Среќни празници

Декември 30, 2009 во 10:44 ч. | Posted in Uncategorized | 2 Коментари

Почитувани наставници, членови и пријатели на програмата „Партнери во учењето“.

Се запознавме во 2009 година и за кратко време успеавме да креираме една заедница од наставници, ИТ експерти и професионалци и заедно со нашите партнери започнавме да го менуваме процесот на едукација и образование, нешто што не е сменето со децении. Започнавме да ги воведуваме новите технологии, да иницираме тренинзи, проекти и програми, да ги анимираме креаторите на политики и властите, се со цел подобро да ги образуваме и подготвиме учениците за еден нов свет кој ги чека надвор, свет кој се потпира на економијата базирана на знаење. Сега на крајот од оваа година не ни останува ништо друго туку да Ви ветиме дека и во новата година продолжувме со истиот ентузијазам и надеж дека после нас ќе оставиме нешто добро и вредно за чување и негување.

Во оваа пригода дозволете ни да Ви ја честитаме новата 2010 година и претстојните Божиќни празници. Да Ви посакаме добро здравје, успешна работа и во 2010 повторно да ги обединиме силите и да ја направиме програмата „Партнери во учењето“ поуспешна и поделотворна. За наше добро и за доброто на оние кои останува светот – младите.

Со почит,

Тимот на „Партнери во учењето“

2 Коментари »

RSS feed for comments on this post. TrackBack URI

  1. Многу многу ви благодариме за добрите зборови и за честитките , и јас во моето име и името на колективот на училиштето Јероним Де Рада ви честитаме новата2010 година и ви посакуваме на сите вас добро здравјеи поуспешна работа

  2. uspe[na godina 2010 Arsovska Julijana o.u.,,Petar Zdravkovski – Penko,,


Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s

Create a free website or blog at WordPress.com.
Entries and коментари feeds.

%d bloggers like this: