Прогласени најдобрите на Првиот Microsoft Innovation Educators Forum

Декември 10, 2009 во 10:12 ч. | Posted in Uncategorized | Напишете коментар

На 10-ти декември во организација на програмата на Microsoft „Партнери во учењето“ и Проектот за основно образование на USAID, во просториите на хотелот „Александар Палас“ во Скопје, се одржа презентацијата на трудовите и наградувањето на најдобрите проекти кои земаа учество на Првиот Microsoft Innovation Educators Forum во Македонија.

За прв пат наставниците во Македонија, посебно оние иновативните, добија можност да ги претстават своите проекти во кои покажаа како технологијата и новите достигнувања можат да го унапредат процесот на образование и да ја подобрат комуникацијата помеѓу сите чинители на тој процес, во и надвор од училиштето.

На првиот Microsoft Innovation Educators Forum се претставија 150 наставници со 43 проекти во кои беа вклучени повеќе од 5.000 ученици. Тие се натпреваруваа во една од трите категории:

– Иновации во содржината на проектот

– Иновации во соработката помеѓу наставниците и учениците во и надвор од училиштето и

– Креативност и иновативност во употребата на технологијата

Модератор на настанот беше Влора Адеми, раководител на програмата на Microsoft „Партнери во учењето“, а пред присутните се обратија уште и претсавниците на организаторите, како и претставникот на Владата, како креатор на политиките во образованието.

Во оваа пригода, министерот за образование и наука на Р. Македонија г. Никола Тодоров, ја истакна потребата, посебно денес, од воведување на најновите трендови и технологии во образовниот процес како една од идните фундаментални инвестиции во една држава.

Господинот Илијанчо Гаговски, генерален менаџер на „Мајкрософт“-Македонија, пак, ја истакна улогата на овој софтверски гигант во процесот на унапредување на образованието, кое како што истакна тој, е единствената вистинска конкурентна предност во денешната економија базирана на знаење.

На настанот уште се обрати и г. Александер Вудс, директор на канцеларијата за образование при USAID, кој што ги пофали пристигнатите проекти, за кои рече дека се пример за тоа како треба да се спојат технологијата и иновацијата заедно со процесот на едукација. На овој начин, според г. Вудс, студентите се подготвуваат за новите пазари на трудот и имаат капацитет да најдат продуктивна работа.

За крај само уште да ги споменеме победниците на Првиот Microsoft Innovation Educators Forum. Во правата категорија, Иновации во содржината на проектот, победи проектот „Различни јазици, култура, националност не се пречка за добра комуникација“, изработен во училиштетот ОУ„Кирил и Методиј“ од Тетово, а претставувано од професорот Сатки Исмаили.

Победници во втората категорија, Иновации во соработката помеѓу наставниците и учениците во и надвор од училиштето се Аница Петкоска, Маја Смилеска и Дарко Петкоски сите од СЕОУ „Гостивар“ од Гостивар, како и Jeroen Clemens, Margo Adriansens ,Douwe Dijksterhuis, Cristian Hartsema од Алмир, Холандија кои заеднички застанаа зад проектот „МакНед“.

Со прва награда во третата категорија Креативност и иновативност во употребата на технологијата, се закити проектот „Образовен портал“ изработен во ООУ „Блаже Конески“ од Велес, со професорката Маја Ржарова како претставникот на тимот.

Покрај предвидените награди, овозможени од Проектот на USAID за основно образование  и Microsoft победниците на овој конкурс ќе бидат поканети да ја претставуваат Република Македонија на Microsoft Европскиот Иновативен Образовен Форум во Берлин, во март 2010 година, каде финансиските трошоци ќе бидат покриени од страна на  Microsoft.

Победниците од европскиот форум ќе се натпреваруваaт и на светскиот форум

Напиши коментар »

RSS feed for comments on this post. TrackBack URI

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s

Blog at WordPress.com.
Entries and коментари feeds.

%d bloggers like this: