Интервју со наставниците Марина Василева и Добри Јовевски

Април 7, 2011 во 14:04 ч. | Posted in Uncategorized | Напишете коментар

Како што ветивме, така и остваривме. Веднаш штом си дојдоа во Македонија и ги средија импресиите, направивме ексклузивно интервју со двајцата наставници на проектот „Бабини игри“ кој што ни ја донесе највисоката награда на Европскиот форум на Програмата „Партнери во учењето“ кој се одржа во Москва и не направија горди. Еве во продолжение од прва рака за тоа како се подготвувале, импресии од натпреварот и подготовки за Светскиот форум.

intervju pil

Здраво. Најпрвни честитки за големата победа на Европскиот форум на програмата Партнери во учењето. Што, според вас, беше она пресудното во Вашиот проект кое што ги осви симпатиите на сите таму?

Марина Василева: Благодариме за честитките. Освоената награда на Европскиот форум на програмата Партнери во учење најмногу радост им донесе на вредните ученици кои ги оживеаа заборавените Бабини игри, како и многу наставници од цела Македонија кои веста ја споделија на социјалните мрежи, веднаш по прогласувањето во Москва.  Овој успех, не се должи само на освоените симпатии. Гердан од многу алки стојат позади освоената награда. Првата алка која носи најмногу поени според критериумите на судиите е оригиналноста на идејата, јасно дефинирани цели, истражувачки активности на учениците, темелни подготовки на планирањата, опис  на текот на процесот на активностите на учениците, како и податливоста на проектот за реализирање на цели од Националниот курикулум, проткаено со креативното користење на едукативните алатки кои ги нуди Microsoft за наставниците. Но исклучително значајна алка се насоките кои ги добивме од   Раководителот на академската програма Партнери во учењето, Г-ѓа Влора Адеми, која своето искуство од претходните учества на овие форуми, несебично го сподели со тимот во корисни совети за поексплицитно претставување на идејата на проектот преточена во визија и мисија. Од Македонија учествуваа два проекти Безбедно на Интернет и Бабини игри. Нејзината улога во минутите кога наставникот го презентира проектот пред судиите исто така имаше огромен допринес, нејзината енергија успеваше да ја крене нашата самодовербата и да ја победиме тремата која провејуваше тие моменти.

Добри Јовевски: Благодарност за честитките. На учеството на Европскиот форум се претставивме со проектот „Бабини игри“ каде успеавме со иновативно користење на  едукативните софтвери на Микрософт  технологијата да ги доближиме мултикултурните традиционални вредности пред поширокиот аудиториум. Соодветно дизајнираниот промотивен материјал ја поттикна љубопитноста кај останатите учесници да бараат повеќе информации за тоа каква е поврзаноста на старите бабини игри од македонските простори со наставниот процес.

Можете ли да ги споделите дел од импресиите што ги носите од таму? Каков беше квалитетот на проектите на останатите и воопшто организацијата?

Марина Василева: За прв пат учествуваме на Европскииот  форум Партнери во учењето. Откако ја освоивме првата награда на националниот натпревар на Вториот  форум на иновативни наставници од Microsoft, Партнери во учење, тука во Македонија, многу бевме заинтересирани за квалитетот на проектите кои се натпреваруваат, заклучивме дека условите во кои работат европските наставници, технологијата која им е на располагање, овозможува високи стандарди во едукативното реализирање на квалитетот и нивото на проектите активности.
Организацијата на иновативниот форум Партнери во учењето, Microsoft, беше на мошне високо ниво. Наставниците беа сместени во најексклузивните хотели во Москва, во Holiday IN Симоновскаја. Презентацијата на проектите се одвиваше во друг хотел Renesance, но со организиран превоз со автобуси. Во хотелот имаше сала во која секој проект имаше свој број на штанд за презентација на проектната активност и веднаш секој наставник-автор на проектот доби агенда со активности за целокупниот настан. Распоред со време на посети на судиите кои ќе го оценуваат проектот. Во меѓувреме имаше простор да се запознаат наставниците меѓусебно, да споделат контакти за понатамошна соработка и да пренесат во својата средина искуство од останатите проектни активности. Вториот ден, покрај продолжувањето на презентацијата на проектите,  имаше работилници за користење нови едукативни алатки кои ги нуди Microsoft, работилници за соработка SHOUT, како и претставување на успешни проектни активности од различни училишта. Значи имавме можност да ги слушнеме најновите постигнувања и трендови во европскиот едукативен ситем благодарение на програмата Партнери во учењето . Ме воодушевија квалитетните проекти, од кои  можат многу наставници да се инспирираат во своето одделение со своите ученици да имплементираат ИКТ во наставата. Нешто за кое сонувам неколку години се електронски ресурси за наставници и ученици, а таков проект имаа колешките од соседна Бугарија. Овој форум наликуваше на непресушен бунар на иновативни идеи, кои лесно  се црпат и успешно да се имплементираат во нашата средина. Додека ги слушав и гледав моите колеги од Европа, постојано ми се редеа мисли, па ова можам и јас со моите ученици……еј ова е супер идеја.  Благодарам Microsoft, благодарам Партнери за учење, се вратив побогата со искуство кое ќе го споделам со сите мои колеги и ученици.

Добри Јовевски: Задоволство е да се учествува на еден ваков престижен настан каде на едно место се собрани најиновативните наставници од Европските држави. Ова е манифестација каде може многу да се види и научи за начинот на интегрирање на  информатичката технологија во наставните програми и содржини на извонредно креативен начин.  На овој Европски форум земаат учество наставниците со своите проекти од над 40 европски држави. Следејки ги наградените проекти од претходните форуми на Microsoft innovative teachers од година во година квалитетот на проектите е на се повисоко ниво. Оваа година на Форумот во Москва можеше да се видат одлични проекти и многу креативни наставници.  Голем впечаток ми остави проектот од Бугарија за е-волонтери како и проектот Туристичка агенција во мојата училница од  Холандија. Организацијата ги задоволуваше потребите за еден настан од ваков вид.

Дали и како се подготвувате за Светскиот форум. Дали и што е преземате за да ги импресионирате и судиите и учесниците на овој натпревар, со оглед на тоа што е се натпреварувате пред најдобрите од цел свет?

Марина Василева: Проектот Бабини ири е мултикултурно патување низ традиционалните обележја со креативно користење на комјутерите како алатка за учење. Проектот претставува мост помеѓу традиционалното и современото. Играта е користена како метод за работа со кој се реализираа наставните цели предвидени со Националниот курикулум, а комјутерите како алатката преку која учениците истражуваа, развиваа критичко мислење и се стекнуваа со вештини од 21 век. Отворените видеоконференциски часови овозможија споделување на информациите без оглед на средината во која учат и живеат учениците. Но проектот не застанува со своите активности, Bing мапата со потекло на игрите се збогатува, кон проектот Бабини игри се вклучија и уште неколку држави, Швајцарија, Црна Гора, Бугарија, значи одиме и на поширока соработка со другите држави. Планираме да реализираме Фестивал на Бабини игри кој ќе привлече внимание на многу деца и наставници од нашата држава, кој треба да добие димензија на традиција. Паралелно работиме на креирање на веб страна со Бабини игри како и имплеменрирање на новите едукативни алатки за наставниците кои ги научивмеод Microsoft, Партнери во учењето во Москва. Во сите училишта распишан е конкурс за текст за песна Бабини игри, кои учениците ќе ги постираат на веб страната, а во план е учениците со алатката од Microsoft за снимање звук да компонираат и снимат музика за текстот кој ќе добие најмногу гласови од распишаниот конкурс. Во училиштата се организираат бабини средби, каде бабите раскажуваат кои игри ги играле кога биле деца, а учениците снимаат со флип камери видео записи од кои ќе состават во Movie Maker филм за бабините игри во Макдонија.

Добри Јовевски: Подготовките се одвиваат интензивно и целата платформа на проектот ја подигаме на едно повисоко ниво со тимска работа на носителите на проектот и соработниците. Свесни сме дека ќе се натпреваруваме со најиновативните наставници од Светот што претставува огромен предизвик за мене. Продолжуваме со развивање на силните страни на проектот, но и подобрување на некои сегменти во проектот. Тоа значи усовршување и проширување на употребата на алатките од Микрософт едукативните софтвери со цел да се добие повисок квалитет на вклученост на ИКТ во обработка на програмски содржини. Се консултираме и со дизајнерот на промотивниот материјал Стојанче Величковски за подобрување и проширување на промотивниот материјал за да го претставиме проектот во вистинско светло на Светскиот форум на Microsoft innovative teacher.

Што би им порачале на вашите колеги од Македонија? Која е „тајната“ за да се победи на едно вакво значајно Европско натпреварување?

Марина Василева: Не знам дали постои тајна формула за победа, знам дека работев со многу голема енергија, љубов и желба да влијаам на свеста на децата дека комјутерите се алатка за учење,  а со играње на игри да ги постигнат предвидените образовни цели. Но можам да препорачам дека следните победници, идната година, треба да ги следат советите на Раководителот на академската програма Партнери во учењето, Г-ѓа Влора Адеми, бидејќи од особена важност е умешноста со густа мисла да се преслика во зборови целокупниот проект во траење од неколку минути пред судиите. Да се обидат да размислуваат за добар маркетинг на својот проект, да се потрудат да го привлечат вниманието на своите колеги,  да научат, да  слушнат, да видат и да пренесат дома како работат европските образовни институции. Да бидат комуникативни, да споделуваат контакти и да уживаат во моментите кои Microsoft Партнери во учење го нуди како награда на иновативните наставници.
Добри Јовевски: Тајната на успехот е оригиналната идеја за Бабините игри, која е едноставна и блиска до секое дете,  претставена со изонредно креативно осмислени и издизајнирани дигитални продукти со едукативните програми  на  Микрософт.
Целокупната поддршка од сите колеги наставници и училиштата вклучени во проектот, примена на знаењата и вештините здобиени на обуките од УСАИД (ПЕП) и МОН, насоките од Микрософт Партнери во учењето, како и подршката на  Локалната самоуправа беше  значаен елемент кој треба да се примени на идни вакви настани.

За крај, Ви посакуваме многу среќа и успех на Светскиот форум.

Напиши коментар »

RSS feed for comments on this post. TrackBack URI

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s

Create a free website or blog at WordPress.com.
Entries and коментари feeds.

%d bloggers like this: