Live@edu – заедно сме посилни

Октомври 5, 2009 во 17:22 ч. | Posted in Uncategorized | Напишете коментар

Microsoft, посебно во последните години, инвестира многу во подобрувањето на квалитетот на едукативниот процес преку финансирање на различни програми и акции насекаде низ светот, организирање на настани и обуки за наставниците и учениците и низа други активности од кои бенефит имаат сите вклучени во процесот на образованието. Исто така добро познати се промотивните кампањи кои се наменети за учениците и училиштата, а во кои за голем дел од производите кои ги нуди компанијата се нудат огромни попусти, за секој што е заинтересиран да може да си ги дозволи.

Но, она што се нуди со новото решение Live@edu, ги надминува очекувањата и на најголемите оптимисти. Со него Microsoft на основните и средните училишта, како и на универзитетите БЕСПЛАТНО им нуди простор за кој не треба да се грижат за одржување и низа десктоп,мобилни и веб базирани апликација со чија помош учениците, професорите, но и дипломираните ќе останат поврзани меѓусебе, полесно ќе комуницираат и ќе соработуваат.

Со Live@edu секоја образовна институција што ќе пројави интерес ќе може да добие комплетно решение со кое вработените и учениците ќе добијат свои трајни и уникатни e-mail адреси со сандачиња со простор од 10 GB кои ќе може да ги користат и после дипломирањето. Бидејќи овие адреси како домаин го користат името на училиштетото истите подоцна можат да помогнат и за полесно пронаоѓање, комуникација и колаборација помеѓу учлениците кои дипломирале, но и помеѓу наставниците и професорите кои се пензионираат или не се веќе активни. Покрај тоа на секој регистриран корисник Live@edu му нуди 25 GB on-line простор преку сервисот SkyDrive кој може да користи за складирање на документи и други фајклови кои сака да му бидат секогаш достапни и спремни за размена и презентирање.

Дел од сервисите и апликациите кои ги нуди ова решение се: Office Live Workspace, Windows Live SkyDrive, Windows Live Spaces, Microsoft SharedView Beta, Windows Live Messenger, Windows Live Alerts, нивниот број постојана се зголемува, а со тоа и квалитетот на севкупната услуга која Live@edu ја нуди.

Важно е да напоменеме и дека технички оваа програма е дизајнирана така, да не се потребни скоро никакви технолошки предзнаења за да може да се користи и развива. Како што рековме погоре, за одржувањето на серверите и просторот се грижи Microsoft, а апликациите одлично работат на сите познати платформи Windows, Mac и Linux така што заинтересираните образовни институции ќе немаат никаков проблем од тој аспект.

Доколку и вие сте една од нив повелете повеќе детали прочитајте тука и регистрирајте се.

Напиши коментар »

RSS feed for comments on this post. TrackBack URI

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s

Blog at WordPress.com.
Entries and коментари feeds.

%d bloggers like this: