Покана за средба меѓу наставниците и организаторите на вториот државен конкурс Микрософт форум за иновативни наставници

Декември 16, 2010 во 16:17 ч. | Posted in Uncategorized | Напишете коментар

13 Декември 2010

Почитувани наставници,

Во врска со вториот државен конкурс Микрософт форум за иновативни наставници (Microsoft Innovative Educators Forum) организиран од страна на Микрософт „Партнери во учењето“ во соработка со УСАИД Проектот за основно образование, а со цел да можеме да ви го објасниме процесот на подготовка на проектот со кој што вие ќе учествувате во натпреварот, организираме две средби за сите заинтересирани наставници.

Средбите ќе се реализираат во просториите на УСАИД Проектот за основно образование на 22 и 23 декември 2010 година со почеток во 11:00 часот. Проектот се наоѓа на Ул Букурешка 91 во Скопје

Доколку сте заинтересирани да присуствувате на оваа средба, Ве молиме да го најавите вашето присуство и датум на кој ќе дојдете најдоцна до 18 декември на sbabuskovska@pep.org.mk.

Сите трошоци поврзани со посетеноста на оваа средба се на товар на наставниците.

Напиши коментар »

RSS feed for comments on this post. TrackBack URI

Напишете коментар

Blog at WordPress.com.
Entries и коментари feeds.