Microsoft Robotics Studio во Македонија

Октомври 8, 2009 во 17:25 ч. | Posted in Uncategorized | Напишете коментар

Програмата Microsoft Партнери во учењето во соработка со УСАИД и Факултетот за електротехника и информациски технологии при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ од Скопје, веќе некое време работат на запознавање на наставниците од средните стручни училишта со MS Robotics Studio и нивно обучување за работење во оваа развојна околина.

За да може да се реализира овој проект, програмата „Партнери во учењето“ заедно со Факултетот за електротехника и информациски технологии од Скопје, најпрвин издадоа еден обемен прирачник (236 страни), богато илустриран и исполнет со корисни совети за прчограмирање, дизајн и контрола и пронаоѓање и отстранување на грешки при работењето со MS Robotics Studio: Овој учебник можете да го најдете тука

Следна фаза беше интензивната тридневна обука на 20 наставници (за почеток) од средни стручни училишта која беше поддржана од Проектот за основно образование при УСАИД. За оваа академска година уште се планира да бидат одржани обуки во кои ќе бидат вклучени сите заинтересирани наставници од стручните и насочените средни училишта кои што сакаат подоцна ова знаење да им го пренесат и на своите ученици.

За потребите на овој проект беше тестирана и истовремено промовирана бесплатната алатка Microsoft Learning Content Development System (LCDS) со чија помош беше публикуван е-курсот и поставен на интернет (http://microsoft.com.mk/education/MRS_Course/), се со цел да биде достапен за заинтересираните наставници. Оваа бесплатна алатка која е наменета пред се за Microsoft Learning заедницата овозможува брзо и едноставно креирање на on-line курсеви со структура и содржини по избор кои се креираат со помош на предефинираниу темплејти и лесно се поставуваат на интернет, притоа поддржувајќи низа различни мултимедијални формати кои можат да бидат дел од содржините.

Реакциите на учесниците во овој проект по завршувањето на обуката, беа исклучиво позитивни и сите го истакнаа задоволството од можноста за воведување на нешто толку интересно и напредно како роботикита во процесот на едукација во средните училишта. Со ова наставниците од нашата и соседните земји кои се земји во развој, можеа да се почувствуваат како рамноправни со нивните колеги од далеку поразвиените земји.

Напиши коментар »

RSS feed for comments on this post. TrackBack URI

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s

Blog at WordPress.com.
Entries and коментари feeds.

%d bloggers like this: