Обука на наставници во Албанија за Microsoft Web Expression

Декември 8, 2009 во 10:25 ч. | Posted in Uncategorized | Напишете коментар

Во склоп на активностите на програмата „Партнери во учењето“, во Албанија, 335 наставници од средните училишта беа запознаени со техниките и начинот на работа на MS Web Expression и како со помош на овој пакет ќе можат да развиваат и дизајнираат убави и мултимедијално богати веб содржини.

Главна цел на оваа обука беше наставниците да научат како да направат едноставно веб претставување, преку дизајн на HTML страни со леери, работење со CSS (Cascading Style Sheets), потоа, креирање на динамични и интерактивни копчиња и содржини и нивно поставување во проектот, како и изработка на нови и менување на позадините. Предвидено е овие наставници подоцна овие знаења да ги пренесат на учениците од средните училишта. Овде е важно да споменме дека оваа обука беше признаена од страна на Албанскиот институт за настава и тренинг (Albanian Institute for Curricula and Training) како официјален напреден курс, дел од националната програма за обука на ученици. За обуката беа користени два вида на веб туторијали за Web Expression и тоа: основен и напреден и двата локализирани на албански јазик.

За успешно да се обучат овие 335 наставници се користеше следната методологија. Најпрвин во 13 града беа обучени 34 наставници за тренери, а тие подоцна ги пренесоа своите знаења и искуства на 301 наставник кои пак, во тајните на веб дизајнот ќе ги воведат 3500 ученици од средните училишта кои веќе го следат овој курс.

Наставниците овој проект го оценија како успешен и корисен, пред се бидејќи им овозможи да се стекнат со напредни вештини и да користат нови и напредни технологии. Колку за илустрација ви ја пренесуваме пораката на наставникот Синан Дива „Поздрав до сите. Сакам да ја искажам мојата голема благодарносхт за обуката за Web Expression и курсот кој што го развивте и кој стана дел од националната програма за обука на ученици од средните училишта. Самиот тренинг беше добро организиран и професионално изведен. Нашето училиште ја имаше привилегијата да биде еден од тренинг-центрите и би сакал и во иднина да се одржуваат вакви сличн и обуки.“

Напиши коментар »

RSS feed for comments on this post. TrackBack URI

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s

Blog at WordPress.com.
Entries and коментари feeds.

%d bloggers like this: