Наставници од Албанија со нови знаења и искуства

Септември 4, 2009 во 00:03 ч. | Posted in Uncategorized | Напишете коментар

Повеќе од 200 наставници од основните училишта од повеќе градови  од Албанија, кои не предаваат информатички предмети,  присуствуваа на обуката  за стекнување на основни ИТ знаења и запознавање со алатките на Microsoft, се со цел подоцна истите да ги применат во процесот на предавање.

Обуката ја спроведе локалната канцеларија на Microsoft за Албанија, во соработка со Министерството за образование на Албанија и Албанскиот институт за студии и образование од областа на информатичката технологија. Обуката се состоеше од три модули: Основна ИТ обука, Windows Movie Maker и MS Producer.

Распоредувањето на наставниците по групи се одвиваше според постигнатите резултати на тестовите за познавање  на материјалот и прашалникот кој секој од нив го пополни.

Првиот модул – Основна ИТ обука – опфати 61 наставник кои :

  • се запознаа со основните поими на хардверскиот и софтверскиот дел на компјутерскиот систем, како и со оперативниот систем Microsoft Windows
  • навлегоа во тајните на MS Word, од отворање па до креирање на нов документ со сите потребни атрибути и функции кој ќе им користи во подготвувањето и реализирање на наставните содржини
  • се стекнаа со нови вештини за креирање на презентации, благодарение на MS Power Point, програма која се изучуваше во овој модул
  • ги истражија дел од неограничените можности кои ги нуди интернет, преку пребарување со пребарувачот Bing, креирање на Live ID кориснилки сметки, а се спомнаа и основните начини на комуницирање преку MSN, блогирање и сл.

По завршувањето на модулот беа креирани точно 61 Live ID корисничка сметка, што самото по себе говори за ефикасноста и делотворноста на оваа обука.

 

Во вториот модул  – Windows Movie Maker60 наставници беа обучени како да ја користат апликацијата Windows Movie Maker и како чекор по чекор да изработат квалитетна видео презентација.

Третиот модул го опфати MS Producer, а во него 60 наставници научија како да креираат интерактивни презентации богати со мултимедијални содржини кои што можат да се прегледаат и со интернет прелистувач.

Материјалите потребни за предавањата беа преведени  и прилагодени од другите Partners in Learning програми во регионот, за што организаторот на тренингот им упати посебна благодарност.

Импресиите и оценките на наставниците кои учествуваа на тренингот беа позитивни и многу од нив преку евалуациските прашања го покажаа својот ентузијазам да научат повеќе за технологиите на Microsoft и истите да ги применат во подготовката и реализирањето на наставата во своите училишта. Единствена препрека беа релативно малите ИТ предзнаења, кои на моменти им пречеа на наставниците активно да ја следат и да учествуваат во обуката.

Напиши коментар »

RSS feed for comments on this post. TrackBack URI

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s

Create a free website or blog at WordPress.com.
Entries and коментари feeds.

%d bloggers like this: