Ви ја најавуваме Визија 7

Септември 3, 2009 во 23:03 ч. | Posted in Uncategorized | Напишете коментар

На 7 и 8 октомври, во организација на „Мајкрософт-Македонија“, во хотелот Александар палас, по седми пат ќе се одржи најголемата технолошка конференција во Македонија „Визија“.

Оваа конференција, која во последните седум години прерасна во вистински бренд препознатлив и надвор од нашите граници, повторно на едно место ќе ги собере ИТ професионалците, развивачите и луѓето од бизнисот, се со цел да им ги доближи и презентира најновите остварувања од Microsoft и да им покаже како истите ќе им помогнат во нивното развивање и работење.

 

Како и на претходните конференции, предавањата се поделени тематски во три категории и ќе се одвиваат паралелно во три конференциски сали. Самите предавања пак се поделени и според тежината и потребното техничко знаење за следење на истите, по системот: ниво 100 како најлесно и ниво 400 како најтешко. Повеќето од темите се со ниво 200 што значи дека би требало да за бидат јасни и разбирливи за поголемиот дел од публиката.

Од темите за кои што ќе се разговара на „Визија 7“ издвојуваме: Microsoft Office 2010, Windows 7, Office SharePoint 2010, Office Exchange 2010, Windows Server 2008 R2, SQL Server 2008 R2 и многу други исто толку актуелни и интересни за слушање.

Предавачите на сите теми се докажани професионалци во својата област од Македонија, регионот но и од светските канцеларии на Microsoft. Тие ќе ги презентираат позитивните искуства со работењето на продуктите, предностите кои ги нудат, а ќе ја претстават и стратегијата на компанијата во различни сегменти за периодот што следува.

Ако се суди според претходните години кога секоја година се забележуваше некоја позитивна промена и напредок во организацијата и одржувањето на конференцијата, тогаш со право можеме повторно и оваа година да очекуваме врвни технолошки и бизнис предавања, кои се вистинско освежување на овие простори. Посебно за оние кои тоа ги интересира, а добредојдени се и сите кои сакаат да слушнат нешто ново, да научат повеќе и ексклузивно да се запознаат со некои од креаторите на програмите и оперативните системи кои ги користиме секојдневно.

Напиши коментар »

RSS feed for comments on this post. TrackBack URI

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s

Blog at WordPress.com.
Entries and коментари feeds.

%d bloggers like this: