Македонија победи во Москва!

Март 26, 2011 во 10:06 ч. | Posted in Uncategorized | 4 Коментари

Во своето второ учество на Европскиот форум на иновативни наставници кој оваа година се одржа во Москва, Русија, Македонија успеа да ја освои престижната Гранд при награда „Educators Choice“. Проектот „Бабини игри“ на Марина Василева ги победи проектите на 80-тина наставници и беше прогласен за најдобар. Таа и останатите победници во другите категориии се стекнаа со право да учествуваат на Светскиот форум за иновативни наставници кои ќе се одржи во ноември оваа година во Вашингтон, САД.

pobednici vo Moskva

На 8-иот Европски форум на иновативни наставници, организиран од програмата на Microsoft „Партнери во учењето“ присуствуваа над 300 наставници, судии и други професионалци поврзани со процесот на образованието од повеќе од 40 европски земји. Победниците од националните првенства ги претсавуваа своите проекти и од нив беа избрани 6 победници (меѓу кои и претставникот од Македонија) и уште на 18 други им беше доделено признание за напорите за воведување на технолошките достигнувања во наставниот процес. Сите 24 ќе учествуваат и на Светскиот форум на иновативни наставници.

Во продолжение пренесуваме дел од изјавата на Лорен Вудман, Генерален менаџер на програмата „Партнери во учењето“ во светот.

„Секоја година предизците ги поставуваме на тој начин, што ќе ги натераат наставниците да се подобрат себе си и својот начин на работа и да го подобрат процесот на е-учење. Овие неверојатни наставници, со користење на новите технологии, го трансвормираат образовнаието во поглед на вклучување на нивните ученици и подобрување на ефектот од самиот процес на едукација…“

Уште еднаш честитки до Марина Василева и целиот наш тим кој покажа дека доколку си иновативен и ги следиш светските трендови, не е важно колкава е земјата од која потекнуваш. Со нетрпение ги очекуваме да се вратат и од прва рака да ги дознаеме впечатоците кои се разбира ќе ги споделиме.

4 Коментари »

RSS feed for comments on this post. TrackBack URI

  1. ПОБЕДАТА Е НА СИТЕ ДЕЦА, на сите 5 училишта, ОУ Кирил и Методиј, ОУ Илинден,с.Конопница,ОУ Дитурија Сарај, ОУ Ж Брајковски, Браќа Рибар КУ, Добри Јовевски, Џевџет, Живка, Јасминка, Виолета, Верче, Фатиме, Вилма, Жанета, Бојана..ПОБЕДИ МАКЕДОНИЈА ВО МОСКВА, да се радуваме сите заедно :)))

  2. Cestitki!
    Bravo za Makedonija!
    Se gordeam so moite koleski!
    Vi posakuvam isto tolku golem uspeh na Svetskiot izbor na Inovativni nastavnici 2011!
    Tamu e mestoto na inovativnite nastavnicite od Macedonija!
    So pocit i od srce Daniela Nacev!!!

  3. Драги колеги!
    Сите се радуваме со Вас.Многу успех и на Светскиот форум на иновативни наставници.
    Поздрав до сите колеги и секако учениците кои беа вклучени, без кои ние не би биле она што сме НАСТАВНИЦИ.
    Поздрав
    Печипајковска

  4. Честитки за успехот и со среќа во Америка.

    Поздрав

    Маја Миневска


Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s

Create a free website or blog at WordPress.com.
Entries and коментари feeds.

%d bloggers like this: