НАТПРЕВАР ВО ПРЕТПРИЕМНИШТВО

Ноември 18, 2010 во 11:31 ч. | Posted in Uncategorized | Напишете коментар

Важни рокови

Со цел навремена реализација на планираните активности, Ве молиме да ги следите наведените рокови:
30 ноември 2010 – завршување на локалните натпревари и поставување на сите презентации во SkyDrive
1 – 7 декември 2010 – оценување на презентациите
13 декември 2010 – објавување на победниците од секое училиште
19/20 декември 2010 – одржување на државниот натпревар на Скопски саем во Скопје

Податоци за учесниците во локалните натпревари
Со цел навремено да ги подготвиме сертификатите за сите учесници во локалните натпревари за претприемништво, сите професори се обврзани да ги испратат точните имиња и презимиња на сите ученици/професори кои активно се вклучени во натпреварот. Не заборавајте и да го наведете името на вашето училиште.
Податоците испратете ги на jmaneva@soros.org.mk најдоцна до 19 неомври 2010.

Одржан информативен состанок за директорите и професорите од 22 средни училишта од Македонија
На 11 ноември 2010 во Британскиот совет се одржа информативен состанок за директорите и професорите од 22 средни училишта од Македонија. Целта на состанокот беше на професорите да им се дадат насоки како да работат со своите ученици и да се даде задачата на која ќе работат учениците за време на локалните натпревари, почнувајќи од 15 ноември, за време на Глобалната недела на претприемништво. Задачата „Креирај портфолио за училиштето за безбедноста на учениците на интернет и социјалните мрежи“ ја даде Microsoft – Partners in Learning, во соработка со Британски совет, Junior Achievement Macedonia и градот Скопје.
Да им посакаме среќа и успешност на сите ученици – учесници и секако “Нека победи најдобриот!“ на локалните натпревари. Ве очекуваме на државниот натпревар во Скопје.

Британскиот совет, Економско образование на млади менаџери – Junior Achievement Македонија, со поддршка од градот Скопје, сектор за образование и Microsoft – Partners in Learning со особено задоволство го објавуваат третиот натпревар од проектот „Вештини за вработување“, наменет за средношколци од 15 – 18 годишна возраст. Оваа година натпреварот се организира во 9 земји од Југоисточна Европа (Албанија, Босна и Херцеговина, Ерменија, Косово, Македонија, Романија, Србија, Турција, Хрватска) и Обединетото Кралство.

Натпреварот во претприемништво е наменет за средните стручни училишта и претставува клучна можност учениците да ја развијат својата самодоверба и своите амбиции, притоа имајќи увид во начинот на кој можат да ги искористат своите таленти и знаење во деловен контекст.

Со овогодинешниот проект „Вештини за вработување“, предвидено е формирање на 5 тимови од по 4 ученика во секое училиште кои ќе учествуваат во локалните натпревари што ќе се одржат во 22 училишта низ Македонија. Селектираните ученици ќе работат на задача која ќе ја даде Microsoft – Partners in Learning, во соработка со Британски совет, Економско образование на млади менаџери – Junior Achievement Македонија, и градот Скопје.

Планирани активности:

1. Информативен состанок за директорите и професорите

Информативниот состанок за директорите и професорите од 22те селектирани училишта ќе се одржи во ноември 2010 год. Покрај насоките, на состанокот ќе биде дадена и задачата на која учениците ќе треба да работат, почнувајќи од 15 ноември 2010 год.

2. Локални натпревари

Локалните натпревари ќе бидат објавени и ќе отпочнат да се реализираат истовремено во 22 училишта од Р. Македонија во текот на Глобалната недела на претприемништво, која трае од 15 – 21 ноември 2010 година.

Учениците ќе ја добијат задачата и насоки како истата да ја реализираат. Истовремено, ќе биде даден краен рок до кога задачата треба да е завршена и испратена до жири комисија.

Со цел да се добијат објективни резултати, жири комисијата, која ќе добие насоки за оценување, ќе разгледува идеи на друго училиште и ќе го даде своето мислење за победничката идеја.

Групата ученици која ја подготвила истата воедно ќе биде и победничкиот тим кој ќе го претставува училиштето на државниот натпревар во Скопје.

Државен натпревар

Државниот натпревар ќе трае два дена и ќе се одржи на 19 и 20 декември 2010 во Скопје. Локацијата дополнително ќе биде објавени. Во текот на првиот ден ќе биде даден друг бизнис предизвик на кој учениците ќе треба да дадат идеи со кои би го решиле проблемот.

Во текот на вториот ден, тимовите ќе ја презентираат својата идеја во форма на Power Point презентација. По донесување на одлуката од жири комисијата, ќе бидат прогласени првите три училишта за кои ќе следуваат и награди.

Проектот е од огромно искуство за учениците бидејќи тие ќе треба да најдат решение во ограничен временски период, при што ќе имаат пристап до компјутери, интернет и други помошни средства и алатки понудени од страна на Microsoft – Partners in Learning.

Напиши коментар »

RSS feed for comments on this post. TrackBack URI

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s

Create a free website or blog at WordPress.com.
Entries and коментари feeds.

%d bloggers like this: