Партнери во учењето број 2

Октомври 12, 2009 во 17:20 ч. | Posted in Uncategorized | Напишете коментар

Партнери во учењето е електронски месечен билтен кој е наменет за наставниците и професорите во училиштата во Македонија, Албанија и Косово. Преку него тие ќе можат да се запознаат со најновите алатки од Мicrosоft, да прочитаат нешто повеќе за постојните, да се поврзат меѓу себе и да разменуваат знаења и искуство.

 

Во најновиот број на е-билтенот „Партнери во учењето“ читајте:


 

Издвојуваме… настан

Microsoft Innovative Educators Forum

Програмата на Microsoft Македонија – Партнери во учењето (Partners in Learning), во соработка со УСАИД и нивниот Проект за основно образование го најавуваат првиот државен натпревар Microsoft Innovative Educators Forum.. Повеќе…


Настани и вести

Училишта на иднината: Подобри училишта-Подобра иднина

Ова е важен проект на British Council. Вклучени се четири земји во Југоисточна Европа и е осмислен и реализиран во соработка со програмата на Microsoft – Партнери во учењето која се реализира во Македонија, Албанија, Косово и Црна Гора. Проектот има за цел да ја подобри репутацијата на Велика Британија,и на глобалната програма – Партнери во учењето и да ја претстави како извор на знаење и партнер кој ќе го трансформира процесот на учење“. Повеќе…

Microsoft Robotics Studio во Македонија

Програмата Microsoft Партнери во учењето во соработка со УСАИД и Факултетот за електротехника и информациски технологии при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ од Скопје, веќе некое време работат на запознавање на наставниците од средните стручни училишта со MS Robotics Studio и нивно обучување за работење во оваа развојна околина. Повеќе… 

Визија 7 – Седум е клучниот збор

На 7 и 8 октомври во хотелот Александар Палас, во организација на Microsoft Македонија, по седми пат, се одржа најголемата технолошка конференција во Македонија „Визија“. Повеќе… 

Трет Microsoft Innovation Forum

На 7 октомври, во склоп на најголемата технолошка конференција „Визија“, Microsoft го организираше третиот по ред Innovation Forum кој што беше ориентиран кон наоѓање на вистинската комбинација од технологија и едукација, како основен предуслов за развивање на еконимијата во иднина. Повеќе… 


 

Рецензија

Live@edu – Заедно сме посилни! 

Microsoft, посебно во последните години, инвестира многу во подобрувањето на квалитетот на едукативниот процес преку финансирање на различни програми и акции насекаде низ светот, организирање на настани и обуки за наставниците и учениците и низа други активности од кои бенефит имаат сите вклучени во процесот на образованието. Исто така добро познати се промотивните кампањи кои се наменети за учениците и училиштата, а во кои за голем дел од производите кои ги нуди компанијата се нудат огромни попусти, за секој што е заинтересиран да може да си ги дозволи.  Повеќе… 


 

Оглас

Училишта, освојте ѕидна табла!

Microsoft како постојан придружник и покровител на едукативниот процес кај нас, се обидува да биде вклучен на секој можен начин и да го помогне тој блароден процес. Затоа, преку програмата „Партнери во учењето“, на најбрзите и најиновативните училишта ќе им додели по една бела ѕидна табла. Повеќе…

Редакција: Влора Адеми, Гоце Постоловски, Аделина Исеини

Напиши коментар »

RSS feed for comments on this post. TrackBack URI

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s

Create a free website or blog at WordPress.com.
Entries and коментари feeds.

%d bloggers like this: