Трет Microsoft Innovation Forum

Октомври 7, 2009 во 17:23 ч. | Posted in Uncategorized | Напишете коментар

На 7 октомври, во склоп на најголемата технолошка конференција „Визија“, Microsoft го организираше третиот по ред Innovation Forum кој што беше ориентиран кон наоѓање на вистинската комбинација од технологија и едукација, како основен предуслов за развивање на еконимијата во иднина.

Пред 70-тина учесници кои дојдоа од владиниот и невладиниот сектор, студенти, претстваници на НВО и партнери на Microsoft продефилираа низа на говорници кои не само што му дадоа тежина на настанот, туку и детално објаснија за низа програми и идеи кои ги имаат Microsoft и партнерите во обидите да направат совршен спој од технологијата, иновацијата од една страна и наставниот процес од друга, како и максимално да го унапредат истиот.

Прво предавање беше она на Јан Муелфит, претседател на Microsoft Европа, со налов „Кризите како можност за иновација“.

Следуваа низа предавања за едукацијата и примената на технологијата во образовниот процес преку неколку програми и проекти,

Во таа насока беше и првата презентација на програмата „Партнери во учењето“ во Македонија. Оваа меѓународна програма која покажува резултати во светот, од оваа година започна да се применува и кај нас во Македонија и со тоа училиштата, наставниците и учениците добија можност да учествуваат во активностите кои се во нејзина организација. За неа, а и за состојбата на образовниот процес и начините за негово подобрување, низ двете предавања зборуваше Влора Адеми, Academic Program Manager вработена во локалната канцеларија на Microsoft. Во своето предавање таа прво се осврна на тоа кои се основните чинители и креатори на политиките во образованието, кои се барањата на учениците и како технологијата може да помогне да се одговори на модерните предизвици со кои се соочуваат наставниците, но и учениците кои сакаат повеќе забава, помалку за учење и поинтересни предавања. Програмата „Партнери во учењето“ преку своите проекти кои веќе се активни и со кои се опфатени дел од училиштата во Македонија, се труди да го постигне токму тоа. Да го смени начинот на кој се одвива наставата (која во основа многу малку е сменета во последните децении), да ја поттикне соработката и размената на искуства и знаења помеѓу наставниците од самото училиште, како и со оние од другите образовни институции, да ја „разбуди“ креативноста кај учениците и да им покаже дека технологијата е присутна и постои да го олесни сето тоа и да им биде секогаш при рак ако кога им е најпотребна.

На форумот беа презентирани уште две други предавања кои беа фокусирани на партнерството помеѓу Microsoft и други институции.

Првата беше со наслов Развивање на работна сила од иднината, а во неа стана збор за партнесркиот Проект за конкурентност на УСАИД и програмта „Партнери во учењето“ на Microsoft . Главна цел на овој проект е да ги поврзе квалификуваните студенти од една страна и компаниите кои бараат работна сила, и со тоа да направи „мост“ помеѓу образованието и локалната индустрија и нејзините претставници кои што би требало во иднина своите кадри да ги регрутираат повеќе од образовните институции каде што ќе работат обучени советници за кариера кои ќе им помагаат на студентите во аплицирањето за работа и креирањето на деловни контакти.

Втората презентација ја одржа Клер Сиарс, маркетинг директор на British Council за југоисточна Европа, а беше со наслов Предвидувања за училиштето од иднината.

Ова е важен проект на British Council. Вклучени се четири земји во Југоисточна Европа и е осмислен и реализиран во соработка со програмата на Microsoft – Партнери во учењето која се реализира во Македонија, Албанија, Косово и Црна Гора. Проектот има за цел да ја подобри репутацијата на Велика Британија,и на глобалната прогрма – Партнери во учењето и да ја претстави како извор на знаење и партнер кој ќе го трансформира процесот на учење преку: 

  • Инспиративни, препознатливи, заеднички  и последователни вежби и пристапи кои ќе ги подобрат резултатите од учењето
  • Следење дневен ред кој е осмислен преку организирање регионална дискусија поврзана со квалитативниот развој на училиштата
  • Важни промени во поглед на политиката на проектот како и создавање регионална платформа за разменување непроценливи искуства

Повеќе информации за овој проект можете да прочитате тука

Со ова заврши третиот по ред Microsoft Innovation Forum, кој оваа година беше целосно посветен на образованието и начините за унапредување на истото. Со ова Microsoft, пред се преку програмата „Партнери во учењето“ но и со соработка со други меѓународни и локални организации на дело ја покажува својата посветеност кон подобрување на овој процес преку воведување на технологијата како негов неизоставен дел.

Напиши коментар »

RSS feed for comments on this post. TrackBack URI

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s

Blog at WordPress.com.
Entries and коментари feeds.

%d bloggers like this: