Microsoft Innovative Educators Forum

Октомври 10, 2009 во 17:21 ч. | Posted in Uncategorized | 4 Коментари

Програмата на Microsoft Македонија – Партнери во учењето (Partners in Learning), во соработка со УСАИД и нивниот Проект за основно образование го најавуваат првиот државен натпревар Microsoft Innovative Educators Forum.

Државниот натпревар Innovative Educators Forum, кој ќе се одржи на средина на месец декември 2009 г., е национален собир на наставници кои ги презентираат своите образовни проекти изработени со помош на иновативно користење на технологијата. Апликациите за овој натпревар веќе на големо пристигнуваат и ни претставува вистинско задоволството што повеќе од 60 апликации веќе се пристигнати и ќе учествуваат на ова натпреварување кое за прв пат се одржува во Македонија, а ќе сториме се да стане традиционално и дел од Microsoft Глобалната програма „Партнери во учењето“.

Нашата цел е да се пријават колку што е можно повеќе наставници со оригинални проекти и да се натпреваруваат, но пред се да разменат идеи и искуства, а најдобрите ќе бидат наградени и поканети да ја претставуваат Македонија на Европскиот Microsoft Innovative Educators Forum кој ќе се одржи во Берлин во март 2010 година.

Како што веќе информиравме, победниците ќе се избираат во следните категории:

  1. Иновативност на содржината на проектот кој е имплементиран во училиштето
  2. Иновативност во соработка помеѓу наставници во рамите на училиштето и надвод од него
  3. Креативност и иновација при користење на технологија.

За оние наставници кои што сеуште не аплицирале, во продолжение дел од условите и критериумите за учество, кои се многу едноставни, воопшто не се строго дефинирани и во основа се бара само креативност, иновативност и кооперативност.

Значи, доколку во вашето училиште сте спроведувале проект со помош на технологијата и тој се покажал како успешен во и надвор од вашата училница и со тоа се издвојувате од другите наставници, тогаш вие сте вистинските за аплицирање за овој натпревар. Исто така, ако успевате вашето успешно и иновативно работење да го наметнете и на вашите колеги, тогаш повторно се квалификувате за првиот државен натпревар Microsoft Innovative Educators Forum. Ова е одличен начин за Ваша лична промоција и промоција на Вашето училиште на државно и светско ниво.

Пријавувањето, за оние кои уште не знаат е многу едноставно. Најпрвин зачленете се во мрежата на Microsoft иновативни наставници (упатството за зачленување е најдолу на страната во SkyDrive во фолдерот Microsoft Innovative Teachers Forum). Од таму преземете го образецот VCT Template и пополнете го на македонски или албански јазик и најдоцна до 25 ноември 2009 испратете го на следната е-маил адреса: pilmacedonia@live.com. Во SkyDrive во гореспоменатиот фолдер уште можете да најдете и фолдер со VCT примери во кој се наоѓаат победниците од минатогодишниот натпревар кој се одржа во Виена, и тоа во сите три категории. Тука е и MS Tools документот во кој се опишани неколку софтвери на Microsoft кои можете да ги користите за презентацијата на Вашиот проект како применливи алатки поврзани со вашите проект активности. Иако се едноставни за користење, сепак нивната примена е огромна, како и бенефитот од нив.

При пополнувањето треба да внимавате на неколку работи:

– Правилно и комплетно да го пополните VCT образецот

– Да дадете колку што е можно повеќе елементи за начинот на кој е испланирана и спроведена активноста која ја презентирате

– Да вметнете слики кои покажуваат како е проведена активноста со Вашите ученици и околуната во која сте работеле

– Да објасните за кои активности сте го користеле посочениот софтвер и

– Да направите листа на сите кои активно учествувале во изработката на проектот.

Сите проекти ќе бидат оценувани од експерти од областа на образованието додека секој наставник, односно наставникот кој се јавува како носител на проектот заедно со проектниот тим , ќе има посебен штанд за презентација на проектот на еднодневниот настан, каде што ќе бидат прогласени и победниците.

Побрзајте, аплицирајте со свои проекти и докажете дека сте иновативен наставник.

4 Коментари »

RSS feed for comments on this post. TrackBack URI

  1. Големиот Пултрах рекол ,, Умот не е сад да се наполни, туку оган да се разгори,,./ време беше да се направи еден ваков потик за наставниците во Македонија – барем за оние кои во наставата се трудат да ги употребуваат ИКТ онолку колку им дозволуваат условите. Поздрав и продолжете понатака Ванчо Делчево

  2. UBAVO E DA POSTOJAT VAKVI IDEI PREKU KOI IM SE DAVA MOZNOST NA SITE INOVITAVNI NASTAVNICI DA SPODELAT ISKUSTVA I IDEI KOI CE IM POMOGNAT DA JA REALIZIRAAT NASTAVATA NA POINTERESEN NACIN.POZDRAV I USPESNA PONATAMOSNA RABOTA. ANICA-GOSTIVAR

  3. Sekoe novo , e iskustvo za podobar pocetok.obrazovanieto e baza na umovi i idei. Megutoa treba da se ovozmozat uslovi. imame kapaciteti koi mozat no nivnite moznosti se minimalni (samo vo krugot na ucili{teto ). Pozdrav

  4. Zadovolstvo e da se bide del od globalnoto semejstvo na INOVATIVNI UCILISTA, pred se zatoa sto ovoj proekt e iniciracka kapsula koja treba brzo da gi spoi naukata, inovaciite i IK tehnologija. Nemozes da zacekoris vo idninata bez da gi imas osnovite za da mozes da se nadgraduvas, zatoa vakvi proekti, kursevi od oblasta na IKT i seminari osobeno na nas nastavnicite ni se mnogu potrebni. Go pozdravuvam proektot, DA POKAZEME STO MOZEME I UMEEME. Violeta T.


Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s

Create a free website or blog at WordPress.com.
Entries and коментари feeds.

%d bloggers like this: