Пoкана за учествo на Фoрумoт за безбеднoст на децата на интернет

Февруари 3, 2010 во 15:35 ч. | Posted in Uncategorized | 1 Коментар

Почитувани,

Ни претставува чест да ве поканиме на првата кампања за безбедност на децата на интернет во организација на Microsoft во Македонија. Во фокус на оваa иницијатива е организирање на образовен форум, кој е во контекст на Европскиот ден за побезбеден интернет. Целта на овој настан е да се привлече вниманието на пошироката јавност кон важноста на безбедноста на децата на интернет и да ја подигне свеста за улогата на наставниците, родителите и заедницата во врска со оваа тема.

Кампањата оваа година ќе се фокусира на претставување на клучните теми за да се разберат ризиците на интернет на кои се изложени младите, заедно со практичните совети за заштита на децата на интернет и да се претстават технолошките алатки што ќе помогнат во намалувањето на изложеноста на децата на несоодветна содржина и потенцијални ризици. Исто така, ќе има презентација од Дирекција за заштита на личните податоци и од Министерство за Внатрешни Работи-Оддел за компјутерски криминал, за да се нагласат државните иницијативи и активности во насока на создавање на побезбедна средина за работа на компјутер за децата во нашата земја.

За време на настанот од страна на ученици од основни училишта ќе се тестира и оцени “играта за учење” што е развиена за децата до 14 години, како можна алатка за обезбедување одржливост на иницијативата. Во тој контекст, ќе се поделат материјали со насоки и образовни содржини кои наставниците ќе можат да ги користат за учење и настава во училиштата. На родителите ќе им се поделат прирачници за безбедноста на семејството и родителскиот надзор при пристап на интернет.

Очекуваме пошироко присуство, како и присуство на релевантните инстанци од образовниот систем и се надеваме дека ќе ни се придружите. За дополнителни информации во врска со програмата во прилог Ви ја праќаме агендата на настанот.

Ако сакате да присуствувате или би сакале да назначите некој што ќе ни се придружи на овој настан, контактирајте со локалниот оретставник на Microsoft Маја Мишкарова, на адресата v-maymis@microsoft.com или на телефонот 02 3067 991. Ве молиме да го резервирате вашето место не подоцна од 8 февруари, бидејќи бројот на седиштата е ограничен.

Се надеваме дека ќе ве видиме на Првата кампања за безбедност на децата на интернет.

Со почит,

Тимот на Microsoft Македонија

1 Коментар »

RSS feed for comments on this post. TrackBack URI

  1. Bas ubvao sto ke se odrzuva ovaj forum. Sakam da ucestvuvam na ovaj forum


Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s

Blog at WordPress.com.
Entries and коментари feeds.

%d bloggers like this: