Училишта на иднината: Подобри училишта – Подобра иднина

Октомври 9, 2009 во 17:24 ч. | Posted in Uncategorized | 2 Коментари

Ова е важен проект на British Council. Вклучени се четири земји во Југоисточна Европа и е осмислен и реализиран во соработка со програмата на Microsoft – Партнери во учењето која се реализира во Македонија, Албанија, Косово и Црна Гора. Проектот има за цел да ја подобри репутацијата на Велика Британија,и на глобалната прогрма – Партнери во учењето и да ја претстави како извор на знаење и партнер кој ќе го трансформира процесот на учење преку: 

  • Инспиративни, препознатливи, заеднички  и последователни вежби и пристапи кои ќе ги подобрат резултатите од учењето
  • Следење дневен ред кој е осмислен преку организирање регионална дискусија поврзана со квалитативниот развој на училиштата
  • Важни промени во поглед на политиката на проектот како и создавање регионална платформа за разменување непроценливи искуства

British Council и Microsoft Partners in Learning активно ќе соработуваат со 40 училишта од регионот и со останати релевантни органи како би се дошло до иновативни предлози кои ќе разрешат две огромни предизвици за денешните образовни системи: Училишен менаџмент и Учење со акцент на ученикот. Ова ќе биде реализирано преку користење иновативни технологии и пристапи. 

Што добивам јас со тоа?

На оние кои ќе помогнат во осмислување на образованието ќе им се пружи прилика, преку заеднички сили, да ја реализираат реформата за подобрување на образованието.

На училишниот менаџмент  се пружа прилика да го активираат нивното училиште во регионална дебата за иднината на училиштето, но и да се приклучат на глобалната мрежа на Microsoft – Иновативни училишта

(http://www.innovativeschoolsonline.com/Pages/Welcome.aspx).  

Доколку сте наставник, ќе имате можност за професионално  надградување во областите како управување со проекти (project management), вешто презентирање проекти и преговарање со останати соговорници. Освен ова, можете да станете член на глобалната заедница на Иновативни наставници. Заедницава ќе ви пружи можност да ги проширите вашите наставни методи преку воведување технологија, иновативност и креативност. 

Учениците кои ќе бидат  вклучени во овој иновативен училишен проект ќе имаат можност да се натпреваруваат на државно и меѓународно ниво, да се дружат со врсници од нивниот регион, но и од регионот на Велика Британија. Заинтерисираните ученици можат да го направат ова така што ќе се приклучат на глобалната мрежа на Иновативни ученици при што, преку представување на нивните идеи во меѓународна конференција, ќе добијат ретка можност да влијаат на политиката за образованието. 

Што понатаму?

За подетални информации поврзани со активностите во вашата земја  проверете ја табелата.

Активност

Датум

Учество

Наставничка Работилница

Декември 2009

Ограничено (20 наставници од 10 избрани училишта)

Државно финале

Фебруари 2010

10 избрани училишта

Меѓународен конкурс и конференција

Март 2010

Победник од државното финале, создавачи на политиката и претставници од Велика Британија

2 Коментари »

RSS feed for comments on this post. TrackBack URI

  1. Dali se izbrani ucilistata i ucenicite koi ke ucestvuvaat ili postoi nacin ucenik, nastavnik ili uciliste da se prijavi za ucestvo i kako?

  2. Jas se registrirav na toj web sajt, samo imam problem so postavuvanje na profilot na ucilisteto. I mene me interesira istot.Pozdrav.


Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s

Create a free website or blog at WordPress.com.
Entries and коментари feeds.

%d bloggers like this: