Покана за форум на наставници

Ноември 30, 2010 во 09:07 ч. | Posted in Uncategorized | Напишете коментар

29 Ноември, 2010

Почитувани наставници,

Со задоволство ви го претставуваме вториот државен конкурс Микрософт форум на иновативни наставници (Microsoft Innovative Educators Forum) организиран од страна на Микрософт “Партнери во учењето” во соработка со УСАИД Прокет на основно образование.Форумот за иновативни наставници е државен настан за наставниците кои аплицираат и кои ги презентираат нивните наставни проекти создадени со помош на користење ИКТ.

Овој форум им дава можност на наставниците да ги споделат нивните проекти и истовремено да бидат наградени за нивната работа. Посебна важност има нивото на дидактички-иновативните методи користени со помош на ИКТ. Доколку сте реализирале проекти кои ја подржуваат педагогијата базирано на активно учење, истовремено сте ја помогнале соработката, и ученикот бил во центарот на предавањето и добивањето знаење, тогаш ве охрабруваме да аплицирате.

Процесот на апликација е многу лесен. Следете ги овие чекори
  1. Задолжително зачленете се во мрежата на наставниците PiL Macedonia http://pilmacedonia.spaces.live.com/ . Упатствата за зачленување ке ги најдете во Упатства за зачленување.pdf во http://pilmacedonia.spaces.live.com по долу на Skydrive (или http://cid-7bf3f3d1817234b2.office.live.com/browse.aspx/2nd%20Microsoft%20Innovative%20Educators%20Forum) во датотеката 2nd Microsoft Innovative Educators Forum. Има две верзии, на македонски и на албански јазик.
  2. За да го изразите вашиот интерес за учество на овој конкурс треба да го пополните формуларот за пријавување Submission form Innovative Teachers 2010-mk.doc најдоцна до 15 декември и испратете го нa v-vademi@microsoft.com . Овој формулар е исто така потребен и ако сакате да добиете сертификат за учество од страна на Микрософт и УСАИД ПЕП.
  3. Проектот со кој ќе земете учество треба да биде спремен на Power Point шаблон кој се вика виртуелна училница ( Virtual Classroom Tour (VCT))- дизајниран посебно за оваа цел. Овој шаблон е многу лесен за работење и тој ќе ве води низ целиот процес, од дефинирање на целите до нивната имплементација.
  4. Испратете го вашиот финален производ изработен на VCT до PiL Macedonia – pilmacedonia@live.com или на вашиот skydrive ( видете ги упатствата на Upatstvo za koristenje na SkyDrive.pdf) не подоцна од 17 Јануари 2011.
Процесот на оценување: реален и објективен. Награда

Проектите ќе се оценуваат од експерти од областа на образованието според критериумите за оценување објавени во формуларот за пријавување.

Награда од оценувањето – Добитниците ке се објават за време на еднодневниот настан кој ќе се организира на почетокот на февруари 2011. Микрософт ќе ги награди трите добитници на овој натпревар и првиот награден ( а возможно и вториот) ќе се повикаат да конкурираат и да ја претстават Македонија на европскиот форум на Microsoft Innovative Educators Forum (Euro IEF 2011) кој ќе се одржи во Москва во март 2011.

Дополнителни информации

За повеќе информации во врска со конкурсот и за пристап до сите потребни документи ве молиме посетете ја оваа страна http://pilmacedonia.spaces.live.com подолу на Skydrive ( или http://cid-7bf3f3d1817234b2.office.live.com/browse.aspx/2nd%20Microsoft%20Innovative%20Educators%20Forum?uc=1) тука е датотеката 2nd Microsoft Innovative Educators Forum. Во оваа датотека исто така ќе ги најдете проектите на добитниците од последниот европски конкурс, одржан во Берлин 2010. Овие примери ќе ви служат како упатства кога ќе го пополнувате шаблонот за вашиот проект.

Со желба за успешна соработка,

Влора Адеми
Раководител на академската програма
Microsoft Partners in Learning
Петар Николоски
Координатор за ИКТ во образование
USAID Primary Education Project

 

Напиши коментар »

RSS feed for comments on this post. TrackBack URI

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s

Create a free website or blog at WordPress.com.
Entries and коментари feeds.

%d bloggers like this: