Визија 7 –Седум е клучниот број

Октомври 7, 2009 во 17:22 ч. | Posted in Uncategorized | Напишете коментар

На 7 и 8 октомври во хотелот Александар Палас, во организација на Microsoft Македонија, по седми пат, се одржа најголемата технолошка конференција во Македонија „Визија“.

И оваа како и во претходните години, „Визија“ во целост ги оправда очекувањата на посетителите и остана најдоброто место во кое се среќаваат технологијата и бизнисот, се разменуваат идеи и искуства и се слуша за најновите светски трендови. Microsoft Македонија повторно покажа дека може да донесе многу квалитетни предавачи кои што во двата дена дури се одржуваше конференцијата успеаја да го задржат вниманието на близу 500-тините посетители и претставници на медиумите кои што присуствуваа на ова случување.

По воведното отворање од страна на Димитар Грозданов, на говорницата се појави Неговата екселенција г.Филип Рикер, амбасадор на САД во Р. Македонија кој што даде осврт на придонесот на американските компании во економскиот развој на Македонија. Следуваше, „ѕвездата на настанот“ г. Јан Мулфеј, претседател на Microsoft Европа, кој започна со анализа на денешната глобална економска ситуација и како со помош на технологијата и иновацијата истата може да се подобри. Од другите говорници во првиот дел од предавањата уште ќе ги споменеме и г. Николај Бекер, извршен директор на „Телеком Македонија“ кој што зборуваше за идните трендови и предизвици со кои се соочува телекомуникацискиот бизнис, а тука секако мораме да го спомнеме и предавањето на г. Илијанчо Гаговски, генерален директор на Microsoft Македонија кој го образложи концептот Software plus Serv ices со чија вистинска примена може да се креираат успешни партнерства помеѓу Microsoft и различни групи на корисници кои ќе имаат неколкукратна корист во смисла на намалување на трошоците и развој и напредок.

Традиционални и оваа Визија како и претходните беше тематски поделена, а предавањата се одвиваа во три сали и тоа црвена во која се зборуваше за инфраструктура и безбедност, потоа сина во која тема на предавањата беа Деловните вредности, процеси и решенија и зелена сала во која заинтересираните за развој на софтвер и интегрирани деловни решенија можеа да дознаат нешто повеќе за она што ги интересира од оваа област.

Од поинтересните продукти кои беа тема на предавањата ќе го споменеме Windows 7 (случајно или не како и редниот број на овогодинешната „Визија“), потоа нешто кратко за Microsoft Office 2010 и Office SharePoint 2010, а претставен беше новиот концепт Software and Service преку кој Microsoft поактивно се вклучува во т.н. cloud computing. Се зборуваше и за платформата Azure која со своите можности ги воодушеви и пријатно ги изненади присутните.

Образованието и инвестициите на Microsoft и партнерите во него беше една од клучните теми за кои стана збор на „Визија“, како и на третиот Microsoft Innovation Forum кој за првпат се одржа заедно со конференцијата.

Во таа насока беше и првата презентација на програмата „Партнери во учењето“ во Македонија. Оваа меѓународна програма која покажува резултати во светот, од оваа година започна да се применува и кај нас во Македонија и со тоа училиштата, наставниците и учениците добија можност да учествуваат во активностите кои се во нејзина организација. За неа, а и за состојбата на образовниот процес и начините за негово подобрување, низ двете предавања зборуваше Влора Адеми, Academic Program Manager вработена во локалната канцеларија на Microsoft. Во своето предавање таа прво се осврна на тоа кои се основните чинители и креатори на политиките во образованието, кои се барањата на учениците и како технологијата може да помогне да се одговори на модерните предизвици со кои се соочуваат наставниците, но и учениците кои сакаат повеќе забава, помалку за учење и поинтересни предавања. Програмата „Партнери во учењето“ преку своите проекти кои веќе се активни и со кои се опфатени дел од училиштата во Македонија, се труди да го постигне токму тоа. Да го смени начинот на кој се одвива наставата (која во основа многу малку е сменета во последните децении), да ја поттикне соработката и размената на искуства и знаења помеѓу наставниците од самото училиште, како и со оние од другите образовни институции, да ја „разбуди“ креативноста кај учениците и да им покаже дека технологијата е присутна и постои да го олесни сето тоа и да им биде секогаш прли ракако кога им е најпотребна.

За тоа зборуваше и Франк Шуман кој го претстави решението Live@edu и можностите кое тој ги нуди.

И за крај малку интересна статистика. Од 590 регистрирани посетители, на „Визија“ дојдоа 482. Регистрирани беа вкупно 3304 посети на сесиите или во проселк по 80 на секоја од нив.

Напиши коментар »

RSS feed for comments on this post. TrackBack URI

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s

Create a free website or blog at WordPress.com.
Entries and коментари feeds.

%d bloggers like this: