има за цел да ги охрабри наставниците да воведуваат нови пристапи и проактивно да ги користат новите технологии во образовниот процес со што на учениците полесно и „поприродно“ ќе им ги наметнат истите и ќе ги оспособат да работат со нив. Право на учество имаат сите наставници од сите училишта од Р. Македонија, сами или во тим од неколку (што ги охрабруваме бидејќи токму соработката е една од целите кои сакаме да ги постигнеме со овие натпревари). Победникот ќе ја претставува Македонија на Европскиот форум на иновативни наставници кој оваа година ќе се одржи во периодот 21-23 март 2012 година во Лисабон, Португалија.

Вашиот проект пред се треба да биде иновативен и оригинален и да може да се опише најмалку со една од овие карактеристики:

  • Учење надвор од училница
  • Напредна употреба на Microsoft апликациите и алатките
  • Колаборација помеѓу сите вклучени во проектот и надворешни лица
  • Градење бази на знаења и критичко размислување

Вие слободно комбинирајте или применете ги сите овие насоки, но не ограничувајте се. Иновацијата е тоа што е пресудно!

Форумот на иновативни наставници иако се одржува само по трет пат сепак за ова кратко време успеа да го презентира најдоброто од нашите наставници и тоа во светки рамки. Проектот „Бабини игри“ кој беше победник на минатогодишниот локален натпревар најпрвин како наш претставник замина во Москва на Европскиот форум на иновативни наставници и од таму се закити со вредна награда доделена од страна на колегите или Educators choice. Со тоа овој проект и нашите наставници се квалификуваа на Глобалниот форум на иновативни наставници кој во ноември се одржа во Вашингтон, САД. Наградата и тука беше потврдена но сега во светски рамки, повторно доделена и од жирито и од колегите – второ место во свет според изборот на наставниците и судиите!

На овој линк ќе најдете избор од неколку други проекти во VCT формат кои што ги избравме како пример кои можат да ви дадат претстава за тоа какви проекти победиле на минатогодинешниот натпревар, а за да ги погледнете сите посетете ја официјаланата страна на мрежата партнерти во учењето http://www.partnersinlearningnetwork.com , пријавете се преку опцијата Sign In со вашата Live корисничка сметка и со помош на алатките за пребарување под Community побарајте ги листите на победници на европскиот и глобалниот форум, како на пример European Forum Moscow . Oткога ке се појави тој фолдер проектите пребарувајте ги под делот на VCT upload.

Сега е вашиот ред да добиете шанса да го повторите, па и надминете успехот на вашите колеги, и затоа следете ги овие неколку чекори во продолжение:

1. Зачленување во мрежата „Партнери во учењето“

Како и за учество на сите проекти во организација на Микрософт Македонија и програмата „Партнери во учењето“, најпрвин ЗАДОЛЖИТЕЛНО треба да се зачлените во Мрежата на иновативни наставници – https://pilmacedonia.wordpress.com/ Сите проекти кои се пристигнати од наставници кои што не се дел од оваа мрежа, за жал, нема да бидат земени предвид. Зачленувањето е многу едноставно, а подетални инструкции ке најдете овде.

2. Пројавување на интерес

Откако се зачленивте или пак веќе сте членови тогаш продолжуваме понатаму. Следно ќе треба да ја пополните формата за поднесување пријава која се наоѓа овде. Рокот на поднесување на оваа пријава заедно со VCT образецот (види подолу) е 20 февруари 2012 година.

3. Поднесување на проектот

Поднесувањето на проектот започнува со преземање на VCT (Virtual Classroom Tour) образецот кој е изработен во Power Point и е многу едноставен за користење (превземи тука). Самиот е дизајниран така да ви помогне брзо и едноставно да го опиишете вашиот проект и фазите на негово дизајнирање, чекор по чекор.

Следно е неговото поднесување, на емаил адресата pilmacedonia@live.com , заедно со сите дополнителни материјали и тоа најдоцна до 20 февруари 2012 година.

И тоа е се што треба да направите. Се надеваме дека успехот на Вашите колеги од минатата година ќе ви даде поттик да се ангажирате и да изработите уште подобри проекти и гордо да ја преставувате Македонија на следниот Европски, па и Светски форум на иновативни наставници.

Со почит,

М-р Влора Адеми

Раководител на академската програма

Микрософт

Напиши коментар »

RSS feed for comments on this post. TrackBack URI

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s

Blog at WordPress.com.
Entries and коментари feeds.

%d bloggers like this: