Сертификати и честитки за „Бабини игри“

Април 14, 2011 во 08:22 ч. | Posted in Uncategorized | 1 Коментар

На 6 април, по повод големиот успех на проектот „Бабини игри“ на Европскиот Мајкрософт Иновативен форум кој се одржа од 21 до 25 март во Москва, во ОУ „Кирил и Методиј“ во Скопје се оддржа свечен коктел на кој се собраа учесниците, организиаторите и претставниците на Владата на Република Македонија заедно да го прослават овој историски успех.

slika koktel

Коктелот го отвори г-ѓа. Горица Велковска, директорка на училиштето-домаќин, а веднаш после неа на пристутните кратко им се обрати г. Илијанчо Гаговски, генерален менаџер на Мајкрософт Македонија. Се разбира, тука беше и г-ѓа. Влора Адеми, раководител на програмата „Партнери во учењето“ која е со наставниците од самиот почеток и токму нејзиниот ангажман во поглед на едукација, организација и мотивирање на наставниците е еден од „главните виновници“ за овој голем успех.

Свој збор земаа и претставниците на Владата на Република Македонија, министрите Никола Тодоров (образование и наука) и Иво Ивановски (информатичко општество) кои го истакнаа своето задоволство од постигнатиот резултат и ветија понатамошна посветеност на Владата во процесот на инкорпорирање на новите технологии во училиштата во Македонија.

Учесниците имаа можност од прва рака да се запознаат со проектот „Бабини игри“, благодарение на богатата презентација која ја спремија реализаторите на проекто и нивните ученици. За овој успех,сите 11 наставници од 5-те училишта колку што учествуваа во него, добија сертификати со кои што се оддаде признание за нивната досегашна работа, а истовремено им се даде поттик да продолжат да работат и успешно да го претстават проектот и на Светскиот Мајкрософт иновативен форум кој ќе се одржи во ноември во Вашингтон Д.Ц, САД и на кој Македонија за прв пат ќе земе учество.

1 Коментар »

RSS feed for comments on this post. TrackBack URI

  1. Честитки за вашиот голем успех, навистина бевте најдобри.

    Поздрав од

    ОУ Коле Канински Битола


Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s

Create a free website or blog at WordPress.com.
Entries and коментари feeds.

%d bloggers like this: