Партнери во учењето број 1

Септември 5, 2009 во 00:46 ч. | Posted in Uncategorized | Напишете коментар
 

Партнери во учењето е електронски месечен билтен кој е наменет за наставниците и професорите во училиштата во Македонија, Албанија и Косово. Преку него тие ќе можат да се запознаат со најновите алатки од Мicrosоft, да прочитаат нешто повеќе за постојните, да се поврзат меѓу себе и да разменуваат знаења и искуство.

 

Во најновиот број на е-билтенот „Партнери во учењето“ читајте:


Издвојуваме… настан

Наставници  од Албанија со нови знаења и искуства

Повеќе од 200 наставници од основните училишта од повеќе градови  од Албанија, кои не предаваат информатички предмети,  присуствуваа на обуката  за стекнување на основни ИТ знаења и запознавање со алатките на Microsoft, се со цел подоцна истите да ги применат во процесот на предавање. Повеќе…


Настани и вести

Ви ја најавуваме Визија 7

На 7 и 8 октомври, во организација на „Мајкрософт-Македонија“, во хотелот Александар палас, по седми пат ќе се одржи најголемата технолошка конференција во Македонија „Визија“. Повеќе…

 


Рецензија

Microsoft Robotics Studio – роботите доаѓаат! 

Локалната канцеларија на Microsoft во Македонија во соработка со Факултетот за електротехника и информациски технологии при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ од Скопје, изработија прирачник за работа со Microsoft Robotics Studio, се со цел оваа интересна и научна дисциплина, да стане составен дел од образовниот процес во училиштата во Македонија. Ова упатство е првенствено наменето за професорите и учениците во средните училишта како и за проферорите и учениците од повисоките одделенија во основните училишта. Очекувањата се дека ќе им биде исклучително интересна на сите оние кои се занимаваат со компјутери и техника како хоби, а посебно на оние кои покрај тоа се и страствени љубители роботите и роботиката. Курсот за работа со Microsoft Robotics Studio, претставува веб-ориентиран наставен план локализиран од „Партнери во учењето“ на Microsoft во Македонија.

Една од примените на ова локализирано упатство е да се искористи како основен материјал при обуката на наставници која ќе се одржи во периодот 17-19 септември 2009 година во Македонија. Организирана е од USAID PEP и локалната Microsoft PiL програма.

Повеќе…

Bing – пребарувач кој знае повеќе!

Интернет пребарувачот Bing, полека но сигурно испливува од непознатото, кон самиот врв. Тоа е така не само заради фактот што зад него стои моќниот Microsoft туку и заради низата одлични опции и можности кои ги нуди. Го тестиравме, ги издвоивме покарактеристичните особини и во продолжение ви го пренесуваме нашето искуство.  Повеќе…


 

Оглас

Училишта, освојте ѕидна табла!

Microsoft како постојан придружник и покровител на едукативниот процес кај нас, се обидува да биде вклучен на секој можен начин и да го помогне тој блароден процес. Затоа, преку програмата „Партнери во учењето“, на најбрзите и најиновативните училишта ќе им додели по една бела ѕидна табла. Повеќе…

Редакција: Влора Адеми, Гоце Постоловски, Аделина Исеини

Напиши коментар »

RSS feed for comments on this post. TrackBack URI

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s

Blog at WordPress.com.
Entries and коментари feeds.

%d bloggers like this: