Втор Microsoft Инвативен форум за наставници – впечатоци и победници

Март 21, 2011 во 07:35 ч. | Posted in Uncategorized | Напишете коментар

На 3 март 2011 година, во хотелот Холидеј Ин во Скопје, се оддржа Вториот Microsoft иновативен форум за наставници. Како што неколкупати веќе објавивме, на овој натпревар и форум учествуваа наставници од голем број основни и средни училишта од Македонија, кои со свои проекти го претставуваа своето училиште. Пред големиот број наставници, претставници на организаторот и поддржувачите на проектот и претставници на медиумите, беа претставени проектите на иновативните наставници кои што ги изработиле заедно со своите ученици. Присутните можеа да се прошетаат по штандовите, да ги разгледаат проектите и да разговараат со нивните креатори и од прва рака да дознаат она што ги интересира. Она што навистина воодушеви беше ентузијазмот со кој презентерите ги покажуваа своите дела, а и квалитетот на изработените проекти.

sl1sl2

Настанот официјално го отвори Влора Адеми, претставник од локалната канцеларија на Microsoft во Македонија во својство на организатор која што зборуваше за натпреварот, проектите како и за програмата „Партнери во учењето“ која што ги обединува иновативните училишта, наставници и ученици пружајќи им секаков вид на поддршка во имплементирањето на новите технологии во образовниот процес. После неа збор земаа минатогодинешните победници на Првиот Microsoft иновативен форум за наставници, кои учествуваа на европскиот натпревар кој се одржа минатата година во Берлин, Германија. Своите искуства најпрвин ги сподели Аница Петкоска, наставничка по англиски јазик во СЕОУ „Гостивар“ од Гостивар која што истакна дека достојно ја претставила Македонија и иако изостанала наградата овој пат, сепак со учеството во работилниците и размената на знаења со наставниците од другите земји, стекнала непроценливо искуство. Оригиналното и искрено презентирање на вториот учесник, Сатки Имаили, професор по информатика во ОУ „Кирил и Методиј“ – Тетово, беше навистина инспиративно и поздравено со бурни овации и аплаузи од присутните. Поентата, според него , е дека Македонија иако е мала земја со образовен систем кој секогаш може да биде подобар, сепак може да се носи со многу поразвиените, само доколку постои соработка помеѓу наставниците и другите чинители на образовниот процес, кои што заедно работејќи со децата набрзо може да и донесат на Македонија и европска награда и учество на светскиот форум. Последен во овој блок зборуваше Петар Николовски, судија на минатогодинешниот натпревар во Берлин, кој исто така нагласи дека не недостига многу за да во скоро време, еден македонски проект биде признаен како најдобар во Европа.
Во вториот дел од наастапнот пред присутните се обратија Илијанчо Гаговски, генерален директор на Microsoft Македонија, Лиана Мар, USAID Education Office Director, како и претсавникот на Министерството за образование и наука кои зборуваа секој од различен апсект во врска со настанот, но сите се согласија дека ваквите настани и ваквите иницијативи треба да продолжат да се реализираат и понатаму и ветија поддршка од институциите кои ги претставуваа.
На крај следеше прогласувањето на најдобрите кои што ќе ја претставуваат Македонија на овогодинешниот евроипски натпревар на иновативни наставници кој ќе се одржи во Москва.

ПРВО МЕСТО

Бабини игри ОУ „Кирил и Методиј“ – Скопје 

ОУ „Илинден“ – Крива Паланка

Марина Василева, 

Добри Јовевски

Online Safety СУГС „Владо Тасевски“ – Скопје Елизабета М. Ставревска

ВТОРО МЕСТО

“Let’s help to be helped” „Саид Нејдени“ – Дебар Рајмонда Пиперку 

Арлинда Шарофи

Ученички тимови за техничка поддршка ОУ „Дитурија“ – Сарај Реџеп Алили
Анимација во образованието ОУ „Кирил и Методиј“ – с.Канатларци Дарко Талевски

ТРЕТО МЕСТО

Кариерна брошура ОУ „Јан Амос Коменски“ – Скопје Катерина Митевска
MATHEM’ ALPHABET BOOK ОУ „Кирил и Методиј“ – Скопје Татјана Иванова
Спроведување на вода низ ксилем „Св. Кирил и Методиј“ – Велес Павлина Карова

ОСВОЕНО МЕСТО ИЗГЛАСАНО ОД ПУБЛИКАТА

Проекти со програми за цртање – Графити ОУ „Браќа Миладиновски“ – Струга Викторија Попоска

sl3sl4

Напиши коментар »

RSS feed for comments on this post. TrackBack URI

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s

Blog at WordPress.com.
Entries and коментари feeds.

%d bloggers like this: