Мајкрософт тимот на гости во Вашето училиште!

Април 7, 2011 во 14:27 ч. | Posted in Uncategorized | 3 Коментари

Ни претставува задоволство да Ве информираме за најновите активности на локалната канцеларија на Мајкрософт во Македонија, кои се однесуваат пред се на Вас наставниците и учениците.

Имено, тимови на Мајкросфт Македонија ќе ги посетат сите заинтересирани основни училишта кои ќе покажат интерес и ќе одржат предавања во врска со опасностите и заканите кои ги демнат децата на интернет и алатките и сервисите кои што Мајкрософт ги нуди за заштита од истите. Овие кратки презентации може да бидат во склоп на часовите или како вон-школска активност. Тоа зависи од вас наставниците кои што ќе се нафатите да бидете домаќини. Покрај знаењата и искуството кое овие професионалци ќе се обидат да го пренесат на вас и вашите ученици, за истите се предвидени и едукативни и забавни материјали, како и пригодни награди.

Што треба вие да направите? Најдоцна до 15.04.2011 година да ни пратите потврда дека сте заинтересирани тимот на Мајкрософт да го посети вашето училиште и накратко да ни опишете како сте замислиле да се одржи предавањето. Ние ќе ја организираме посетата, заеднички ќе ги дефинираме деталите и ќе оствариме уште една, се надеваме успешна, средба која што ќе го продлабочи нашето пријателство и ќе ја покажеме нашата искрена посветеност и желба да помогнеме и да го подобриме образованието и образовниот процес во Македонија.

Поради неможноста физички да се посетат сите училишта, честа и задоволството да се дружат со Тимот на Мајкрософт ќе го имаат оние наставници кои први ќе се пријават и ќе помогнат во организацијата на предавањето. Значи, посетите ќе се реализираат по принципот „Прв пријавен, прв посетен“, па затоа побрзајте.

И не заборавајте, за да учествувате во оваа и во сите следни настани и активности организирани од Мајкрософт и програмата „Партнери во учењето“, задолжително е да пријавите свој е-маил на официјалниот блог на програмата https://pilmacedonia.wordpress.com/ во полето „Пријавете е-маил“.

Со почит,

Тимот на Мајкрософт Македонија

3 Коментари »

RSS feed for comments on this post. TrackBack URI

  1. OOU,,Josip Broz Tito Valandovo

  2. ООУ „Маршал Тито“ – Струмица
    Ѕвонко Николов

    ООУ „Сандо Масев“ – Струмица
    Билјана Николова

    Сакаме посета од Мајкрософт и програмата „Партнери во учењето“

  3. Ние почнавме со работа, чекаме одговор дали ќе бидете гости во нашето училиште, затоа што крајто на школската година се приближува, исто така дел од обврските имат и учениците од VIII одд. кои уште малку заминуваат. Дали ќе бидете гости во нашето училиште и кога.
    Со почит ОУ „Цветан Димов“- Чаир


Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s

Create a free website or blog at WordPress.com.
Entries and коментари feeds.

%d bloggers like this: