Наставници, Ви благодариме за учеството!

Март 21, 2011 во 00:15 ч. | Posted in Uncategorized | 1 Коментар

Почитувани наставници,

Ни беше чест и задоволство што бевте дел од Вториот Мајкрософт Иновативен форум за наставници и дозволете во оваа прилика да Ви честитаме на сите што учествувавте и воедном да Ви се заблагодариме за Вашето време и труд вложени во подготовка на иновативните проекти со кои се претставивте Вие и Вашето училиште.

Беше вистинско задоволство да се прегледуваат проектите за кои што можеме да кажеме дека оваа година се поиновативни и покомплетни од претходната, а се надеваме дека тој тренд на раст и подобрување ќе продолжи во иднина. Иако според правилата не може да ги прогласиме сите за победници и моравме некако да ги рангираме, за нас како организатори секој оној кој учествуваше и придонесе кон успешноста на настанот е победник. Затоа уште еднаш Ви се заблагодаруваме и Ве покануваме уште од денес да почнете да работите на следниот проект за веќе на Третиот форум кој ќе се оддржи в година, Вашиот проект биде избран за најдобар.

Свесни дека успешен проект се прави само со соработка и споделување на искуства, ние во Мајкрософт Македонија, сме на план да реализираме нова активност, со цел да ја подобриме и зголемиме интензитетот на соработката, како меѓу Вас наставниците, така и меѓу нас и Вас. Се работи за одржување на Live meeting конеференција, еднаш неделно, во термин кој заеднички ќе го договориме, а на кој ќе разговараме на разни теми и ќе се потрудиме да си помогнеме едни на други. За почеток е планирано да им се даде можност на овогодинешните учесници да го промовираат својот проект пред другите заинтересирани наставници. Ова би се одржувало еднаш неделно,  може да се презенираат 2-3 проекти, а секоја презентација е предвидена да трае по 15-тина минути. Заинтересираните наставници кои сакаат да го промовираат проектот преку Live Meeting ги молиме да ни пишат потврда на нашата официјална е-маил адреса.
Уште еднаш Ви благодариме за учеството и Ве потсетуваме да се зачлените на официјалниот блог на програмата „Партнери во учењето“ во полето „Пријавете еМаил“. Доколку веќе сте го направиле тоа, Ви благодариме.

Со почит,
Програма „Партнери во учењето“

1 Коментар »

RSS feed for comments on this post. TrackBack URI

  1. Почитувани,
    Со задоволство ќе бидеме дел од активностите кои Вие ги организирате. Ве очекуваме со нетрпение!


Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s

Create a free website or blog at WordPress.com.
Entries and коментари feeds.

%d bloggers like this: